ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 15/6 стр. 8-11
  • Борбата на шпанската Библија за опстанок

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Борбата на шпанската Библија за опстанок
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Подготвувањето на шпанската Библија
  • Краткотрајно будење
  • Шпанската Библија оди во подземје
  • Вратите на браната се отвараат
  • Сигурна победа
  • Божјата Реч во средновековна Шпанија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Борбата на Касиодоро де Реина за шпанска Библија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Како Библијата опстанала до ден-денес
    Разбудете се! 2007
  • Complutensian Polyglot — алатка за преведување од историско значење
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 15/6 стр. 8-11

Борбата на шпанската Библија за опстанок

ЕДЕН октомвриски ден во 1559, околу 200.000 шпански католици во толпи се собирале кон северниот град Валјадолид. Она што ги привлекло било „ауто-да-фе“, при што „две жртви биле запалени живи, а десет биле обесени“. Тие биле „еретици“.

Омилениот млад крал Филип II лично го надгледувал настанот. Кога еден осуденик преколнувал за милост, кралот остро одговорил: „Да беше мојот сопствен син таков никаквец како тебе, самиот ќе ги донесев сноповите за да го изгорам“. Какво зло сторила таа несреќна жртва? Само ја читала Библијата.

Во исто време, машинеријата на католичката инквизиција била зафатена во андалузискиот град Севилја. Таму група калуѓери во манастирот Сан Исидоро дел Кампо штотуку примила тајна пратка на Библии на шпански. Дали доушниците ќе ги предадат? Некои кои увиделе дека се во смртна опасност, побегнале од земјата. Но 40-мина од оние кои останале, имале лоша среќа и биле запалени на столб, а меѓу нив и самиот човек кој ги прокриумчарил Библиите во земјата. Во шеснаесеттиот век Шпанија била погибелно место за читателите на Библијата — само неколкумина ги избегнале канџите на инквизицијата.

Помеѓу неколкумината бил еден поранешен калуѓер, Касиодоро де Реина (околу 1520–1594). Тој избегал во Лондон, но дури и таму не можел да најде спас. Инквизицијата ја уценила неговата глава, а шпанскиот амбасадор на англискиот двор сковал план, со арно или со лошо, да го намами назад на територија под шпанска контрола. За кратко време, лажни обвиненија за прељуба и хомосексуалност го присилиле да ја напушти Англија.

Со оскудни средства и со сѐ поголемото семејство кое требало да го издржува, најпрвин нашол прибежиште во Франкфурт. Подоцна, неговото барање на верски азил го одвело во Франција, Холандија и најпосле во Швајцарија. Но, за сето ова време тој работел. ‚Освен кога бев болен или додека патував, . . . не го испуштав перото од рака‘, објаснил тој. Поминал многу години во преведување на Библијата на шпански. Печатењето на 2.600 примероци на Реиновата Библија на шпански конечно било започнато во 1568 во Швајцарија и завршило во 1569. Истакната карактеристика на Реиновиот превод била таа што за тетраграматонот, т. е. четирите хебрејски букви на Божјето лично име, го употребувал името Iehoua (Јехова), наместо Сењор (Господ).

Подготвувањето на шпанската Библија

Необично е што во време кога, благодарение на пронаоѓањето на пресата за печатење, Библиите се ширеле по Европа, во Шпанија биле реткост. Но не било секогаш така. Со векови Библијата била најраширена книга во Шпанија. Ракописни копии можело да се добијат на латински и, во текот на неколку века, дури и на готски јазик. Еден историчар објаснил дека во средниот век „Библијата — како извор на вдахновение и авторитет, како мерило за верата и однесувањето — била поценета во Шпанија отколку во Германија или Англија“. Разни библиски истории, псалтири (или псалми), глосариуми, морални приказни и слични дела, станале бестселери на времето.

Оспособени препишувачи грижливо умножувале извонредни Библии пишувани на рака. Иако на 20 препишувачи им требало цела година за да направат само еден првокласен ракопис, во 15. век во Шпанија имало во оптекување многу латински Библии и илјадници коментари кон латинската Библија.

Освен тоа, кога шпанскиот јазик почнал да се развива, се појавил интерес за Библијата на народен јазик. Уште во 12. век, Библијата била преведена на романски, односно раниот шпански јазик што го зборувале обичните луѓе.

Краткотрајно будење

Но, будењето не траело долго. Кога Валдензите, Лолардите и Хуситите го употребувале Писмото за да ги бранат своите верувања, реакцијата била брза и насилна. Католичките власти на читањето на Библијата гледале со сомнение, а новите преводи на народен јазик веднаш биле осудени.

Католичкиот Концил од Тулуз (Франција) што бил свикан во 1229, изјавил: „Му забрануваме на секој лаик да ги поседува книгите од Стариот или Новиот Завет преведени на народен јазик. Ако некое побожно лице сака, може да има Псалтир или Молитвеник [книга со химни и молитви] . . . но под никакви околности не смее да ги поседува гореспоменатите книги преведени на романски“. Со години подоцна, Јаков I од Арагон (крал над голема област од Иберискиот Полуостров) на сите оние кои поседувале Библија на народен јазик им дал само осум дена да му ги врачат на месниот бискуп за запалување. Ако не би го сторил тоа, сеедно дали свештеник или лаик, поседникот би бил ставен под сомнение за ерес.

И покрај овие прописи — за кои не се држеле секогаш стриктно — некои Шпанци можеле да се пофалат дека поседуваат романска Библија дури и во текот на последниот дел од средниот век. Тоа доживеало ненадеен крај со воведувањето на шпанската инквизиција под кралица Изабела и крал Фердинанд во 1478. Во 1492 само во градот Саламанка биле запалени 20 ракописни копии на Библии од непроценлива вредност. Единствениот романски библиски ракопис кој преживеал бил оној што се наоѓал во приватната библиотека на кралот или кај неколкумина моќни благородници кои биле вон сомнение.

Следните двесте години, единствената службена католичка Библија објавена на шпански — освен латинската Вулгата — била Complutensian Polyglott, првата повеќејазична Библија што ја финансирал кардиналот Сиснерос. Се разбира, тоа била научна книга, која никако не била наменета за човекот од улица. Биле направени само 600 копии, а можеле да ја разберат само неколцина, затоа што имала библиски текст на хебрејски, арамејски, грчки и латински, а не на шпански. Освен тоа, цената била претерана. Чинела три златни дуката (еднакво на шестмесечна просечна работничка плата).

Шпанската Библија оди во подземје

Во раниот 16. век се појавил шпански „Тиндејл“ во личноста на Франсиско де Ензинас, син на богат шпански земјопоседник. Почнал да ги преведува Христијанските грчки списи на шпански уште кога бил млад студент. Подоцна преводот го печател во Холандија, а во 1544 храбро се обидел да добие кралска дозвола да ја дистрибуира во Шпанија. Во тоа време, шпанскиот император Карло I се наоѓал во Брисел, и Ензинас ја искористил таа прилика да побара кралско одобрение за својот проект.

Еве како се известува за вонредниот разговор помеѓу двајцата мажи: „Каква книга е тоа?“, прашал императорот. Ензинас одговорил: „Тоа е дел од Светото Писмо кој е наречен Нов Завет.“ „Кој е автор на книгата?“, бил запрашан. „Светиот дух“, одговорил овој.

Императорот го овластил издавањето, но под еден услов — неговиот приватен исповедник, еден шпански калуѓер, исто така да му одобри со печат. За жал на Ензинас, такво одобрение не било достапно и наскоро инквизицијата го затворила. По две години успеал да побегне.

По неколку години во Венеција, Италија, било печатено ревидирано издание на овој превод, а тоа било изданието на Библијата коешто Хулиан Ернандез тајно го однел во Севилја, Шпанија. Но, бил фатен и по две години тортура и затвор, бил погубен заедно со други негови колеги кои ја проучувале Библијата.a

На Концилот во Тренто (1545–1563), католичката црква ја повторила забраната за преведување на Библијта на народен јазик. Таа издала индекс на забранети книги во кој биле вклучени сите преводи на Библијата што биле направени без дозвола од црквата. Практично, тоа значело дека сите шпански Библии на народен јазик биле незаконски и дека ако некој само ги поседува, тоа можело да биде доволно да заврши со смрт.

Неколку години по објавувањето на преводот на Реино, истиот го ревидирал Сипријано де Валера, еден друг бивш калуѓер кој побегнал од канџите на инквизицијата во Севилја. Тој превод бил печатен во Амстердам во 1602 н. е., и некои копии биле прокриумчарени во Шпанија. Во своите оригинални и ревидирани преводи, Библијата Реина–Валера сѐ уште е најраширениот превод кој го користат протестантите кои зборуваат шпански.

Вратите на браната се отвараат

Најпосле, во 1782, трибуналот на инквизицијата донел решение Библијата да се објавува сѐ додека таа вклучува објасненија за историјата и догмата. Во 1790, католичкиот бискуп од Сеговија, Фелипе Сио де Сан Мигел, користејќи ја латинската Вулгата, превел Библија на шпански. За жал, таа била скапа — 1.300 реали, превисока цена за тоа време — а и стилот бил толку нејасен, што еден шпански историчар го опишал како „многу јаден“.

Неколку години подоцна, шпанскиот крал Фернандо VII му наложил на бискупот од Асторга, Феликс Торес Амат, да направи подобрен превод, исто така темелен на латинската Вулгата. Овој превод излегол во 1823 и станал многу пораширен отколку преводот на Сио. Меѓутоа, бидејќи не се темелел на оригиналниот хебрејски и грчки, ја имал вообичаената мана што бил превод на превод.

И покрај ваквиот напредок, црквата и владетелите на земјата сѐ уште не биле уверени дека обичните луѓе треба да го читаат Писмото. Кога Џорџ Бороу, претставник на Британското и инострано библиско друштво, во 1830-тите побарал дозвола да печати Библии на шпански, владиниот службеник Мендизабал му рекол: „Мој драг господине, нам не ни требаат Библии, туку пушки и барут за да ги срушиме бунтовниците со нив, и пред сѐ, пари, да можеме да ја платиме војската“. Бороу продолжил да го преведува Евангелието по Лука на јазикот на шпанските Цигани, па во 1837 бил затворен заради своите напори!

Најпосле, плимата повеќе не можела да се задржи. Во 1944 шпанската црква го отпечатила својот прв превод на Светото писмо темелено на оригиналните јазици — околу 375 години после преводот на Касиодоро де Реина. Тоа бил превод на католичките научници Накар и Колунга. По него во 1947 следел преводот од Бовер и Кантера. Оттогаш имало поплава од шпански преводи на Библијата.

Сигурна победа

Иако шпанската Библија со векови морала да се бори за опстанок, битката најпосле била добиена. Огромните жртви на храбрите преведувачи како Реина, не биле залудни. Колкумина луѓе денес застануваат да помислат на времето кога поседувањето на Библија било забрането?

Денес Библијата е бестселер во Шпанија и во земјите од шпанското говорно подрачје, и можат да се добијат многу преводи. Меѓу нив спаѓа Versión Moderna (Современ превод, 1893), која доследно го употребува Божјето име, Jehová (Се изговара: Хеова); Паулинското издание на Библијата (1964), кое во Хебрејските списи го употребува името Yavé; Nueva Biblia Española (Нова шпанска Библија, 1975), која за жал не употребува ниту Jehová ниту Yavé; и Traducción del Nuevo Mundo (Нов свет превод на Светото писмо, 1967) издаден од Друштвото Стражарска кула, кој употребува Jehová.

Јеховините сведоци секоја седмица ги посетуваат домовите на милиони луѓе кои зборуваат шпански за да им помогнат да ја ценат вредноста на Светата Библија — книга која е достојна да се умре за неа, книга достојна да се живее според неа. Всушност, приказната за борбата на шпанската Библија за опстанок е уште еден доказ дека „речта на нашиот Бог . . . трае до недогледно време“ (Исаија 40:8).

[Фуснота]

a Во тоа време никаква книга не можело да биде увезена без посебна дозвола, и ниеден библиотекар не смеел да отвори ниедна пратка на книги без службена дозвола од инквизицијата.

[Слика на страница 10]

Complutensian Polyglott е умножена и сега може лесно да се испита. (Види стр. 8)

[Извор на слика]

Со љубезна дозвола од Biblioteca Nacional, Мадрид, Шпанија.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели