ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/13 стр. 3-6
  • Однесување што му носи фалба на Бог

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Однесување што му носи фалба на Бог
  • Нашата служба за Царството 2013
  • Сличен материјал
  • „Живејте примерно меѓу луѓето во светот“
    Нашата служба за Царството 2014
  • Потсетувања за конгресот
    Нашата служба за Царството 2015
  • Нашите обласни конгреси — големо сведоштво за вистината
    Нашата служба за Царството 2012
  • Тридневно духовно освежување
    Нашата служба за Царството 2011
Повеќе
Нашата служба за Царството 2013
km 4/13 стр. 3-6

Однесување што му носи фалба на Бог

1. Зошто Јеховините сведоци паѓаат во очи кога се одржуваат обласните конгреси?

1 Кога се одржуваат нашите конгреси, лесно им паѓаме в очи на луѓето. На многу конгресни места, преку соопштение за медиумите јавноста се информира за настанот. Обично, низ градот и во рестораните може да се видат браќа и сестри, а луѓето што живеат во околината забележуваат дека мнозина носат значки. Следат некои потсетувања што ќе ни помогнат да му донесеме фалба на Бог со нашето добро однесување додека сме во конгресниот град (1. Пет. 2:12).

2. Како можеме да му донесеме фалба на Бог со тоа што ќе се облекуваме скромно додека сме во конгресниот град?

2 Скромна облека: Луѓето обично се одушевени кога гледаат дека сме скромно облечени за време на програмата. Но, нашиот стил на облекување и во останатиот дел од денот — кога сме во студентскиот дом, кога јадеме во ресторан, кога пазаруваме итн. — може да остави голем впечаток врз оние што нѐ набљудуваат. Иако во овие прилики не мора да носиме облека како за на конгрес, треба да бидеме облечени скромно, достоинствено и не претерано лежерно. Луѓето треба да видат разлика меѓу нас и оние што не веруваат во Бог (Рим. 12:2). Освен тоа, треба да ја носиме конгресната значка, зашто така луѓето можат да дознаат за конгресот, имаме можност да посведочиме, а и браќата можат да нѐ препознаат.

3. Како можеме да покажеме стрпливост и учтивост?

3 Стрпливост и учтивост: Во ова време кога мнозина се себични и неблагодарни, нашата стрпливост и учтивост им оставаат силен впечаток на луѓето што нѐ набљудуваат (2. Тим. 3:1-5). Кога чуваме место за седење или додека чекаме ред да си ги земеме новите публикации што излегуваат на конгресот, да не мислиме пред сѐ на себе, туку на другите (1. Кор. 10:23, 24). Откако првпат присуствувал на конгрес, еден заинтересиран човек рекол: „Не се сеќавам на ниеден говор тој ден, но однесувањето на Сведоците е нешто што никогаш нема да го заборавам“.

4. Зошто е добро да размислиме дали би можеле да се пријавиме да помагаме на конгресот, доколку околностите ни дозволуваат?

4 Спремни доброволци: Самопожртвуваноста е карактеристична за вистинските христијани (Пс. 110:3). Би можел ли да се пријавиш да помагаш на конгресот? На еден конгрес, околу 600 браќа и сестри се пријавиле да чистат пред конгресот. Персоналот од конгресниот објект рекол: „Вакво нешто не сме виделе досега! Тешко е човек да поверува дека сите овие луѓе се доброволци“. Со душа го чекаме обласниот конгрес во 2013 год. и се радуваме на можноста не само да слушаме и да учиме од Бог туку и да му донесеме фалба.

[Рамка на страници 3-6]

Потсетувања за обласниот конгрес во 2013

◼ Програмски термини: Сите три дена, програмата започнува во 9.20 часот. Вратите ќе бидат отворени во 8.00 часот. Кога ќе биде пуштена музика, сите треба да седнеме на своите места за да може програмата да почне на достоинствен начин. Во петок и сабота, програмата ќе заврши во 16.50, а во недела во 15.35 часот.

◼ Чување место: Може да чуваме место само за оние со кои патуваме во ист автомобил, за своето семејство или за своите гости, како и за оние со кои ја проучуваме Библијата. Местата за седење за постарите и болните се ограничени, па затоа можеби не ќе биде возможно сите од нивното семејство да седат со нив. Ве молиме оставете ги овие места за постарите и болните и за оние што им помагаат (1. Кор. 13:5).

◼ Пауза за ручек: Ве молиме, донесете си нешто за јадење за да не мора да ја напуштите конгресната локација за да си купите храна. Може да си понесете помало фрижидерче за излет што ќе го ставите под седиштето. Во конгресниот објект не се дозволени големи фрижидерчиња и стаклени садови.

◼ Прилози: Нашето ценење за конгресот можеме да го покажеме ако пуштиме доброволен прилог за меѓународното дело во кутиите што се поставени на конгресот.

◼ Лекови: Ако користиш лекови што се добиваат само на лекарски рецепт, те молиме понеси си доволно од нив бидејќи не ќе можеш да ги добиеш на конгресот. Инсулинските шприцови и игли, кои спаѓаат во медицински отпад, не смеат да се фрлаат во корпите за ѓубре поставени низ конгресниот објект или таму каде што ноќевате, туку директно во контејнер.

◼ Обувки: Секоја година, на конгресите се случуваат многу повреди поради несоодветни обувки, особено обувки со високи потпетици. Најдобро е да одберете скромни, удобни обувки со кои ќе можете безбедно да одите по скали, на места каде што има решетки и слично.

◼ За лица со оштетен слух: Конгресната програма ќе биде емитувана на ФМ радиофреквенција и ќе може да се слуша во рамките на конгресниот објект. За таа цел е потребен мал ФМ приемник на батерии и слушалки.

◼ Детски колички и столици на расклопување: Според законот, од безбедносни причини, детски колички и столици на расклопување не треба да се носат на конгресната локација. Меѓутоа, може да се користат детски безбедносни седишта за во автомобил кои можат да се прицврстат на седиштата до родителите. Ве молиме следете ги упатствата од конгресниот одбор.

◼ Парфеми: Повеќето конгреси се одржуваат во затворени простории. Затоа, би било љубезно од наша страна да не користиме јаки парфеми, колонски води и дезодоранси кои можат да им пречат на оние што имаат тешкотии со дишењето или други слични проблеми (1. Кор. 10:24).

◼ Формулари за да се посетат заинтересираните: За секое лице што покажало интерес кога сме му сведочеле неформално за време на конгресот треба да се пополни формулар Те молиме, посети го ова лице (S-43). Пополнетите формулари можете да ги предадете во Одделот за литература или да му ги дадете на секретарот во вашето собрание кога ќе се вратите од конгресот.

◼ Ресторани: Славете го Јеховиното име со своето добро однесување во рестораните. Бидете облечени на начин што му прилега на еден христијанин. Оставете бакшиш ако тоа е вообичаено.

◼ Сместување во хотели и студентски домови:

1) Те молиме, не резервирај повеќе соби отколку што ти се потребни, а во собата не треба да ноќеваат повеќе луѓе отколку што е дозволено.

2) Не откажувај ја резервацијата, освен ако мораш поради некоја итна ситуација. Во тој случај, те молиме, направи го тоа што е можно порано (Мат. 5:37).

3) Немој да готвиш во собите ако тоа не е дозволено.

4) Умерено користи ги бесплатниот појадок, кафето и другите работи што се обезбедени за гостите во хотелот или студентскиот дом.

5) Секогаш кога му се обраќаш на хотелскиот персонал, покажувај ги плодовите на духот. Тие се грижат за многу гости, и затоа ги ценат нашата љубезност, стрпливост и разумност.

6) Родителите треба да внимаваат на своите деца додека се во хотелот или во студентскиот дом.

7) Ако се појави некој проблем околу хотелската соба, извести го за тоа Одделот за сместување кога ќе дојдеш на конгресот.

◼ Доброволна служба: Секој што сака може да се пријави во Одделот за доброволна служба на конгресот. И деца под 16 години можат да помогнат така што ќе работат со еден од родителите или со некое друго одговорно возрасно лице.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели