Дали твојата иднина е одредена од судбина?
КОГА би избегнал несреќен случај, дали би помислил дека судбината ти е наклонета? Или би бил благодарен што едноставно си се нашол на вистинското место во вистинското време?
Мудриот човек Соломон рекол: ”Се свртев да видам под сонцето дека брзите не ја добиваат трката, ниту силните битката, ниту мудрите ја имаат храната, ни разумните го имаат богатството, дури ниту оние кои имаат знаење ја имаат милоста; бидејќи времето и непредвидениот настан ги погодуваат сите“ (Проповедник 9:11, The New World Translation of the Holy Scriptures). Колку често само се случува непредвиденото: Атлетичарот-фаворит се повредува, а послабиот победува. Ненадејната незгода му донесува финансиска пропаст на чесниот деловен човек, овозможувајќи неговиот нечесен конкурент да се збогати. Но, дали Соломон ѝ ги припишал тие отстапувања на судбината? Никако не. Тоа се само резултати на ”времето и непредвидените настани“.
Исус Христос дал слична забелешка. Мислејќи на еден настан кој очигледно бил општо познат меѓу слушателите, Исус прашал: ”Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа најгрешни од сите жители на Ерусалим?“ (Лука 13:4). За тие несреќни случаи Исус не ја обвинил мистериозната судбина или Божјата волја, ниту пак верувал дека жртвите биле донекаде повиновни отколку другите. Трагичната несреќа била само уште еден пример за влијанието на времето и непредвидените настани.
Библијата никаде не ја поткрепува идејата дека Бог ни го предодредил времето на смртта. Вистина е дека Проповедник 3:1, 2 кажува: ”Сѐ има свое време, и секоја работа под небото има свое време; време кога ќе се родиш, и време кога ќе умреш; време кога садиш, и време кога го корнеш насаденото.“ Сепак, Соломон едноставно зборувал за постојаниот циклус на животот и смртта кој го погодува несовршеното човештво. Ние се раѓаме, и кога се достигнува нормалниот животен век — обично после приближно 70 или 80 години — умираме. Сепак, точниот момент на смртта не е предодреден од Бог како што не е ни моментот кога земјоделецот одлучува да ’сади‘ или ’да го корне насаденото‘.
Всушност, Соломон подоцна покажува дека човек може предвреме да умре: ”Не биди прелош, и не биди луд; зошто да умреш пред време?“ (Проповједник 7:17, Стварност). Каква смисла би имал овој совет кога времето на смртта би било непроменливо предодреден? Затоа Библијата го отфрла поимот судбина. Отпадничките Израелци кои ја присвоиле таа паганска идеја биле остро осудени од Бог. Во Исаија 65:11 стои: ”Вие сте тие кои го оставаат Јехова, кои ја забораваат мојата света гора, кои поставуваат трпеза за богот на Среќата и кои полнат мешано вино за богот на Судбината“ (NW).
Затоа, колку е лудо, несреќните случаи и незгодите да ѝ се припишуваат на судбината, или што е уште полошо, на самиот Бог! ”Бог е љубов“, стои во Библијата, и обвинувањето дека тој е изворот на човечката беда би било во непосредна противречност со таа темелна вистина (1. Јованово 4:8).
Божјите намери за иднината
Но што е со нашите изгледи за спасение? Дали фактот дека никаква неизбежна судбина не ни го контролира животот, значи дека мораме бесцелно да живееме? Секако не, затоа што Бог ја одредил иднината на човештвото во општа смисла. Библијата зборува за создавање на ”нова земја“ во која ”ќе се настани правда“ (2. Петрово 3:13).
За да го постигне тоа, Бог директно ќе се вмеша во човечките работи. Можеби, без да знаеш, си се молел тоа да се случи, кога си ја изговарал молитвата во која се вели: ”Да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата“ (Матеј 6:10). Тоа Царство е вистинска влада воспоставена на небото. Со тоа што молиш да дојде, ти молиш Царството да ја преземе од сегашните власти управата над Земјата (Даниел 2:44).
Да се обезбеди сопствената иднина
Како тие драматични настани ќе влијаат на твојата иднина зависи не од судбината или од времето и непредвидените настани, туку од патот што ќе избериш да го следиш. Присети се на трагедијата на Силоамската кула. Исус го употребил тој жалосен настан за да даде темелна поука. Жртвите од урнатата кула не можеле да го избегнат тоа што ги снашло, за разлика од Исусовите слушатели кои можеле да го избегнат уништувањето кое произлегло од божествено негодување. Исус ги предупредил: ”Ако не се покаете, сите така ќе изгинете“ (Лука 13:4, 5). Од ова е јасно дека можеле самите да си ја изберат својата иднина.
Истата можност постои и денес за нас — да го постигнеме сопственото спасение (Филипјаните 2:12). Бог сака ”сите луѓе (...) да дојдат до точно спознание на вистината“ (1. Тимотеј 2:4, NW). Иако на секого од нас до одредена мера влијае наследството и минатото, Бог ни дал слободна волја — способност да одредиме како сакаме да го употребиме својот живот (Матеј 7:13, 14). Можеме да го правиме тоа што е исправно и тоа што е неисправно. Можеме да стекнеме поволна положба кај Јехова Бог и да постигнеме вечен живот, или да се свртиме против него и да умреме.
Многу луѓе избираат да живеат независно од Бог. Животот го посветуваат на тежнеењето по материјални работи, задоволства или слава. Но Исус предупредил: ”Гледајте и пазете се од лакомство, оти животот на човека не зависи од изобилието на неговиот имот“ (Лука 12:15). Од што тогаш зависи нашиот живот? Во 1. Јованово 2:15-17, Библијата објаснува: ”Не сакајте го светот и сѐ што е во него. (...) Сѐ што е во светот — похотта на телото, желбата на очите и гордоста на животот, не е од Отецот, туку од овој свет. А светот поминува и похотите негови, а оној, што ја извршува волјата Божја, останува довека.“
Да се избере живот
Како можеш да бидеш сигурен дека навистина ја вршиш Божјата волја? Исус изјавил: ”Животот вечен е тоа, да Те познаат Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исуса Христа“ (Јован 17:3). Точното спознание од Библијата го дава темелот за верата. ”Без вера не е можно да Му се угоди на Бога; бидејќи оние, кои доаѓаат при Бога, треба да веруваат оти Он постои и дека ги наградува оние, што Го бараат“ (Евреите 11:6). Спознанието кое ти е потребно да го стекнеш, ти стои спремно на располагање. Јеховините сведоци им помогнале на милиони да го добијат преку редовно проучување на Библијата.a
За да го радуваш Бог ќе мораш да направиш некои промени. Можеби постојат некои лоши навики кои мора да се отфрлат или дури неморални постапки кои мора да се прекинат. Но немој да се предаваш мислејќи дека е невозможно да се промениш. Идејата дека работите не можат да се променат е уште една идеја која произлегла од лажната наука на фатализмот. Со Јеховина помош, можно е секој да ’го обнови својот ум‘ и да се здобие со ”новата личност“ (Римљанима 12:2, Даничиќ-Караџиќ; Ефесјаните 4:22-24, NW). Твоите напори да му угодиш на Бог нема да останат незабележани. Тој е спремен да ги благослови оние кои ја вршат неговата волја.
Како што е познато, проучувањето на Библијата нема да ги реши сите твои проблеми. Вистинските Божји слуги се подложни на несреќи и штетни околности како и другите. Меѓутоа, Бог може да ни ја даде мудроста да излеземе на крај со неволјите (Јаков 1:5). Постои и радоста кога се знае дека некој има добар однос со Бог. ”Среќен е оној кој има доверба во Господ“, пишува во Пословице 16:20, (Бакотиќ).
Во обновениот Рај под Божјето Царство, повеќе нема да ни се закануваат времето и непредвидените настани. Всушност, Бог ќе ги отстрани сите работи кои сега ја расипуваат човечката среќа. ”Ќе ја избрише Бог секоја солза од очите [наши], и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе“, ветува Библијата (Откровение 21:4). Безбројни жртви од несреќи ќе доживеат воскресение (Јован 5:28, 29).
Дали и ти ќе ја наследиш таа славна иднина? Кога Израелците се спремале да влезат во Ветената Земја, Мојсеј им рекол: ”Ставив пред вас живот и смрт, благослов и проклетство; затоа избери живот, да бидеш жив ти и семето твое, Љубејќи го Господ [Јехова, NW] Богот свој, слушајќи го гласот негов и држејќи се за него; зашто тој е животот твој и должината на деновите твои“ (5. Мојсијева 30:19, 20, ДК).
Не, ние не сме беспомошни марионети во рацете на немилосрдната судбина. Твојата идна среќа, всушност твојата вечна среќа, е во твои раце. Те поттикнуваме да избереш живот.
[Фуснота]
a Такво проучување може да се договори ако им пишете на издавачите на ова списание.
[Истакната мисла на страница 5]
Отпадничките Израелци кои ја присвоиле паганската идеја за судбина биле остро осудени од Бог