ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 15/10 стр. 28-29
  • Примерен хебрејски библиски ракопис

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Примерен хебрејски библиски ракопис
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ‚Круната‘
  • Мајсторско дело
  • Што е Масоретскиот текст?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • „Песната на морето“ — ракопис што го премости јазот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Кои биле Масоретите?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Зошто е скапоцен Ватиканскиот кодекс?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 15/10 стр. 28-29

Примерен хебрејски библиски ракопис

ПРЕД откривањето на свитоците од Мртво Море во 1947, најраните познати хебрејски библиски ракописи — освен неколку фрагменти — биле од доцниот 9. до 11. век н. е. Тоа се едвај илјада години. Дали тоа значи дека пред 1947 хебрејскиот текст на Библијата бил несигурен? И зошто имало толку малку древни хебрејски ракописи?

Најпрво да го разгледаме последното прашање. За време на ортодоксниот еврејски систем, сите ракописи на хебрејски Библии што се сметале за премногу излитени за натамошна употреба биле заклучувани во гениза, магацин во синагогата. Подоцна, насобраните излитени ракописи биле изнесувани и закопувани. Евреите го правеле тоа со цел да ги заштитат своите Списи за да не бидат обесветени или злоупотребени. Зошто? Затоа што го содржеле тетраграматонот, хебрејските букви кои го претставуват светото Божје име, кое на македонски обично се изговара како „Јехова“.

‚Круната‘

Во најголем дел, древниот хебрејски текст бил верно пренесуван уште од најрани времиња. На пример, постоел важен хебрејски ракопис наречен Кетер, или „круна“, кој првобитно ги содржел сите Хебрејски списи, или „Стариот Завет“. Бил чуван во најстарата синагога на една стара, мала заедница на Евреи кои живееле во Алеп, Сирија, кој е претежно муслимански град. Пред тоа, овој ракопис бил оставен кај Караи–Евреите во Ерусалим, но бил запленет од крстоносците во 1099. Подоцна, ракописот бил вратен и однесен во Стар Каиро, Египет. Во Алеп стигнал барем во 15. век и потоа станал познат како Алепски Кодекс. Овој ракопис, датиран уште во 930 г. н. е., бил сметан за круна на Мазоретската ученост, како што имплицира неговото име. Тоа е извонреден пример кој ја илустрира грижата што е вложена во пренесувањето на библискиот текст и навистина бил примерен хебрејски ракопис.

Во поново време, чуварите на овој истакнат ракопис поради суеверен страв да не биде обесветен нивниот свет објект, не дозволувале научниците да го разгледуваат. Освен тоа, бидејќи никогаш не бил фотографиран ниту еден единствен лист, не можела да биде издадена факсимилна едиција за проучување.

Кога во 1948 Британците се повлекле од Палестина, во Алеп избувнале нереди против Евреите. Нивната синагога била запалена; скапоцениот кодекс исчезнал и се претпоставувало дека бил уништен. Затоа, колкаво изненадување било кога десет години подоцна се дознало дека три четвртини од него преживеале и биле прокриумчарени од Сирија во Ерусалим! Конечно во 1976 било издадено убаво факсимилно издание од 500 примероци во боја.

Мајсторско дело

Зошто овој ракопис е толку важен? Затоа што неговиот првобитен консонантен текст околу 930 г. н. е. го поправил и го означил со правописни знаци Арон бен Ашер, еден од најфалените научници кои биле обучувани за препишување и пренесување на Хебрејската Библија. Затоа таа претставувала примерен кодекс и поставила мерило за идните копии што ги правеле помалку вешти препишувачи.

Првобитно таа содржела 380 листови (760 страници) и била пишувана воглавно во три колони на пергаментни листови. Сега се состои од 294 листа и недостига поголемиот дел од Пентатеухот и последниот дел, вклучувајќи го и Плач Јеремиин, Песна над Песните, Даниел, Естир, Ездра и Неемија. Во New World Translation of the Holy Scriptures—Reference Bible е наведена како „Ал“ (Исус Навин 21:37, фуснота, NW). Мојсеј Мајмонидес (на сликата), славен средновековен еврејски научник од 12. век, го прогласил Алепскиот Кодекс за најдобар што некогаш го видел.a

Хебрејскиот текст, препишуван рачно од 13 па сѐ до 15 век, бил мешан, и тоа од две главни мазоретски групи на текстови, Бен Ашер и Бен Нефтали. Во 16 век, Јакоб бен Хајим направил текст за печатена хебрејска Библија изведена од оваа мешана традиција, и тоа станало темел за скоро сите еврејски Библии печатени во наредните 400 години.

Со третото издание на Biblia Hebraica (печатениот хебрејски текст) од 1937, била консултирана традицијата на Бен Ашер, затоа што била зачувана во еден ракопис во Русија, познат како Ленинград Б 19А. Ленинград Б 19А датира од 1008 н. е. Еврејскиот универзитет во Ерусалим планира по извесно време во целост да го објави Алепскиот хебрејски текст, заедно со толкувања од сите други важни ракописи и преводи, вклучувајќи ги и свитоците од Мртво Море.

Библискиот текст што го користиме денес, е доверлив. Тој бил божествено инспириран и низ вековите го пренесувале писарски препишувачи кои работеле со педантна вештина. Крајната внимателност на овие препишувачи се гледа во тоа што споредбите помеѓу свитоците на Исаија пронајдени покрај Мртвото Море во 1947 и Мазоретскиот текст, покажале изненадувачки мал број разлики, иако свитокот од Мртво Море, во однос на најстарата постоечка Мазоретска Библија, е постар повеќе од илјада години. Освен тоа, сега кога Алепскиот Кодекс им е достапен на научниците, тоа ќе пружи уште повеќе причини да се има доверба во автентичноста на текстот од Хебрејските списи. Навстина, „словото на нашиот Бог останува вечно“ (Исаија 40:8).

[Фуснота]

a Неколку години извесни научници се сомневале дека Алепскиот Кодекс бил ракописот што со правописни знаци го означил Бен Ашер. Меѓутоа, со оглед дека кодексот е достапен за студирање, произлегуваат докази дека тоа навистина е ракописот на Бен Ашер што го споменал Мајмонидес.

[Извор на слика на страница 28]

Bibelmuseum, Минстер

[Извор на слика на страница 29]

Jewish Division/The New York Public Library/Astor, Lenox and Tilden Foundations

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели