ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/15 стр. 7-9
  • Потсетувања за конгресот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Потсетувања за конгресот
  • Нашата служба за Царството 2015
  • Сличен материјал
  • „Живејте примерно меѓу луѓето во светот“
    Нашата служба за Царството 2014
  • Однесување што му носи фалба на Бог
    Нашата служба за Царството 2013
  • Тридневно духовно освежување
    Нашата служба за Царството 2011
  • Нашите обласни конгреси — големо сведоштво за вистината
    Нашата служба за Царството 2012
Повеќе
Нашата служба за Царството 2015
km 4/15 стр. 7-9

Потсетувања за конгресот

  • Програмски термини: Сите три дена, програмата ќе започне во 9.20 часот. Вратите ќе бидат отворени во 8.00 часот. Кога ќе биде пуштена музиката, сите треба да седнеме на своите места за да може програмата да почне на достоинствен начин. Во петок и сабота програмата ќе заврши околу 17.00, а во недела околу 16.00 часот.

  • ‚Фали го Јехова со песна‘: Божјиот народ уште во старо време го славел Јехова со песна. Музиката и ден-денес претставува важен дел од обожавањето на вистинскиот Бог (Пс. 28:7). И претпладневната и попладневната програма започнуваат со музика. Оваа музика не е наменета само за да имаме пријатна атмосфера. Преку неа учиме за Јехова и таа е дел од нашето обожавање. Затоа, кога претседавачот на програмата ќе најави дека ќе започне музиката, треба веќе да бидеме седнати на своите места и со ценење да ја слушаме музиката што ќе биде пуштена, а не да си разговараме. Така ќе покажеме ценење за трудот што го вложиле браќата и сестрите што свират во оркестарот. Двапати годишно тие одат на свој трошок во Патерсон (Њујорк), каде што се снима прекрасна музика за ние да уживаме во неа. Откако внимателно ќе ја слуша музиката, секој треба да се придружи во пеењето на теократските песни со кои го фалиме Јехова.

  • Чување место: Кога вратите на конгресниот објект ќе бидат отворени секое утро, ве молиме немојте да се туркате за да зафатите подобри места. Бидете обѕирни кон другите, па дури и спремни да им го отстапите своето место, иако можеби многу ви се допаѓа. Кога сме самопожртвувани, покажуваме дека сме вистински христијани и може да ги поттикнеме другите да го слават Бог (Јован 13:34, 35; 1. Кор. 13:5; 1. Пет. 2:12). Може да чуваме место само за оние со кои патуваме во ист автомобил, за своето семејство или за своите гости, како и за оние со кои ја проучуваме Библијата. Не оставајте ништо на седиштата што не планирате да ги резервирате. Така другите ќе знаат кои седишта се слободни. За постарите и болните се резервирани посебни места за седење. Бидејќи бројот на овие места е ограничен, само еден или двајца кои им помагаат на постарите или болните можат да седат заедно со нив.

  • Скромна облека: За време на конгресот треба да сме облечени пристојно и скромно, а не според екстремните стилови вообичаени во светот (1. Тим. 2:9). Дури и кога се пријавуваме или заминуваме од хотелот или од студентскиот дом, како и во слободното време пред и по програмата на конгресот, треба да избегнуваме премногу лежерна или непристојна облека. Така гордо ќе ја носиме конгресната значка и нема да се срамиме да зборуваме за добрата вест кога ќе ни се укаже прилика. Со нашиот изглед и нашето убаво однесување за време на конгресот ќе придонесеме искрените луѓе да бидат привлечени кон вистината, а ќе го радуваме и Јехова (Соф. 3:17).

  • Добри манири при користењето на електронски уреди: Ќе покажеме добри манири за време на програмата со тоа што ќе го исклучиме звукот на мобилните телефони и на другите електронски уреди за да не им пречиме на присутните. Ако користиш фотоапарат, видеокамера, елекронски таблет и слично, биди обѕирен и внимавај да не им пречиш на другите и да не им го попречуваш видикот. Добри манири ќе покажеме и ако не пишуваме СМС-пораки и не праќаме имејлови непотребно за време на програмата.

  • Пауза за ручек: Ве молиме, донесете си нешто за јадење за да не мора да ја напуштите конгресната локација за да си купите храна. Може да си понесете помало фрижидерче за излет што ќе го ставите под седиштето. Во конгресниот објект не се дозволени големи фрижидерчиња и стаклени садови.

  • Прилози: Нашето ценење за конгресот можеме да го покажеме ако ставиме доброволен прилог за меѓународното дело во кутиите што се поставиени низ конгресниот објект.

  • Лекови: Ако користиш лекови што се добиваат само на лекарски рецепт, те молиме понеси си доволно од нив бидејќи не ќе можеш да ги добиеш на конгресот. Инсулинските шприцови и игли, кои спаѓаат во медицински отпад, не смеат да се фрлаат во корпите за ѓубре поставени низ конгресниот објект или таму каде што ноќевате, туку директно во контејнер.

  • Мерки на претпазливост: Ве молиме, особено внимавајте да не се сопнете или лизнете и така да се повредите. Секоја година, на конгресите доаѓа до многу повреди поради несоодветни обувки, особено обувки со високи потпетици. Најдобро е да одберете скромни, удобни обувки со кои ќе можете безбедно да одите по скали, на места каде што има решетки и слично.

  • За лица со оштетен слух: Конгресната програма ќе биде емитувана на ФМ радиофреквенција и ќе може да се слуша во кругот на конгресниот објект. За таа цел е потребен мал ФМ приемник на батерии и слушалки.

  • Детски колички и столици на расклопување: Ве молиме следете ги упатствата од Конгресниот одбор во врска со детски колички и столици на расклопување. Може да се користат детски безбедносни седишта за во автомобил кои можат да се прицврстат на седиштата до родителите.

  • Парфеми: Повеќето конгреси се одржуваат во затворени простории. Затоа би било љубезно од наша страна да не користиме јаки парфеми, колонски води и дезодоранси кои можат да им пречат на оние што имаат тешкотии со дишењето или други слични проблеми (1. Кор. 10:24).

  • Формулари за да се посетат заинтересираните: За секое лице што покажало интерес кога сме му сведочеле неформално за време на конгресот треба да се пополни формулар Те молиме, посети го ова лице (S-43). Пополнетите формулари можете да ги предадете во Одделот за литература или да му ги дадете на секретарот во вашето собрание кога ќе се вратите од конгресот.

  • Ресторани: Славете го Јеховиното име со своето добро однесување во рестораните. Бидете облечени на начин што му прилега на еден христијанин. Оставете бакшиш ако тоа е вообичаено.

  • Хотели и студентски домови:

    1. Ве молиме, не резервирајте повеќе соби отколку што ви се потребни, а во собата не треба да ноќеваат повеќе луѓе отколку што е дозволено.

    2. Не откажувајте ја резервацијата, освен ако морате поради некоја итна ситуација. Во тој случај, направете го тоа што е можно порано (Мат. 5:37).

    3. Не гответе во собите ако тоа не е дозволено.

    4. Умерено користете ги бесплатниот појадок, кафето и другите работи што се обезбедени за гостите во хотелот или во студентскиот дом.

    5. Секогаш кога им се обраќате на вработените во хотелот или во студентскиот дом, покажувајте ги плодовите на духот. Вработените се грижат за многу гости, и затоа ги ценат нашата љубезност, стрпливост и разумност.

    6. Родителите треба да внимаваат на своите деца додека се во хотелот или во студентскиот дом.

    7. Ако се појави некој проблем околу хотелската соба, известете го за тоа Одделот за сместување кога ќе дојдете на конгресот.

  • Доброволна служба: Секој што сака може да се пријави во Одделот за доброволна служба на конгресот. Можат да помогнат и деца под 16 години така што ќе работат со еден од родителите или со некое друго одговорно возрасно лице.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели