ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 1/3 стр. 26-29
  • Јехова ме одржа во пустински затвор

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јехова ме одржа во пустински затвор
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Уапсен
  • Во притвор
  • Пустински затвор
  • Животот во затворот
  • Да се остане духовно јак
  • Комуникација со нашите браќа
  • Конечно ослободен!
  • Од политички активист до неутрален христијанин
    Разбудете се! 2002
  • Повеќе од 50 години ‚преминување‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Благословени „во поволно време и во тешко време“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Бев одметник
    Разбудете се! 1996
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 1/3 стр. 26-29

Јехова ме одржа во пустински затвор

РАСКАЖАЛ ИСАИЈА М’ВЕ

Немаше судење, и не бев сторил никаков злочин. Па сепак, бев осуден на принудна работа во една казнена колонија во срцето на жестоката африканска пустина Сахара. Да биде уште полошо, никој од моите пријатели не знаеше каде сум. Тоа се случи пред повеќе од осум години, во летото 1984. Да ви објаснам како се најдов во таа грозна ситуација.

ВО 1958, кога имав само 12 години, мојот постар брат стана Јеховин сведок. Меѓутоа, татко ми и мајка ми продолжија да ги обожаваат своите племенски богови на државата Абија (Нигерија), каде што живеевме.

Во 1968 ѝ се придружив на војската на Бијафра. Додека бев во рововите, размислував за неутралниот став на Јеховините сведоци и се молев на Бог да ми помогне. Му ветив дека, ако ми дозволи да ја преживеам војната, ќе станам еден од неговите Сведоци.

После војната презедов брзи чекори да го исполнам моето ветување. Се крстив во 1970 и веднаш стапив во полновремената служба како пионер. Со текот на времето бев наименуван за старешина во христијанското собрание. Набргу добив покана од канцеларијата на нигериската подружница да прифатам мисионерска задача во една соседна земја каде што делото на Јеховините сведоци не беше законски признаено. Прифатив, и до јануари 1975 веќе бев на пат со пасошот в рака.

Уапсен

Во 1978 бев доделен да ги посетувам Сведоците низ земјата. Бидејќи беа малку, патував низ огромни подрачја, посетувајќи ги сите градови каде што имаше собранија, како и подрачјата каде што имаше заинтересирани лица. Честопати ме испрашуваа на полициските контролни пунктови. Двапати по четири дена ме држеа во притвор и ме сослушуваа во врска со нашето дело.

Тогаш, во јуни 1984, додека во една недела се подготвувавме за служба на проповедање, еден пријателски настроен службеник ни јави дека полицијата сакала да ги уапси Јеховините сведоци. По една седмица, Џагли Кофиви од Того и јас бевме уапсени. Нѐ одведоа во полициската станица и ни наредија да ги кажеме имињата на сите Јеховини сведоци во градот. „Ако не ни ги дадете имињата — рекоа — нема да ве пуштиме“.

„Вие сте полиција“ — одговорив. „Ваша работа е да ги најдете луѓето кои ги барате. Јас не сум ваш агент.“ Расправавме околу 30 минути и полицијата ни се закануваше со тепање. И покрај тоа не им ги дадовме имињата на нашите христијански браќа. Тогаш решија да ми ја конфискуваат мојата голема библиотека со библиска литература.

Во притвор

Кога се вратив во полициската станица со книгите, Џагли и јас ги истоваривме. Додека ги носевме, од мојата голема Библија испадна едно парче хартија. Тоа беше програма за обласен конгрес на која беа отпечатени имињата на сите христијански старешини во земјата. Брзо го собрав и го пикнав в џеб. Но, еден од полицајците ме виде и ми нареди да му го предадам. Се разбира, се чувствував ужасно.

Хартијата ја ставија на маса во собата каде што Џагли и јас ги внесувавме книгите. Кога влегов со следната тура, дојдов до масата, го собрав листот и го стуткав в џеб. Потоа замолив да одам по нужда. Еден полицаец ме придружуваше сѐ до тоалетот. Откако влегов и ја затворив вратата, го искинав листот на парчиња и ја пуштив водата во тоалетот.

Кога полицајците дознаа што се случило, беа разбеснети. Но се плашеа да сторат било што, затоа што нивните претпоставени би ги обвиниле за немарност што ми ја пружиле приликата да го уништам листот. Откако нѐ држеа во притвор 17 дена, еден полициски инспектор ни рече да си ги собереме работите затоа што требало да нѐ преселат на некое друго место. Нешто од облека ставивме во пластично ќесе, а на дното од ќесето ставив мала Библија која еден посетител тајно ни ја достави.

Успеавме да ги известиме Сведоците дека ќе не селат, но каде, не знаевме. Рано изутрината на 4. јули 1984, полицискиот инспектор нѐ разбуди. Нѐ претресе и нѐ замоли да ја извадиме облеката од ќесето и да ја земеме в раце. Но кога дојдов до последната кошула, ми рече да ја вратам облеката во ќесето, и така Библијата не беше откриена.

Пустински затвор

Полицијата нѐ одвезе до аеродромот каде што се качивме во еден воен авион. Со часови подоцна пристигнавме во еден град со околу 2.000 жители, во чија близина се наоѓа затвор. Тоа е на околу 650 километри возење до најблискиот град. Од авионот нѐ одведоа во затворот и нѐ предадоа на затворскиот управник. Никој од нашите семејства или пријатели не знаеше каде сме одведени.

Градот во којшто нѐ одведоа е една оаза во Сахара. Таму има жбунови, понекое дрво и градби со ѕидови од исушена кал. Вода можеше да се добие со копање барем метар или метар и половина. Еден 31-годишен домородец од тоа подрачје ни кажа дека во својот живот само еднаш видел дожд! А подрачјето беше неподносливо жешко. Еден затвореник рече дека термометарот во затворските простории еднаш регистрирал 60° C! Постојано дуваше силен ветар, носејќи песок кој ја печеше кожата и ги оштетуваше очите.

Секој што ќе пристигнеше на тоа место ќе забележеше дека се наоѓа во најлошиот казнен центар. Затворот беше опколен со високи ѕидишта кои пружаа некаква заштита од ветрот и сонцето. Но ѕидовите не беа потребни за да се спречи бегство, зашто немаше каде да се оди. Вон оазата немаше никакво дрво, воопшто ништо што би му пружило засолниште на некој кој би сакал да побегне.

Пред да влеземе, затворскиот управник нѐ претресе. Ни рече да извадиме сѐ што имаме од ќесето. Почнав да ги кревам нашите кошули една по една. Кога остана последната кошула, која ја покриваше Библијата, го пружив ќесето за да му ја покажам кошулата што беше внатре и реков: „Тоа е сѐ што ни дозволија да земеме“. Задоволен, рече да се упатиме кон двориштето. Библијата беше единствената публикација што ја имавме.

Животот во затворот

Сѐ на сѐ, имаше околу 34 затвореници. Тоа беа најзлогласните и најопасните криминалци во земјата. Многумина беа убијци кои ги сметаа за непоправливи. Сите ние спиевме во две огромни ќелии одделени со една отворена мијалница. Во мијалницата имаше едно отворено буре што се користеше како тоалет. Иако затворениците го празнеа секое утро, изгледаше дека сите муви од пустината дошле да уживаат во ладовината и нечистотијата на тоа буре.

Единствената храна што ја имавме беше шеќерна трска. Неа ја мелеше, вареше и делеше на чинии еден затвореник, а потоа чиниите ги ставаше на рогозината од секој затвореник. Храната не се покриваше. Кога се враќавме од работа, секоја чинија беше покриена со по стотици муви. Кога ги земавме своите чинии, мувите одлетуваа со бучно зуење. Првите два дена не јадевме ништо. Најпосле, третиот ден откако ги отеравме мувите и го отстранивме здебелениот слој од површината, почнавме да јадеме од храната. Се молевме Јехова да го заштити нашето здравје.

Долго работевме на сонце, рушејќи ги ѕидовите од старото затворско двориште, а градевме нови. Тоа беше крајно напорна работа. Работевме без прекин од 6 часот наутро до пладне, нешто ќе касневме, а потоа работевме до 18 часот. Немаше слободни денови. Не само што страдавме од горештината, туку и од студот во текот на зимата. А страдавме и од суровите стражари.

Да се остане духовно јак

Џагли и јас скришум ја читавме Библијата и разговаравме заеднички за она што го учевме. Не можевме јавно да читаме затоа што ќе ни ја одземеа Библијата и ќе нѐ казнеа. Еден затвореник со кого започнав библиска студија, имаше газиена ламба што ја делеше со мене. Често пати станував во еден или два наутро и читав сѐ до околу пет часот. На тој начин успеав да ја прочитам целата Библија.

Им проповедавме на останатите затвореници, а еден од нив му кажа на главниот стражар за нас. Неочекувано, стражарот му даде на затвореникот еден примерок од Разбудете се! што го имаше, а затвореникот ни го предаде нам. Го читав и пречитував. Нашето читање и проповедање ни помогна да останеме духовно јаки.

Комуникација со нашите браќа

Не ни беше дозволено да пишуваме или праќаме писма. Меѓутоа, едно лице кое беше пријателски настроено се спријателивме рече дека сака да ни помогне. На 20. август, околу шест недели по пристигнувањето, тајно напишав две писма, едно до нигериската амбасада, а другото до пријателите Сведоци. Ги закопав во песокта и го обележав местото со голем камен. Подоцна, мојот пријател дојде и ги откопа.

Неделите си минуваа, а јас немав никаков абер. Постепено губев надеж дека писмата се доставени. Но тие се пробија, а нашите браќа во верата ја започнаа борбата да ни овозможат ослободување. Нигерискиот министер за надворешни работи исто така се заинтересирал за работата и ја прашал владата на земјата каде што бев затворен зошто ме затворила во еден таков затвор.

Во меѓувреме, изутрината на 15. ноември 1984, нѐ повикаа да исчистиме нешто. Стражарите ме одведоа во тоалетот на едно средно училиште којшто луѓето го користеле со недели, иако бил затнат. Беше полн со измет. Мојата работа, рекоа стражарите, беше да го исчистам. Единствениот алат што го имав беа моите раце. Додека се чудев како да се зафатам со оваа одвратна задача, дојде главниот стражар и рече дека окружниот началник сакал да ме види.

Кога стигнав, окружниот началник рече дека неодамна разговарал со претседателот на земјата, кој дознал за мојата неповолна ситуација. Претседателот објаснил дека ако ги кажам имињата на Јеховините сведоци во земјата, веднаш ќе сум бил ослободен и ќе сум можел да си заминам со првиот авион. Повторно реков дека ако ги бараат Јеховините сведоци, полицијата нека ги пронајде, зашто тоа е незина работа. Окружниот началник ми рече дека би требало многу сериозно да размислам за нивната понуда. Рече дека ќе ми даде четири до пет дена да размислам. Потоа ми дадоа волно, и за среќа, стражарите ме вратија во затворот а не во оној тоалет!

По пет дена окружниот началник ме повика и ме праша што сум одлучил. Реков дека единствената причина заради која сум во нивниот затвор е таа што сведочам за вистинскиот Бог и дека не сум сторил ништо лошо. Објаснив дека имам законски пасош и дозвола за престој. Сите мои документи беа уредни, и кога и да сум патувал во некој град, секогаш сум се пријавувал во полицијата за да проверам дали е сѐ во ред. Бидејќи не бев сторил никаков злочин, запрашав: „Зошто сум казнет? Ако не сум пожелен во земјата, зошто не ме протераа? Зошто сум осуден на вакво место?“

Зборував околу 15 минути. Кога завршив, окружниот офицер ме замоли да го запишам сето тоа што го реков, и ми рече дека моите забелешки ќе му бидат поднесени на претседателот. Ми дадоа хартија и напишав четири страници.

Конечно ослободен!

Не слушнав повеќе ништо за таа работа сѐ до јануари 1985, околу седум месеци откако бев затворен. Во таа прилика дојде главниот стражар и ме праша дали сум пишувал писмо до нигериската амбасада. „Да“ — одговорив.

„Зошто си го сторил тоа? Зошто не си ми кажал?“ — праша тој.

Му реков дека таа работа не го засега. Но го уверив дека не сум напишал ништо против него, бидејќи тој нема ништо со тоа што сум испратен в затвор. „Дури и мајка ми не знае каде сум“ — реков. Потоа сакаше да дознае како сум го испратил писмото, но одбив да му кажам.

Следниот ден стражарите поправаа еден Ланд-Ровер и ми рекоа дека Џагли и јас ќе бидеме преселени. Нѐ изведоа надвор, нѐ слекоа и нѐ претресоа. Претходно му ја бев дал мојата Библија на затвореникот со кого студирав, зашто знаев оти стражарите ќе ја запленеа ако ја најдеа кај мене. Овој човек ни кажа дека кога ќе биде пуштен, сака да стане еден од Јеховините сведоци. Ние се молиме да да успее во тоа.

Кратко потоа, бев протеран во Нигерија, и во февруари 1985 продолжив со мојата служба како патувачки надгледник во таа земја. Од 1990 служам како обласен надгледник во Нигерија. Џагли сега служи како верен Сведок во Брегот на Слоновата Коска.

Од ова искуство научив од прва рака дека Јехова Бог може да нѐ одржи дури и под најтешкиот притисок. Секогаш одново ја гледавме неговата рака како нѐ штити во затворот. Нашето ослободување ми врежа во мислите дека Јехова знае не само каде се неговите слуги и од што страдаат, туку и како да ги избави од искушение (2. Петрово 2:9).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели