Бидете свети во сето свое однесување
1. Зошто е важно да бидеме свети во сето свое однесување?
1 Како слуги на светиот Бог, Јехова, настојуваме да бидеме свети во сето наше однесување (1. Петр. 1:15, 16). Ова значи дека се трудиме да ги поддржуваме Јеховините мерила во секој аспект од нашиот живот. Обласниот конгрес оваа година ќе ни даде посебна прилика да го покажеме нашето свето однесување.
2. Што треба да имаме на ум во врска со сместувањето?
2 Сместување: Дали ќе ти треба сместување за време на конгресот? Ако да, стремењето да бидеме пример на добри дела се однесува и на нашето однесување додека престојуваме кај нашите браќа. Сигурно ја цениме гостољубивоста на оние што им го ставаат својот дом на располагање на конгресните делегати. Никогаш не сакаме да ја злоупотребуваме љубезноста на нашите браќа со тоа што премногу ќе бараме или ќе бидеме нељубезни. Од гостите што отседнуваат кај наши браќа сигурно се очекува да бидат уредни и чисти и да внимаваат да не го оштетуваат личниот имот. Не треба да очекуваме нашите домаќини да ја задоволат секоја наша потреба ниту да ни ја набават сета храна што ни е потребна додека трае конгресот. Сигурно ќе биде на место да се почитуваат нивната приватност и барањата што ќе ги постават (Гал. 6:10).
3. Како можеме да покажеме обѕир кон другите кога јадеме во ресторан?
3 Во ресторани: Еден келнер во ресторан близу до еден конгрес коментирал: „Сведоците се поинакви. Тие покажуваат почит кон другите“. Во доброто однесување е вклучено и да не зборуваме и да не се смееме гласно зашто тоа може да им пречи на другите што јадат. Исто така, добро би било и ако оставиме бакшиш за услугата. Дури и кога јадеме и пиеме треба сѐ да правиме за Божја слава (1. Кор. 10:31).
4. Што е вклучено во доброто однесување на конгресната локација?
4 На конгресот: Нашето добро однесување треба да се гледа особено на конгресната локација. Ве молиме, соработувајте со упатствата од редарите, како на паркиралиштето така и во аудиториумот (Евр. 13:17). Семејствата треба да седат заедно, наместо да им дозволат на своите деца, вклучувајќи ги и тинејџерите, да седат во групи со други млади луѓе. Никаква опрема не треба да се приклучи на електричната или разгласната мрежа во објектите и може да се користи само на начин на кој нема да им пречи на другите. Ако имаш намера да фотографираш, не треба да користиш блиц за време на сесиите. Пејџерите и мобилните телефони треба да бидат наместени така што нема да ги вознемируваат другите. Ако во објектите забележиш несреќа, те молиме извести некој редар или Одделот за прва помош. На конгресната локација има на располагање квалификувана медицинска помош.
5. На кој начин нашето однесување на конгресите го велича Бог?
5 Нашето однесување нѐ одвојува од другите и го велича нашиот Бог (1. Петр. 2:12). На конгресот, постапките на Јеховините сведоци ќе бидат пред очите на јавноста. Затоа, биди решен да бидеш свет во сето свое однесување.
[Рамка на страница 5]
Покажувај свето однесување
◼ Следи ги упатствата за сместување
◼ Внимателно надгледувај ги децата
◼ Биди обѕирен кон другите