ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 15/5 стр. 26-28
  • Што е Масоретскиот текст?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што е Масоретскиот текст?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Речта Јеховина
  • Вратата кон неточноста е подотворена
  • Обиди да се затвори вратата
  • Дали можеме да најдеме „чист“ Масоретски текст?
  • Кои биле Масоретите?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Примерен хебрејски библиски ракопис
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Како преживеала книгата?
    Книга за сите луѓе
  • Борбата за преживување на Библијата
    Библијата — Реч Божја или човечка?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 15/5 стр. 26-28

Што е Масоретскиот текст?

НА КОЈ и да било јазик ако ја читаш Библијата, еден дел од книгата веројатно бил директно или индиректно преведен од Масоретскиот текст, кој ги опфаќа Хебрејските списи, односно „Стариот завет“. Всушност, имало повеќе од само еден Масоретски текст. Па, кој од нив бил избран, и зошто? Впрочем, што е тоа Масоретски текст и како знаеме дека е веродостоен?

Речта Јеховина

Пишувањето на Библијата започнало на планината Синај во 1513 пр. н. е. Втора Мојсеева 24:3, 4 ни кажува: „Дојде Мојсеј и му ги повтори на народот сите зборови Божји и сите заповеди. И сиот народ одговори во еден глас, и рече: ‚Сите зборови што ги кажал Господ ќе ги помниме и ќе слушаме‘. И ги напиша Мојсеј сите зборови Господови“.

Хебрејските списи продолжиле да се пишуваат повеќе од илјада години — од 1513 пр. н. е., па сѐ до околу 443 пр. н. е. Бидејќи писарите биле инспирирани од Бог, се подразбира дека тој би ги водел работите на начин на кој неговата порака ќе биде верно сочувана (2. Царства 23:2; Исаија 40:8). Меѓутоа, дали ова значи дека Јехова ќе исклучи секаква човечка грешка така што нема да биде заменета ниту една единствена буква додека биле правени преписи?

Вратата кон неточноста е подотворена

Иако луѓето со длабоко почитување кон Божјата Реч ја препишувале од генерација во генерација, сепак извесен степен на човечки грешки се вовлекле во манускриптите. Библиските писатели биле инспирирани, за разлика од препишувачите кои својата работа не ја извршувале под Божествена инспирација.

По враќањето од вавилонското изгнанство во 537 пр. н. е., Евреите прифатиле еден нов стил на пишување кој ги користел четвртестите букви што ги научиле во Вавилон. Оваа битна промена донела со себе еден специфичен проблем, а тоа е опасноста некои букви со сличен изглед да се заменат една со друга. Бидејќи хебрејскиот е јазик кој се темели на согласки, со самогласки додадени од страна на читателот, според неговото разбирање на контекстот, замената на една согласка може лесно да го измени значењето на еден збор. Меѓутоа, во повеќето случаи, ваквите грешки биле откривани и исправани.

Големото мноштво Евреи не се вратило во Израел по падот на Вавилон. Така, синагогите станале духовни центри за еврејските заедници низ Средниот Исток и Европа.a На секоја синагога ѝ биле потребни примероци од свитоците на Писмото. Како што се умножувале примероците, така растел и потенцијалот за можни грешки на препишувачите.

Обиди да се затвори вратата

Со почеток во првиот век од н. е., препишувачите во Ерусалим се обидувале да утврдат еден оригинален текст по кој би можеле да бидат коригирани сите други свитоци на Хебрејските списи. Сепак, не постоела процедура за правење разлика помеѓу оригиналот на еден текст и манускриптите кои ги содржеле грешките на препишувачот. Од вториот век н. е. па наваму, консонантниот текст на Хебрејските списи изгледа бил прилично добро стандардизиран, иако сѐ уште не бил авторитетно утврден. Цитатите од Хебрејските списи кои се појавуваат во Талмудот (собрани помеѓу вториот и шестиот век н. е.) доста често укажуваат на поинаков извор од она што подоцна станало познато како Масоретски текст.

Зборот „традиција“ на хебрејски е масора или масорет. До шестиот век н. е., оние кои ја надгледувале традицијата на точното препишување на Хебрејските списи, станале познати како Масорети. Преписите што ги направиле се означени како Масоретски текстови. Што било карактеристично за нивната работа и текстовите што ги подготвиле тие?

Хебрејскиот јазик изумрел како жив, народен јазик и многу Евреи повеќе не го користеле. Оттука, самото разбирање на консонантниот библиски текст било во опасност. За да го заштитат, Масоретите развиле еден систем на самогласки кои биле претставени со точки и цртички. Тие биле сместени над и под согласките. Масоретите развиле и еден заплеткан систем на знаци кој истовремено служел и како облик на интерпункција и како водич за поточен изговор.

Таму каде што Масоретите мислеле дека текстот бил изменет или неточно препишан од претходните генерации препишувачи, наместо да го менуваат текстот, тие направиле забелешки на маргините. Ги забележале необичните зборовни форми и комбинации, како и зачестеноста со која истите се појавувале во една поединечна книга или во целокупните Хебрејски списи. Исто така, биле забележани и додатни коментари за да им помогнат на препишувачите во паралелното проверување. Бил развиен еден систем на скратени „шифри“ за да се запишат овие информации со екстремна збиеност. На маргините на врвот и на дното, еден вид миниконкорданција наведувала делови од поврзаните стихови кои биле коментирани во забелешките на страничните маргини.

Најпрочуениот систем бил усовршен од Масоретите во Тиберија, покрај Галилејското Море. Семејствата Бен Ашер и Бен Нефтали од деветтиот и десеттиот век н. е., веројатно Караити, станале особено истакнати.b Иако постоеле разлики помеѓу начините на изговор и маргиналните забелешки од овие две школи, согласките во нивните текстови се разликуваат на помалку од десет места во целокупните Хебрејски списи.

И двете школи на Масоретите, Бен Ашер и Бен Нефтали, дале голем придонес кон текстуалното научно спознание во свое време. Откако Мајмонид (еден влијателен талмудски научник од XII век) го пофалил текстот на Бен Ашер, другите му дале исклучителна предност на истиот. Ова отишло до таа крајност што ниту еден од манускриптите на Бен Нефтали денес не може да се најде. Сѐ што останало од нив се само листи на разлики меѓу двете школи. Иронично, но коментарот на Мајмонид се однесувал само на стилистиката, како што е растојанието помеѓу пасусите, а не на многу поважните аспекти на точно пренесување.

Дали можеме да најдеме „чист“ Масоретски текст?

Помеѓу научниците има многу препирки околу тоа кој кодекс што денес е достапен е „чистиот“, Бен Ашер текст, како да тоа тогаш би ни го дало „чистиот“ Масоретски текст. Всушност, никогаш не постоел еден единствен „чист“ и авторитетен Масоретски текст. Наместо тоа, постоеле многу Масоретски текстови, секој од нив малку поинаков од другите. Сите кодекси што стојат денес на располагање се помешани текстови, и од Бен Ашер и од Бен Нефтали.

Задачата со која се соочува секој преведувач на Хебрејските списи денес е тешка. Тој мора добро да го запознае не само Хебрејскиот текст туку и сите оправдани опции каде што текстот можеби бил изменет по грешка на препишувачот или на некој друг начин. Иако различните Масоретски текстови служат како темел, тој треба да консултира и други вредни извори кои разумно ги претставуваат постарите и можеби поточни верзии на консонантниот текст.

Во уводот на својата книга The Text of the Old Testament (Текстот на Стариот завет), Ернст Виртвајн објаснува: „Кога сме соочени со тешки пасуси, не можеме едноставно да ги собереме различните текстови и да го избереме оној кој изгледа ја нуди наједноставната солуција, на моменти одлучувајќи се повеќе за Хебрејскиот текст, на моменти за Септуагинтата, а на моменти, пак, за арамејскиот Таргум. Сите текстуални докази не се подеднакво сигурни. Секој си има свој карактер и за себе својствена историја. Мора да бидеме запознаени со нив ако сакаме да избегнеме неадекватни или погрешни решенија“.

Имаме цврст темел за потполна доверба дека Јехова ја сочувал својата Реч. Со заедничките напори на многу искрени луѓе низ вековите, суштината, содржината, па дури и деталите на библиската порака, ни се на дофат. Какви било безначајни промени во буквите или зборовите не влијаеле врз нашата способност да го разбереме Писмото. Сега, битното прашање е: Дали ќе живееме според Божјата Реч, Библијата?

[Фусноти]

a Бидејќи многу Евреи надвор од Израел не можеле повеќе течно да читаат еврејски, ваквите еврејски заедници, како онаа во Александрија (Египет), наскоро ја согледале потребата од преводи на Библијата на вернакуларниот јазик. За да се задоволи оваа потреба, верзијата на грчката Септуагинта била подготвена во третиот век пр. н. е. Оваа верзија подоцна ќе стане еден важен извор за споредување на текстот.

b Околу 760 година н. е., една еврејска група позната како Караити барала построго придржување кон Писмото. Отфрлајќи го авторитетот на рабините, „Усниот закон“ и Талмудот, тие имале поголема причина систематски да внимаваат на Библискиот текст. Одредени семејства од оваа група станале врвни масоретски препишувачи.

[Слика на страница 26]

Алепскиот кодекс го содржи Масоретскиот текст

[Извор на слика]

Bibelmuseum, Минстер

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели