‚Чуми од едно место во друго‘
ЕДНА претскажана карактеристика на ‚знакот за доаѓањето [на Исус Христос] и на свршетокот на светот‘ биле чуми од неспоредливи размери (Матеј 24:3). Евангелистот Лука ја додава оваа поединост која не е спомената во извештаите на Матеј и Марко. (Матеј, поглавја 24 и 25; Марко, погл. 13). Во последните денови „од едно место во друго“ ќе се случуваат избивања на епидемии и опустушувачки болести (Лука 1:3; 21:11, NW). Од каде би можеле да дојдат таквите болести?
„Научниците знаат за многу вируси кои демнат во тропските предели кои — кога би допуштила природата — би можеле да предизвикаат далеку поголема загуба на животи отколку што веројатно ќе предизвика исходот од епидемијата на СИДА“, изјавува весникот Science News. „Дури и светскиот список на вируси да остане непроменет, велат истражувачите, тропските предели веќе содржат доволно вирусна ‚огнена сила‘ да избришат огромни делови од населението на Земјата.“
Она што ја прави нашата ера поранлива е растечкото население на Земјата и поголемите потреби на пренаселениот свет. „Историјата покажува дека честопати кога луѓето се преселувале во неоткриени подрачја доаѓало до вирусни избивања опасни по живот, или кога се влошувале урбаните услови за живот при што станувале приемливи за нови вирусни војски“, пишува Science News. Кога луѓето се пробиваат во области заразени со вируси кои порано не биле пристапни, често следат нови вирусни епидемии. Истото се случува кога се шират инсектите ако се променат глобалните климатски структури. „Освен тоа“, се вели во списанието, „современите светски технологии како што се трансфузијата и трансплантацијата им дале на вирусите нов начин на пренесување помеѓу човечките домаќини. А исто така и разновидните општествени промени и промените во однесувањето почнувајќи од патувања околу светот кај богатите и славните па до заедничкото користење на инјекции меѓу наркоманите.“
„Поновата историја нуди живописни примери на вирусни битки во изолираните предели кои можат да предочат многу пошироки избивања во иднина“, додава статијата. Примери за тоа се: порано непознатиот вирус марбург, смртоносен тропски вирус кој им нанесе штета на многу научници во Западна Германија во доцните 1960-ти години; вирусот кој ја предизвика треската Рифт Вели која зарази милиони и уби илјадници во Египет во 1977; тропскиот вирус Ебола кој зарази повеќе од илјада луѓе во Заир и Судан во 1976 и уби околу 500, од кои повеќето лекари и медицински сестри кои ги лекуваа жртвите.
Опустушувачките вирусни напади ретко се предвидуваат однапред. „На пример, во 1918, еден посебен вид вирус на човечки грип добиен по пат на мутација, се рашири по светот, убивајќи околу 20 милиони луѓе“, пишува Science News. „Во најново време, појавувањето на вирус кај луѓето кој некогаш веројатно постоел само кај африканските мајмуни, повторно го затекна светот неподготвен. Според проценките на Светската Здравствена организација вирусот на СИДА-та сега има заразено 5 до 10 милиони луѓе во 149 земји. Но и покрај сето внимание кое го привлекла оваа најнова чума, многу вирологисти се плашат дека нѐ очекуваат многу позастрашувачки работи.“
И колку чумите да нанесуваат неволји, тие се дел од комбинирананиот знак на Исусовата присутност во Царска слава, заедно со такви карактеристики како војни, глад и големи земјотреси (Марко 13:8; Лука 21:10, 11). Карактеристиките се исто така и причина за радување, зашто Лука ги додава зборовите на Исус: „А кога ќе почне тоа да станува, исправете се и подигнете ги главите свои, зашто се приближува вашето спасение“ (Лука 21:28).