◼ Програмски термини: Сите три дена, програмата започнува во 9.20 часот. Вратите ќе бидат отворени во 8.00 часот. Кога ќе биде пуштена музика, сите треба да седнеме на своите места за да може програмата да почне на достоинствен начин. Во петок и сабота, програмата ќе заврши во 16.55, а во недела во 15.50 часот.
◼ Меѓународни конгреси: На некои места ќе има меѓународни конгреси. Имајте на ум дека на овие конгреси се поканети само одредени собранија и делегати од странство. За да се организира сето ова, подружницата внимателно пресметала колку објавители да покани, земајќи предвид колку места за седење има на конгресната локација, колкав простор има за паркирање и колку хотелски соби се на располагање. Според тоа, ако објавителите присуствуваат на меѓународен конгрес на кој не се поканети, би можело да има премногу луѓе на конгресното место. Ако од одредени причини мора да одиш на некој друг конгрес, а не таму каде што си доделен, не треба да одиш на меѓународен конгрес.
◼ Чување место: Кога вратите на конгресниот објект ќе бидат отворени секое утро, ве молиме немојте да се туркате за да фатите подобри места од другите. Самопожртвуваноста, која нѐ тера да мислиме прво на другите, е знак по кој се препознаваме како вистински христијани и ги поттикнува другите луѓе да го слават Бог (Јован 13:34, 35; 1. Кор. 13:4, 5; 1. Пет. 2:12). Може да чуваме место само за оние со кои патуваме во ист автомобил, за своето семејство или за своите гости, како и за оние со кои ја проучуваме Библијата. За постарите и болните се резервирани посебни места за седење. Бидејќи бројот на овие места е ограничен, само еден или двајца кои им помагаат на постарите или болните можат да седат заедно со нив.
◼ Пауза за ручек: Ве молиме, донесете си нешто за јадење за да не мора да ја напуштите конгресната локација за да си купите храна. Може да си понесете помало фрижидерче за излет што ќе го ставите под седиштето. Во конгресниот објект не се дозволени големи фрижидерчиња и стаклени садови.
◼ Прилози: Нашето ценење за конгресот можеме да го покажеме ако ставиме доброволен прилог за меѓународното дело во кутиите што се поставени на конгресот.
◼ Лекови: Ако користиш лекови што се добиваат само на лекарски рецепт, те молиме понеси си доволно од нив бидејќи не ќе можеш да ги добиеш на конгресот. Инсулинските шприцови и игли, кои спаѓаат во медицински отпад, не смеат да се фрлаат во корпите за ѓубре поставени низ конгресниот објект или таму каде што ноќевате, туку директно во контејнер.
◼ Мерки на претпазливост: Ве молиме, особено внимавајте да не се сопнете или лизнете и така да се повредите. Секоја година, на конгресите доаѓа до многу повреди поради несоодветни обувки, особено обувки со високи потпетици. Најдобро е да одберете скромни, удобни обувки со кои ќе можете безбедно да одите по скали, на места каде што има решетки и слично.
◼ За лица со оштетен слух: Конгресната програма ќе биде емитувана на ФМ радиофреквенција и ќе може да се слуша во кругот на конгресниот објект. За таа цел е потребен мал ФМ приемник на батерии и слушалки.
◼ Детски колички и столици на расклопување: Од безбедносни причини, детски колички и столици на расклопување не треба да се поставуваат меѓу редовите во конгресниот објект. Родителите треба да ги следат упатствата на редарите кои ќе им кажат каде можат да ги сместат детските колички. Може да се користат детски безбедносни седишта за во автомобил кои можат да се прицврстат на седиштата до родителите.
◼ Парфеми: Повеќето конгреси се одржуваат во затворени простории. Затоа би било љубезно од наша страна да не користиме јаки парфеми, колонски води и дезодоранси кои можат да им пречат на оние што имаат тешкотии со дишењето или други слични проблеми (1. Кор. 10:24).
◼ Формулари за да се посетат заинтересираните: За секое лице што покажало интерес кога сме му сведочеле неформално за време на конгресот треба да се пополни формулар Те молиме, посети го ова лице (S-43). Пополнетите формулари можете да ги предадете во Одделот за литература или да му ги дадете на секретарот во вашето собрание кога ќе се вратите од конгресот.
◼ Ресторани: Славете го Јеховиното име со своето добро однесување во рестораните. Бидете облечени на начин што му прилега на еден христијанин. Оставете бакшиш ако тоа е вообичаено.
◼ Хотели и студентски домови:
Ве молиме, не резервирајте повеќе соби отколку што ви се потребни, а во собата не треба да ноќеваат повеќе луѓе отколку што е дозволено.
Не откажувајте ја резервацијата, освен ако морате поради некоја итна ситуација. Во тој случај, направете го тоа што е можно порано (Мат. 5:37).
Не гответе во собите ако тоа не е дозволено.
Умерено користете ги бесплатниот појадок, кафето и другите работи што се обезбедени за гостите во хотелот или во студентскиот дом.
Секогаш кога им се обраќате на вработените во хотелот или во студентскиот дом, покажувајте ги плодовите на духот. Тие се грижат за многу гости, и затоа ги ценат нашата љубезност, стрпливост и разумност.
Родителите треба постојано да внимаваат на своите деца додека претстојуваат во хотелот или во студентскиот дом.
Ако се појави некој проблем околу хотелската соба, известете го за тоа Одделот за сместување кога ќе дојдете на конгресот.
◼ Доброволна служба: Секој што сака може да се пријави во Одделот за доброволна служба на конгресот. Можат да помогнат и деца под 16 години така што ќе работат со еден од родителите или со некое друго одговорно возрасно лице.