Зошто Бог бил толку стрплив?
ПОГЛЕДНИ го потиштеното лице на огладнетото дете. Погледни го неговото слабо тело и надуен стомак. Помисли на неговата очајна потреба од храна и забележи ја празната чинија што ја носи. Можеби мајка му посматра преку пропаднатите очи, нејзиното лице — мрачна слика на безнадежност. Тогаш обиди се да ја потиснеш жалоста — да, и потруди се да не заплачеш.
Оваа сцена се повторува милиони пати на 6 милиони квадратни километри во областа погодена од глад позната како Сахел. Се протега на 4 800 километри низ Африка, јужно од пустината Сахара, од Сенегал на атлантскиот брег до Етиопија на Црвеното Море. Се разбира дека гладот им се заканува на редица други земји. Светската здравствена организација известува дека околу 1,1 милијарда луѓе на Земјата се сериозно заболени или недоволно исхранети.
Се разбира, гладот е само една страна на човечкото страдање. Човекот ја загадува Земјата, а тоа влијае на сите нас. Политичките системи ја одобруваат неправдата и војувањето кои носат неволји и смрт за многу луѓе. Зошто Бог дозволува такви работи? Дали тој се грижи за нас?
Бог навистина се грижи!
Нашиот Творец навистина се грижи за нас. Постојат многу докази за тоа, за неговата способност да ги постави работите така да функционираат за наше добро, и во хармонија со целото негово творештво. На пример, погледни ја придружната слика со пчела на цутот од едно овошно дрво. Пчелата е зависна од цутот заради нектарот кој ѝ е потребен за исхрана. Од друга страна, дрвото е зависно од поленот којшто телото на пчелата го носи од слично такво дрво. На тој начин, цутот се опрашува за да се создаде овошје. Не се опрашуваат сите овошни дрвја на овој начин, но секако Бог уредил необична соработка во овој случај. А неговата доброта се гледа во овошјето кое можеме да го јадеме со задоволство и кое ни е од корист.
Самата пчела е дел од добро организиран рој од повеќе од 30 000 пчели. Некои го чуваат ројот, додека други го чистат или го проветруваат. Други пак, го складираат нектарот и поленот, ги хранат ларвите или бараат нови извори на нектар. Самиот Бог така ги уредил работите за да имаме корист кога таквите вредни пчели произведуваат сладок и хранлив мед во кој ужива сетилото за вкус.
Чудото на соработка помеѓу пчелите и растенијата и помеѓу самите инсекти е само еден од многуте докази дека Творецот е совршено способен да направи живите суштества да соработуваат помеѓу себе. Во врска со тоа, ”Бог не е Бог на безредие, туку на мирот“ (1. Коринтјаните 14:33). Тогаш, зошто дозволил човештвото да постои во таква дисхармонија од која произлегува беда за многу луѓе? Ако Бог се грижи за нас, зошто толку долго чекал да ја поправи оваа ситуација? Навистина, зошто Бог бил толку стрплив?
Божјата Реч, Библијата, дава одговор на ваквите прашања. Таа извонредна книга ни кажува дека Јехова Бог е стрплив со добра причина. Која е таа причина? И уште колку долго ќе трае Божјата стрпливост?
[Извор на слика на страница 2]
Фотографија на насловната страница: Frilet/Sipa