ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 15/1 стр. 24-30
  • Собир на љубителите на слободата од Бог

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Собир на љубителите на слободата од Бог
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Петок попладне
  • Сабота претпладне
  • Сабота попладне
  • Недела претпладне
  • Недела попладне
  • Добредојдовте на Обласните конгреси ”Љубители на слободата!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Не промашувај ја целта на слободата дадена од Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Служи му на Јехова, Богот на слободата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Слободен, но одговорен народ
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 15/1 стр. 24-30

Собир на љубителите на слободата од Бог

ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ се единствени на толку многу начини. Само тие го зборуваат ‚чистиот јазик‘ (Зефанија 3:9, NW). Само тие се обединети и го имаат препознатливиот знак на љубовта што ја опишал Исус Христос (Јован 13:35). И само тие ѝ се радуваат на слободата за која Исус Христос рекол дека вистината ќе им ја донесе, како што е запишано во Јован 8:32: „Ќе ја познаете вистината, и вистината ќе ве ослободи.“

Тие зборови што Исус Христос, Божјиот Син, им ги упатил на своите ученици, се покажаа вистинити. А тие се сега повеќе од кога и да е ценети од сите Сведоци на Јехова кои присуствуваа на Обласните конгреси „Љубители на слободата“. Конгресната програма им расветли различни аспекти од нивната слобода, како треба да ја употребуваат, одговорноста која е поврзана со слободата и колку се благословени што се слободен народ.

Овие правовремени и практични конгреси започнаа во северната хемисфера на 7 јуни 1991 во Лос Анџелес, Калифорнија, САД. Програмата започна во 10:20 претпладне со музички увод, после кој следуваше песна и молитва. Уводниот говорот беше делотворно излагање на темел на Јаков 1:25. Според The Jerusalem Bible, тој стих гласи: „Човекот кој цврсто гледа на совршениот закон на слободата и тоа му станува навика — не да слуша, а потоа да заборави, туку активно да го спроведува тоа во дело — ќе биде среќен во сѐ што прави.“ Исто како што се гледаме во огледало за да видиме каде треба да се поправиме во изгледот, така мораме истрајно да гледаме во Божјиот совршен закон кој ѝ припаѓа на слободата за да научиме каде треба да направиме промени во нашата личност. И треба да истраеме да гледаме во тоа огледало.

Потоа следеше поздравен говор од претседавачот, „Добредојдовте, сите вие љубители на слободата“. Јеховините сведоци ја сакаат слободата и тие сакаат да останат слободни. Говорникот цитираше законски авторитети кои покажаа дека не може да има слобода без закон. Да, христијаните не се слободни да прават што сакаат, но слободни се да ја вршат Јеховината волја. Тие сакаат потполно да ја искористат својата слобода, а не да ја злоупотребуваат. Особено од 1919, Јеховините сведоци се радуваат на зголемената слобода. Предавачот укажа на слободата во конгресните теми и во христијанските публикации. Сите посетители на конгресот ќе научат повеќе за слободата дадена од Бог и како да ја употребуваат.

Овие прикладни забелешки беа проследени со интервјуа на љубители на слободата кои се радуваа што се тука на конгресот. Таквите конгреси се време за радување, како што биле обележани со голема радост трите израелски годишни празника. Повеќе интервјуа покажаа дека конгресите се духовно изградувачки прилики за радување.

Потоа следеше клучното предавање, „Целта и користењето на слободата што ни ја дал Бог“. Од ова предавање присутните на конгресот научија дека само Јехова има апсолутна слобода бидејќи тој е Врховен Авторитет и е семоќен. Меѓутоа, заради своето име и во корист на своите суштества, тој понекогаш ја ограничува својата слобода со тоа што е бавен на гнев и покажува самосовладување. Сите негови интелигентни суштества имаат релативна слобода, затоа што му се подложни на Јехова и се ограничени со неговите физички и морални закони. Јехова им дал слобода за да се радуваат, но посебно за да му донесат чест и радост ако го обожаваат. Бидејќи добро ја употребиле својата слобода, Јеховините сведоци се здобиле со углед ширум светот за доброто однесување и ревноста во својата служба.

Петок попладне

„Вработени — во мртви дела или во Јеховината служба?“ беше насловот на предавањето кое наведе на размислување, а со кое беше отворена програмата во петокот попладне. Мртвите дела ги вклучуваат не само оние на телото, туку и другите дела кои се духовно мртви, празни и бесплодни — како што се плановите за спечалување пари. Во тој поглед, искреното самоиспитување е суштинско за да утврдиме дали на прво место во животот ги ставаме интересите на Царството.

Наредниот говор имаше скоро иста тема, „Исполнување на нашиот налог како Божји слуги“. Предавачот покажа дека христијаните не треба да се задоволат само со симболична служба или само со постигнување на квотата на часови. Тие треба да имаат желба да бидат делотворни во сите области на христијанската служба. Тие мисли беа уверливо објаснети со помош на приказ и интервјуа. Сите беа поттикнати да ја вршат својата служба до најпотполна можна мера.

Во предавањето „Слободен, но одговорен народ“ предавачот нагласи дека Јеховиниот народ иако ја цени слободата што им ја донела вистината, тие треба да запомнат дека таа е поврзана со одговорност. Треба да ја користат својата слобода не како изговор за лошо однесување, туку за да го фалат Јехова. Како христијани, тие се одговорни пред „вишите власти“ и треба да соработуваат со собраниските старешини (Римљанима 13:1, Ст). Уште повеќе, и тие исто така се одговорни за својата облека, дотерувањето и однесувањето. Никогаш не треба да заборават дека „секој од нас пред Бога ќе положи сметка за себе“ (Римјаните 14:12; 1. Петрова 2:16, Ст).

Потоа на ред беше разгледувањето на потребата за сите христијани да бидат „Бестрашни како што се приближува крајот на овој свет“. Додека човештвото се плаши од она што иднината може да го донесе, христијаните треба да бидат бестрашни за да ја извршат својата служба. Бестрашноста доаѓа од довербата во Јехова, затоа што колку повеќе христијанинот се плаши да не предизвика незадоволство кај Бог, толку помалку ќе се плаши од луѓето. Учењето напамет на утешни библиски стихови можат да нѐ зајакнат да бидеме бестрашни. За да бидат духовно јаки и бестрашни, Божјите слуги исто така мораат добро да ги користат сите прилики за дружење со другите верници. И секој мора да ја запомни улогата што ја има молитвата во поглед на бестрашноста. Ако останат бестрашни, христијаните ќе задржат добар однос со Јехова Бог.

Програмата на првиот ден заврши со многу поучната драма „Ослободени за унапредување на вистинското обожавање“. Таа покажа како едно современо семејство извлекло поука од Ездра и неговата дружина од 7 000 луѓе, кои направиле жртви за да се вратат во Ерусалим. Драмата му овозможи на секој конгресен посетител да ги испита своите приоритети и да види како би можел да ги зголеми своите предности на службата. Драмата имаше по нешто како за старите така и за младите.

Сабота претпладне

После музичкиот увод, песната, молитвата и разгледувањето на дневниот библиски стих, програмата во саботата наутро како главна црта го имаше циклусот под наслов „Слобода со одговорност во семејниот круг“. Во првиот дел, „Како татковците можат да го имитираат Јехова“, беа дадени совети како татковците можат, на разновидни начини, да го имитираат нашиот небесен Татко. Првото послание до Тимотеј 5:8 бара да се грижат не само материјално, туку и духовно. Тие го имитираат Јехова ако се добри учители во своето семејство и ако даваат укор од љубов кога е потребно. Тие точки беа илустрирани со повеќе интервјуа.

„Поддржувачката улога на жената“ беше следниот дел на овој циклус предавања. Тој започна со истакнувањето дека жената зазема достоинствена положба во христијанското семејство, која се состои во тоа што дава поддршка. Што бара тоа од неа? Тоа бара исправно да биде подложна, никогаш да не го принудива сопругот да направи нешто што само таа сака. Таа мора добро да се грижи за своите обврски спрема сопругот и децата, и може да најде вистинско задоволство ако ја одржува куќата чиста и уредна. А како христијански слуга, може да има многу прилики да се вклучи во службата на проповедање. Едно интервју со едно семејство ја подвлече мудроста на таквиот библиски совет.

На младите им беше обратено внимание во делот „Деца кои слушаат и учат“. Ако родителите ги учат своите деца да слушаат и да учат, ќе му донесат чест на Јехова и ќе покажат љубов кон своите духовни браќа и сестри и за сопственото потомство. Ќе постои цврста врска помеѓу родителите и децата ако тие квалитетно го минуваат времето заедно. Родителите мораат да бидат опремени да одговорат на прашањата на своите деца и да ја поттикнат нивната жед за спознание. Повторно беа прикажани интервјуа како може тоа да се направи.

Потоа следеше добриот совет „Биди секогаш слободен за да му служиш на Јехова“. Како се постигнува тоа? Ако се чуваме слободни од тежнеењето по светска кариера, некој хоби кој одзема многу време, и од материјалистички цели. Исус и апостол Павле ни поставиле добри примери со тоа што биле самопожртвувани. Јеховиниот народ мора постојано да има едноставно око, сконцентрирано на интересите на Царството. Кога станува збор за стекнување на материјални работи, помудро е сега да се штеди а подоцна да се купи, отколку да се купи сега и подоцна да се плати. Младите мораат да се чуваат од фантазирање за сексуални задоволства и светски кариери. Интервјуто со еден неоженет пионер ги прикажа благословите кои доаѓаат кога некој е слободен да му служи на Јехова.

Програмата во саботата претпладне заврши со предавањето „Влегување во слободата преку предание и крштение“. Кандидатите за крштение беа потсетени дека иако творештвото било втурнато во ропство со Адамовата побуна, моќниот Ослободител, Исус Христос, го отворил патот кон слободата преку својата жртва. Предавачот покажа што е вклучено во ослободувањето за вршење на Божјата волја и ги нагласи обврските и благословите кои ќе им припаѓаат на оние кои се крштаваат.

Сабота попладне

Програмата во саботата попладне започна со прашањето кое продира до длабочината на душата „Чија корист бараш?“ Светот го одразува Ѓаволовиот дух на барањето на сопствените интереси. Меѓутоа, христијаните треба да го имитираат самопожртвуваниот дух на Исус Христос. Колку добар пример поставил! Ја напуштил небесната слава, а потоа го жртвувал својот човечки живот во наша корист. Предизвици околу тоа чии користи бараме се појавуваат кога постојат недоразбирања помеѓу христијаните во деловните или финансиските работи, кога постои судир на карактери и.т.н. Таквите работи ја испитуваат христијанската љубов. Но ако поединецот ги бара користите на другите, сигурно дека ќе го сфати поголемиот благослов на давањето и ќе постигне Јеховино одобрување.

Потоа следеше тесно поврзаната тема „Препознавање и превладување на духовните слабости“. Ова предавање ја нагласи потребата да ги препознаеме симптомите на духовната слабост, а потоа одлучно да постапуваме во борбата за да го совладаме Сатана и неговите замки. Јеховините слуги мораат да развиваат длабока љубов кон него и омраза спрема она што е лошо. Тоа бара да го запознаат Јехова преку редовна, смисловна лична и семејна библиска студија. Мораат да избегнуваат секакви облици на забава кои го величат насилството и сексуалниот неморал (Ефесјаните 5:3-5). Редовната молитва и присуствувањето на состаноците се исто така значајни за успехот во совладувањето на духовните слабости.

Говорот кој предизвика можеби повеќе дискусии од кој и да е друг говор на конгресот беше оној со наслов „Дали бракот е клучот за среќата?“ Многу млади луѓе мислат така! Но говорникот јасно изнесе дека постојат безброј верни духовни суштества кои се среќни иако не се во брак, како што се среќни и многу предадени христијани иако не се под јаремот на бракот. Уште повеќе, многу венчани двојки не се среќни, што се гледа од високата стапка на разводи. Потребно е само човек да размисли за многуте благослови на кои им се радуваат сите предадени христијани за да сфати дека бракот, иако може да биде благослов, не е клуч за среќата.

По ова следеше циклусот предавања под наслов „Христијанската слобода во наше време“. Првиот предавач дискутираше на тема „Да ги оцениме аспектите на нашата христијанска слобода“. Тоа вклучува слободата од лажните учења како што се Тројството, бесмртноста на човечката душа и вечното мачење. Потоа, тука е слободата од ропското заробеништво на гревот. Иако христијаните се несовршени, тие се ослободени од лошите навики како што се пушењето, коцкањето, пијанството и сексуалниот промискуитет. Исто така постои и слобода од безнадежноста, затоа што ја имаат надежта за Рајот која ги тера да им зборуваат на другите за тоа.

Следниот говорник го постави прашањето „Дали ти лично ја цениш таквата слобода?“ Да цениш нешто значи да го сметаш за вредно, да го негуваш со грижа. За да го стори тоа, Божјиот слуга мора да се чува да не падне во искушение да оди преку границите на христијанската слобода. Слободата на светот е измамлива лага, затоа што доведува до ропството на гревот и распадливоста.

Последниот предавач во овој циклус предавања зборуваше на темата „Љубителите на слободата стојат непоколебливо“. За да го прават тоа, христијаните мораат да останат блиску до своите небесни родители, Јехова и неговата организација слична на жена. Јеховиниот народ не смее да дозволи да биде одвратен од отпадничката пропаганда; мораат да ги одбијат оние кои доаѓаат со неморални предлози. За да стојат непоколебливо во божествена слобода, христијаните мораат да ‚живеат по Дух‘ (Галатјаните 5:25, NW).

Последниот говор тој ден беше вистинска гозба. Носеше наслов „Најголемиот човек кој некогаш живеел“. Исус Христос бил најголемиот човек, затоа што влијаел на животот на човештвото посилно од сите војски, морнарици, парламенти и кралеви заедно. Тој бил Божји Син кој постоел на небото пред да дојде на Земјата. Исус толку добро го имитирал својот небесен Татко со она што го зборувал и научувал и со начинот на кој живеел што можел да каже: „Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот“ (Јован 14:9). Колку добро Исус покажал дека „Бог е љубов“! (1. Јованово 4:8). Откако на крајот ги разгледа Исусовите особини, говорникот наведе дека од април 1985 во Стражарска кула беше објавувана серија статии под наслов „Животот и службата на Исус“. Како одговор на многу барања, Друштвото сега ја издава новата книга Најголемиот човек кој некогаш живеел. Содржи 133 поглавја и печатена е во боја. Употребен е материјалот од серијата и е соединет на 448-те страници од книгата. Овој конгресен ден навистина заврши со радосен дух!

Недела претпладне

На почетокот во неделата наутро следеше циклусот предавања „Да служиме како рибари на луѓе“. Говорот „Ловење на риби — буквално и симболично“ го постави темелот за говорите кои следуваа. Говорникот покажа дека откако Исус предизвикал зачудувачки лов на риби, ги поканил рибарите да станат рибари на луѓе. Некое време, Исус ги поучувал своите ученици да станат рибари на луѓе, и почнувајќи од Пентакост 33 н.е., успешно им помогнале на мноштва мажи и жени да станат ученици.

Следниот говорник расправаше за параболата со мрежата забележана во Матеј 13:47-50. Истакна дека симболичната мрежа ги вклучува и помазаните христијани и христијанството, овие вториве поради работата на преведување, издавање и разнесување на Библии, иако тие настојувања собрале огромни мноштва неприкладни риби. Посебно од 1919 постоеше дело на одвојување, со кое неприкладните риби се исфрлаат, а прикладните биле собрани во собранија слични на лаѓи кои помогнале вистинските христијани да бидат заштитени и зачувани за божествена служба.

Третиот говор, „Рибарење на луѓе во световните води“, ја нагласи обврската сите предадени христијани да учествуваат во рибарењето ширум светот. Сега преку 4 000 000 учествуваат во тоа дело во над 200 земји, а во последните години преку 230 000 се крстиле годишно. Сите од Јеховиниот народ беа поттикнати да ги подобрат своите рибарски вештини, и беа интервјуирани повеќе посебно успешни „рибари“.

Во следниот говор со наслов „Да бидеме будни во ‚времето на крајот‘“, говорникот наброја седум помагала за да му помогне на Божјиот народ да остане буден: борбата против она што го одвраќа вниманието, молењето, разгласувањето на предупредувањето за крајот на овој систем, цврстото држење за Јеховината организација, самоиспитувањето, размислувањето за исполнетите пророштва и задржувањето на ум дека нивното спасение е поблиску отколку кога станале верници.

Утринската програма заврши со дискусија на тема „Кој ќе го избегне ‚времето на неволјата‘?“ Говорникот покажа како пророштвото на Јоил имало одредено исполнување во времето на апостолите, како сега има натамошно исполнување, и дека ќе има потполно исполнување во блиската иднина.

Недела попладне

Попладневната програма започна со јавното предавање „Да го поздравиме Божјиот нов свет на слободата!“. Ова предавање продолжи со конгресната тема на слободата. Беше истакнато дека Божјата Реч претскажува еден нов свет кадешто ќе има слобода од угнетувањето од лажните религиозни, политички, економски и расни елементи. Исто така ќе има слобода од гревот и смртта. Ќе се обнови совршеното здравје за да би можеле луѓето засекогаш да живеат во среќа на рајска Земја. Според тоа, љубителите на праведноста имаат добра причина да го фалат Творецот на новиот свет со извикот: „Фала ти Јехова за вистинската слобода конечно!“

Јавното предавање беше проследено со една новина за обласните конгреси — дискусија за седмичната студија од Стражарска кула. Потоа конгресот дојде до крај со возбудливиот говор и совет „Љубители на слободата, продолжете да напредувате“. Говорникот накратко ги разгледа врвните точки на конгресната тема за слободата. Тој нагласи колку е среќен Јеховиниот народ поради својата слобода, наброја начини на кои христијаните напредувале и ги поттикна и понатаму да напредуваат обединето за да жнеат натамошни благослови. Тој заврши со зборовите: „Додека го правиме тоа, нека Јехова продолжи да нѐ благословува поединечно и сите заедно за да можеме да напредуваме како љубители на слободата.“

„Творештвото (...) беше подложено на испразноста, не своеволно, туку од оној кој го подложи — во надеж дека и самото творештво ќе се ослободи од ропството на распадливоста да учествува во слободата на славата на Божјите деца“ (Римљанима 8:20, 21, Ст).

[Слики на страница 25]

Млад делегат на конгресот во Прага, Чешкословачка

[Слики на страница 26]

1. Кандидатите одат кон местото за крштение во Прага, Чешкословачка

2. Крштевање како Јеховин сведок во Талин, Естонија

3. Нова публикација која им донесе радост на делегатите во Услоље–Новосибирскоје, Сибир

4. Објавување на „Нов свет преводот на Светото писмо“ на чешки и словачки на конгресот во Прага

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели