ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/2 стр. 3
  • Чувај се од лажните пророци

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Чувај се од лажните пророци
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што значи да се пророкува
  • „Вашите синови и ќерки ќе пророкуваат“
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2017)
  • Што се пророштва?
    Одговор на библиски прашања
  • Земете ги како пример Божјите пророци
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Зошто кражбите се во пораст?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/2 стр. 3

Чувај се од лажните пророци

ЕДНА бразилска брачна двојка таа ноќ отишла на спиење кога слушнале како крадци провалуваат во нивниот дом. Преплашената двојка успеала да побегне низ прозорецот на спалната соба и повикале полиција. Но после тоа, жената била толку потресена од случката што не можела да спие во куќата, па морала да замине во куќата на мајка си.

Секој чијашто куќа била провалена или кој на некој друг начин бил ограбен, ќе сочувствува со неа. Таквото искуство може да предизвика растроеност, а за жал, сѐ повеќе и повеќе луѓе страдаат на тој начин. Меѓутоа, постои вид кражба која има далеку посериозни последици.

Каков е тој посериозен вид на кражба, и кои се крадците? Исус Христос ни дал некои информации околу тоа кога, зборувајќи за нашите дни, рекол: „Многу лажни пророци ќе се појават и ќе прелажат мнозина“ (Матеј 24:11). Лажните пророци се крадци. Што е тоа што го крадат? Нивното крадење е поврзано со нивното пророкување. Затоа, за да го разбереме прашањето во потполност, најпрво треба да знаеме какви пророкувања се во согласност со Библијата.

Што значи да се пророкува

Кога помислуваш на пророкување, можеби првото нешто што ти доаѓа на ум е претскажување на иднината. Тоа навистина бил еден аспект од работата на Божјите пророци од старо време, но тоа не била нивната главна задача. На пример, кога во една визија му било речено на пророкот Еезекиел да им ‚пророкува на ветровите‘, тој едноставно морал да изрече заповед од Бог (Езекиел 37:9, 10, New World Translation of the Holy Scriptures). Кога Исус бил обвинет пред свештениците, бил плукан и натепан со шлаканици, а неговите прогонители подбивно говореле: „Проречи ни, Христе, кој Те удри?“ Тие не барале од Исус да ја прорече иднината. Го предизвикувале, преку Божјата моќ, да ги препознае оние кои го удриле (Матеј 26:67, 68).

Всушност, главната мисла која се посредува преку зборовите преведени од оригиналниот библиски јазик со „пророкување“ и „пророштво“, во основа го изнесува Божјето мислење по тоа прашање или, како што изнесува книгата Дела [на апостолите], да се кажуваат „величествените Божји работи“ (Дела на апостолите 2:11, NW). Во оваа смисла многу луѓе се ограбени од лажните пророци.

Сепак, кои се лажните пророци, и што крадат тие? За да одговориме на ова прашање, да погледнеме наназад во историјата на израелската нација, во времето на Јеремија. Тоа ќе го сториме во следната статија.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели