ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/11 стр. 27-31
  • Дали се огласуваш кога некој те повикува?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали се огласуваш кога некој те повикува?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • На мојот повик најпосле беше одговорено
  • Пионерење на Хаваи
  • Неочекуван повик
  • Психичка подготовка за непознатото
  • Мисионерска служба со нашите деца
  • Од север на југ
  • Ослободени од проблеми?
  • Јехова ги привлекува понизните кон вистината
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Ми беше помогнато да ја совладам срамежливоста
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Од обожавање на императорот до вистинското обожавање
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Атомската бомба „го ослободи“ татко ми од затвор
    Разбудете се! 1995
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/11 стр. 27-31

Дали се огласуваш кога некој те повикува?

РАСКАЖАЛ ШИНИЧИ ТОХАРА

ВО ПРВИОТ дел од мојот живот не го повикував Бог, ниту барав негово водство. Дедо ми и баба ми емигрирале од Јапонија на Хаваи, па моите родители беа будисти. Тие не беа многу активни во нивната вера, затоа, додека растев, не размислував многу за Бог.

Кога ја сознав еволуцијата, почнав да мислам колку е лудо да се верува во Бог. Меѓутоа, додека траеше моето задолжително образование, часовите по природни науки ме запознаа со астрономијата, физиката и биологијата. Навечер ќе се загледав во небото и се прашував како сите тие ѕвезди дошле таму. Во мене еден несигурен глас почна да прашува: ‚Можно ли е да постои Бог кој ги контролира сите овие работи?‘ Почнав да чувствувам дека мора да има Некого таму горе. Срцето почна да повикува: ‚Кој е тој Бог?‘

Откако матурирав во средното училиште, видов како работата како механичар во казарница за саке ме врза и повеќе немав време да размислувам за прашањето за Бог. Наскоро ја сретнав Масако која ми стана сопруга во 1937, со која на крајот бевме благословени со три деца. Каква верна придружничка и марлива мајка се покажа Масако!

Сега бидејќи имав семејство, сериозно размислував за нашата иднина. Повторно започнав да одам надвор и да се загледувам во ѕвездите. Бев уверен дека постоеше Бог. Не знаев кој беше тој Бог, но почнав секојпат да го повикувам, молејќи: ‚Ако си таму некаде, те молам помогни му на моето семејство да го најде патот да оди во среќа‘.

На мојот повик најпосле беше одговорено

Откога се венчавме, живеевме со моите родители, но во 1941 се одселивме и продолживме да живееме одвоено во Хило, Хаваи. Само што се сместивме во нашиот нов дом, на 7. декември 1941, Јапонците го нападнаа Перл Харбур. Тоа беше време на затегнатост и секој беше загрижен за иднината.

Еден месец по нападот на Перл Харбур, додека го чистев автомобилот еден маж ми пристапи и ми понуди книга со наслов Деца. Се претстави како Ралф Гарут, слуга на Јеховините сведоци. Не разбрав што ми кажа, но бев заинтересиран за Бог, па ја земав книгата. Следната седмица, Ралф дојде повторно и ми понуди домашна библиска студија. Иако бев слушнал за Библијата, ова ми беше првпат вистински да ја видам. Ја прифатив библиската студија, а мојата сопруга и нејзината помлада сестра ми се придружија.

Вистината дека Библијата е Божја Реч навистина ме импресионира (2. Тимотеј 3:16, 17). Тоа дека Јехова имал некаква намера беше уште попрекрасно. Тој беше Творецот кого го барав! (Исаија 45:18). Бевме трогнати кога научивме дека првобитниот Рај што бил изгубен треба да биде обновен токму овде на Земјата, а ние можеме да бидеме дел од него (Откровение 21:1-4). Тоа беше одговорот на мојот повик до Бог!

Зборувавме секаде и на секого за овие новооткриени вистини. Моите родители мислеа дека сме луди, но тоа не нѐ обесхрабри. По три месеци интензивна библиска студија, на 19. април 1942, мојата сопруга и јас се крстивме во знак на нашето предание на нашиот Бог, Јехова. Помладата сестра на Масако, Јоши и нејзиниот сопруг Џери, кои уште од самиот почеток ни се придружија во библиската студија, се крстија со нас. Имавме само ограничено спознание за Светото Писмо, но тоа беше доволно да нѐ наведе да му служиме на Бог.

Бидејќи Втората светска војна сѐ уште беснеше, претпоставував дека крајот на овој систем е сосем близу, па со мојата сопруга сметавме дека е потребно да ги предупредиме луѓето за тоа. Гарутови ни беа пример во тој поглед. И Ралф и неговата сопруга служеа како пионери, полновремени слуги на Јеховините сведоци. Ја споредив нашата ситуација со Ралфовата. Тој имаше жена и четири деца. Јас имав жена и само три деца. Ако тој може да го прави тоа, би требало и јас да сум способен да го правам истото. Затоа, следниот месец по нашето крштение, се пријавивме за поинерска служба.

Уште пред да бидеме прифатени како пионери, се ослободив од сите непотребни работи, вклучувајќи ја хавајската гитара, саксофонот и виолината. Бев голем музички ентузијаст, но отфрлив сѐ освен мојата мала хармоника. Освен тоа, моето работно место во казарницата за саке повеќе не изгледаше привлечно (Филипјаните 3:8). Изградив станбена приколка и чекав да видам дали Јехова ќе одговори на моите молби да бидам употребен. Не чекав долго. Бевме прифатени како пионери од 1. јуни 1942. Веднаш стапивме во полновремената служба за Јехова и никогаш не се покајавме за таа одлука.

Пионерење на Хаваи

Заедно со Гарутови го обработувавме Хаваи, Големиот остров, вклучувајќи ги Кона, подрачје познато по кафето, и Кау. Во тоа време работевме со фонограф. Тој беше прилично тежок, но сѐ уште бевме млади и јаки. Затоа, со фонографот во едната и со торба во другата рака, ја следевме секоја патека што можеше да нѐ одведе до отворени уши на полињата со кафе, плантажите и на секое друго место. Потоа, окако го обработивме целиот остров, ни беше доделена Коала на Големиот остров. Коала беше мала плантажа за шеќерна трска населена со Кавказјани, Филипинци, Кинези, Хавајци, Јапонци и Португалци. Секоја група имаше свои сопствени обичаи, идеи, вкусови и религии.

Штом започнав со пионерската служба, никогаш повеќе не се вработив на световно работно место. Едно време живеевме од мојата заштеда, а како што потребите се зголемуваа, одев на риболов со харпун. Интересно, секогаш доаѓав дома со по некоја риба. Собиравме див зеленчук и треви што растеа покрај патот, и тие ги красеа нашите чинии за време на вечерата. Направив печка од галванизиран лим, а Масако научи да пече леб. Тоа беше најдобриот леб што некогаш сум го јадел.

Кога во 1943 отидовме во Хонолулу на христијански конгрес, Доналд Хаслет, кој тогаш беше надгледник на подружницата на Хаваи, ни предложи да се преселиме таму и да живееме во еден мал стан што беше изграден над гаражата на Друштвото Стражарска кула. Бев поставен за домар на имотот на подружницата и следните пет месеци уживав работејќи таму како пионер.

Неочекуван повик

Во 1943, слушнавме дека Друштвото отворило школа за оспособување на мисионери за служба во странство. Колку сакавме да ја посетиме! Сепак, семејства со деца не беа повикувани, затоа ја напуштивме секоја натамошна помисла. Меѓутоа, во 1947, брат Хаслет ни рече дека Друштвото сака да знае дали тука има Хавајци кои се спремни да прифатат странска служба во Јапонија. Нѐ праша нас што мислиме а јас, како Исаија, реков: „Испрати ме мене“ (Исаија 6:8). Мојата сопруга го мислеше истото. Не се колебавме околу одговорот на Јеховиниот повик.

Така бевме поканети да ја посетуваме Библиската школа Гилеад на Друштвото Стражарска кула за да се оспособиме за мисионери. Поканата ги вклучуваше и нашите три мали деца. Исто така беа поканети и петмина други, Доналд и Мабел Хаслет, Џери и Јоши Тома и Елси Танигава, со кои зимата 1948 заедно отпатувавме за Њујорк.

Континентот го поминавме со автобус. По три дена во автобусот сите бевме изморени, а брат Хаслет ни предложи да застанеме и да ноќеваме во хотел. Кога слеговме од автобусот, еден човек ни пристапи и викна: „Јапонци! Одам дома по пиштол да ги застрелам!“

„Тие не се Јапонци“, му рече брат Хаслет. „Тоа се Хавајци. Како не разликувате?“ Нѐ спаси неговата досетлива забелешка.

Дали навистина бевме дел од 11-от клас на Гилеад? Изгледаше како чудесен сон. Но, неговата реалност наскоро стана очигледна. Од нашиот клас, претседателот на Друштвото Стражарска кула Натан Х. Нор избра 25 студенти за да бидат оспособувани за можна мисионерска служба во Јапонија. Бидејќи имав јапонско потекло и зборував малку јапонски, бев поставен да ја учам оваа група студенти за тој јазик. Со оглед на тоа дека не бев стручно оспособен во јазикот, тоа не беше лесно; но некако преживеавме!

Во тоа време нашиот син Лој имаше десет години, а нашите две ќерки, Телма и Сали, имаа осум и шест. Што се случуваше со нив додека бевме во школата? Тие исто така одеа на школо! Автобусот ги собираше наутро и ги враќаше дома доцна во денот. Кога ќе се вратеа од училиште, Лој работеше со браќата на фармата на Друштвото, а Телма и Сали работеа во пералната каде што диплеа марамчиња.

Психичка подготовка за непознатото

Кога дипломиравме во Гилеад, на 1. август 1948, едвај чекавме да стигнеме на нашата доделба. Брат Хаслет отиде пред нас за да најде место каде што ќе живеат мисионерите. На крајот, најде двокатна куќа во Токио, и на 20. август 1949, нашето семејство замина во нашиот иден дом.

Пред да стигнеме во Јапонија, често размислував за оваа ориентална земја. Размислував за лојалноста на јапонскиот народ кон нивните човечки господари и кон царот. Многумина Јапонци ги дале своите животи за овие човечки владетели. За време на Втората светска војна, камиказите умирале за царот така што ги насочувале своите летала во оџаците на непријателските воени бродови. Предвид ја имав мислата дека ако јапонскиот народ е толку верен на човечки господари, што би сториле ако го најдат вистинскиот Господар, Јехова?

Кога пристигнавме во Јапонија, во целата земја имаше само седум мисионери и грска објавители. Сите се зафативме со работа, а јас настојував да го поправам своето познавање на јазикот и бев во состојба да започнам библиски студии со многумина кои го повикувале Бог во своите срца. Голем број од тие рани библиски ученици останаа верни сѐ до денешен ден.

Мисионерска служба со нашите деца

Како можевме да ја извршиме мисионерската служба со три мали деца на кои им беше потребна грижа? Силата зад сето тоа беше Јехова. Добивавме мал надоместок од Друштвото, а Масако шиеше облека за децата. Покрај тоа, по малку ни помагаа и моите родители.

Откако го заврши основното училиште, Лој некое време служеше во јапонската подружница на Библиското и трактатно друштво Стражарска кула. Меѓутоа, поради здравствени проблеми, одлучи да се врати на Хаваи на лекување. Тој и неговата сопруга сега верно му служат на Јехова во Калифорнија. Од неговиот брак благословени сме со четири верни внуци. Сите се крстени, а еден од нив, заедно со неговата сопруга, служи во бруклинскиот Бетел, светската централа на Јеховините сведоци.

Моите ќерки, Телма и Сали, кога пораснаа, добија статус на мисионери. Телма сега служи како мисионер во градот Тојама. Сали се омажи за братот мисионер Рон Трост, и досега 25 години служат во Јапонија како мисионери во патувачкото дело.

Од север на југ

Откако поминавме две години во Токио, бевме испратени на две години во Осака. Нашата следна доделба нѐ однесе на север во Сендаи, каде што служевме околу шест години. Тие години во Сендаи нѐ направија погодни за доделба на најсеверниот остров на Јапонија, Хокаидо. На Хокаидо нашите ќерки добија статус на мисионери. Исто таму моравме да се навикнеме на зимски температури кои понекогаш се симнуваа под нулата. По тропските Хаваи, тоа беше прилично голема промена!

Но, еден ден добив нов повик од Друштвото во облик на писмо. Тоа бараше да отворам канцеларија на подружница на Окинава, која сѐ уште беше под контрола на САД. Преселбата од студениот северен врв на Јапонија на она што сега стана најјужното подрачје на Јапонија, можеше да биде голем предизвик. Што ќе сторам? Иако се сметав за несоодветен, во ноември 1965, пристигнав во Окинава, придружен како и секогаш, од мојата верна сопруга. Ќе биде ли животот на Оконава ист како животот во Јапонија? Каква е културата? Ќе одговорат ли луѓето на Јеховината порака на спасение?

Кога пристигнавме, на Окинава имаше не повеќе од 200 објавители. Сега таму има повеќе од 2.000. На почетокот, повремено бев обласен надгледник, а повремено надгледник на подружницата. Патувањето по островот ми помогна да изградам близок однос со тамошните браќа, и за мене беше предност што можев да им служам.

Ослободени од проблеми?

Нашата мисионерска кариера во никој случај не беше без проблеми. Додека бевме на одмор во Соединетите Држави во 1968, Масако се разболе и мораше да оди на операција. Ѝ отстранија тумор од цревата и потоа значително закрепна. Немавме здравствено осигурување и бевме загрижени дека можеби не ќе можеме да се вратиме на нашата доделба. Меѓутоа, на наше големо изненадување, пријателите во верата се погрижија за сѐ.

Што се однесува до мене лично, сега живеам со проблеми вообичаени за дијабетичари. Иако не сум слеп, видот ми е значително оштетен. Но преку Јеховината љубезна доброљубивост, во состојба сум да примам редовна духовна нега така што слушам касети на Стражарска кула и Разбудете се! Браќата и сестрите во вера исто така ми помагаат со тоа што ми читаат разновиден материјал.

Како можам и понатаму да држам јавни говори со мојот оштетен вид? Прво го снимам својот говор, а потоа давам да го пуштат преку разгласот додека јас немо се изразувам. Меѓутоа, на предлог од ќерка ми, се поправив и во тоа. Сега ги снимам моите говори на еден мал касетофон и им го давам, додека јас го слушам со слушалки својот однапред снимен говор.

Кога и да се соочевме со вистински проблеми, никогаш не пропуштавме да го бараме Јехова. На крајот, благословите што пристигнуваа кога Јехова ќе ги решеше проблемите секогаш беа поголеми отколку што самите проблеми изгледаа дека се. Да се продолжи во неговата служба е единствениот начин да се покаже нашата благодарност.

После 23 години на Окинава, повторно бевме доделени на истото географско место на кое служевме кога првпат стапнавме во Јапонија. Главната канцеларија на Друштвото и нејзиниот поголем мисионерски дом се на истото место на кое беше двокатната зграда во Токио, што ја купи брат Хаслет пред многу години.

Освен Масако и јас, уште 11 наши роднини сега служат како мисионери во Јапонија. Сите сметаат дека е голема предност да се види порастот што Јехова го предизвика во оваа земја на превладувачките будистички и шинто култури. Делото во Јапонија имаше мали почетоци, но Јеховината моќ искова „нација“ од преку 167.000 објавители на добрата вест (Исаија 60:22).

Кога го повикав Бог, тој ми одговори. Кога тој ме покани, јас одговорив потврдно. Со мојата сопруга сметаме дека го направивме само она што бевме должни да го направиме. А ти? Кога те повикува твојот Творец, дали се огласуваш?

[Слика на страница 28]

Семејството Тохара со некои од нивната група на пионери на Хаваите, 1942

[Слика на страница 29]

Децата на Тохара во Гилеад, 1948

[Слика на страница 31]

Среќни што одговориле на повикот, Шиничи и Масако Тохара навршиле 43 години во мисионерското дело

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели