ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 1/11 стр. 6
  • Почитување на светоста на крвта

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Почитување на светоста на крвта
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Сличен материјал
  • Семинари за подобрување на односите помеѓу лекарите и Јеховините сведоци
    Разбудете се! 1995
  • Помош во задржувањето на светоста на крвта
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Лекарскиот позив
    Разбудете се! 1993
  • Иако бев слеп, очите ми се отворија!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 1/11 стр. 6

Објавителите на Царството известуваат

Почитување на светоста на крвта

БИБЛИЈАТА покажува дека крвта е драгоцена во Божјите очи и дека тој ја осудува нејзината злоупотреба (3. Мојсеева 17:14; Дела на св. апостоли 15:19, 20, 28, 29). Поради овие библиски налози, Јеховините сведоци не прифаќаат трансфузија на крв.

Со цел да им помогнат на лекарите и болничкиот персонал да ја разберат религиозната положба на Јеховините сведоци по ова прашање и да сфатат дека Сведоците ќе прифатат алтернативни третмани, Watch Tower Society организира Одбори за контактирање со болниците (ОКБ) во повеќе земји. Членовите на овие одбори ги посетуваат болниците и разговараат со медицинскиот персонал. Неодамна, во 12 градови во Полска беа одржани преку 200 состаноци во кои учествуваа повеќе од 500 доктори, повеќето од нив началници на клиниките или болничките оддели. Искуството кое следи се случило за време на една таква посета:

„Состанокот на клиниката за кардиохирургија во Забже беше големо достигнување. Од 1986, тимот на клиниката оперира на наши браќа без крв. До денес се изведени 40 такви операции. Клиниката е спремна да прими пациенти од цела Полска, па дури и од странство. После 50-минутната дискусија, заменик-началникот на одделот ги претстави членовите на ОКБ на една група пациенти и рече: ‚Овие луѓе се Јеховини сведоци. Тие соработуваат со нашата клиника и ни помагаат. Од нивната помош имаат корист не само нивните соверници туку и сите останати пациенти. Благодарение на Јеховините сведоци, се уверивме дека поголемите операции на срцето можат да се изведат и без крв.

На пример, оваа госпоѓа [покажува на една од неговите пациентки] ја опериравме без крв, и во понеделник ќе си оди дома. Сакам да забележам дека сега многу поретко отколку порано употребуваме крв поради нејзините опасности. Поврзана е со ХИВ, хепатит и пролонгирана реконвалесценција.

Јас сум католик, но во нашето семејство отсекогаш сме биле толерантни кон гледиштата на другите. Еден ден шетав крај стадионот Слонски со децата. Пред тоа стадионот беше запуштен, а сега забележавме дека е толку видоизменет што не можевме да го препознаеме. Кога прашав еден работник како дошло до таква промена, тој ми рече дека управата веќе изгубила надеж дека ќе го среди стадионот, но им го изнајмиле на Јеховините сведоци и тие го реновирале.

Да, тоа се луѓе од кои сите ние можеме многу да научиме. Сметам дека на овој оддел би требало да бидеме толерантни спрема гледиштата на другите‘. Тогаш, покажувајќи на една жена Сведок која треба да биде оперирана за неколку дена, рече: ‚Оваа госпоѓа е Јеховин сведок и ќе биде оперирана без крв‘.“

Иако Јеховините сведоци не се обидуваат да им ги наметнат своите верувања на другите, тие го следат апостолскиот пример и ‚му се покоруваат на Бог повеќе отколку на луѓето‘ (Дела на св. апостоли 5:29). Ова вклучува и почитување кон крвта. Тие ценат кога другите ги почитуваат нивните религиозни уверувања по ова прашање.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели