ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 1/2 стр. 20-25
  • Најнапред го баравме Царството

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Најнапред го баравме Царството
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Ценење за библиската вистина
  • Стапување во пионерската служба
  • Нашата служба во воените години
  • Повоената активност — после тоа Гилеад
  • Нашата служба во Бразил
  • Еден богат, наградувачки живот
  • Дали парите носат вистинска среќа?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Ја избрав најдобрата кариера
    Разбудете се! 2007
  • Јехова богато ја награди мојата желба да бидам Мисионер
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Најдоброто што го сторив со својот живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 1/2 стр. 20-25

Најнапред го баравме Царството

РАСКАЖАЛА ОЛИВ СПРИНГЕЈТ

Мајка ми штотуку ја изгасна свеќата и излезе од собата откако ја слушна нашата молитва. Мојот помал брат веднаш ме праша: „Олив, како може Бог да нѐ види и чуе преку ѕидови од цигла?“

„МАМА вели дека тој може да види низ сѐ“ — одговорив — „дури и во нашите срца“. Мајка ми беше една богобојазлива жена и жеден библиски читател што во нас децата всади длабоко почитување за Бог и библиските начела.

Нашите родители беа членови на Англиканската црква во малото гратче Четем, во грофовијата Кент (Англија). Иако мајка ми редовно одеше в црква, веруваше дека да се биде христијанин е повеќе отколку само секоја недела да седи и слуша проповеди таму. Исто така беше уверена дека Бог мора да има само една вистинска црква.

Ценење за библиската вистина

Во 1918, кога имав околу пет години, мама нарача книги со наслов Studies in the Scriptures кои ги напишал Чарлс Т. Расел, првиот претседател на Watch Tower Bible and Tract Society. Неколку години подоцна, додека живеевме во малечкото гратче Вигмор, мајки ми стапи во контакт со еден Истражувач на Библијата, како што Јеховините сведоци тогаш беа познати. Ја зела книгата The Harp of God, помошно средство за проучување на Библијата и во неа почнала да ги пронаоѓа одговорите на многуте нејзини библиски прашања. Секоја недела, на една розова картичка пристигнуваа по пошта отпечатени прашањата за секое поглавје. На картичката беше покажано каде во книгата можеа да се најдат одговорите.

Во 1926 година јас, моите родители и сестра ми Берил ја напуштивме Англиканската црква затоа што ни се смачи од мешањето на црквата во политиката, како и од многуте нејзини неразумни науки. Истакнато учење беше дека Бог вечно ги мачи луѓето во пеколен оган. Мајка ми, која навистина ја бараше библиската вистина, беше убедена дека Англиканската црква не беше вистинската.

Набргу после тоа, како одговор на искрените мајчини молитви нѐ посети г-ѓа Џексон, Истражувач на Библијата. Речиси два саата зборуваше со мајка ми и мене, одговарајќи ни од Библијата на нашите прашања. Бевме среќни што меѓу останатото дознавме дека нашите молитви треба да бидат упатени до Јехова Бог, Таткото на Исус Христос, а не на некое мистериозно Тројство (Псалм 83:18, НС; Јован 20:17). Но, за мене најнезаборавно прашање кое мајка ми го постави беше: „Што значи најнапред да се бара Царството?“ (Матеј 6:33).

Библиски темелениот одговор во основа ги измени нашите животи. Од таа недела почнавме да одиме на состаноците на Истражувачите на Библијата и да ги споделуваме со други работите кои ги дознававме. Бевме уверени дека ја најдовме вистината. Неколку месеци подоцна во 1927, мајка ми се крсти во знак на својата предаденост да му служи на Јехова, а во 1930 се крстив и јас.

Стапување во пионерската служба

Нашето семејство одеше во собранието Гилингам кое се состоеше од околу 25 души. Неколкумина од нив беа полновремени слуги наречени пионери и сите имаа небесна надеж (Филипјаните 3:14, 20). Нивната христијанска ревност беше заразна. Уште како млада девојка, на почетокот од 1930-тите кратко време пионерев во Белгија. Тоа ја подгреа мојата желба за понатамошна служба за Царството. Во тоа време учествувавме во акцијата на секој свештеник да му разделиме по еден примерок од брошурата Царството, надежта на светот (The Kingdom, the Hope of the World).

Во меѓувреме татко ми почна многу да се противи на нашата христијанска активност и поради тоа во 1932 се преселив во Лондон за да учам на колеџ. Подоцна, четири години работев како учителка и за тоа време бев поврзана со собранието Блекхет, едно од само четирите собранија во Лондон во тоа време. Тогаш почнавме да слушаме известувања за затворање и страдање на нашите христијански браќа и сестри во хитлеровска Германија поради тоа што одбиваа да ги подржуваат воените потфати на Хитлер.

Во 1938, истиот месец кога завршив со плаќањето на долгот за книгите што ги бев нарачала, ја напуштив работата за да ја исполнам својата желба да станам пионер. Во истото време и сестра ми Берил почна да пионерува во Лондон, но таа живееше во друг пионерски дом. Мојата прва партнерка за пионерење беше Милдред Вилет која подоцна се омажи за Џон Бар, денес член на Водечкото тело на Јеховините сведоци. Јас и останатите од нашата група возевме велосипед до нашите подрачја и останувавме таму по цел ден, често пати и покрај дождот.

Облаците на војната веќе се надвиснуваа над Европа. За граѓаните се одржуваа вежби со гас маски и започнаа подготовки за евакуација на децата во внатрешноста на Англија или, пак, во малите градови во случај на војна. Имав заштедено толку пари колку да си купам еден пар чевли, а од моите родители не можев да добијам финансиска помош. Но, зарем Исус не рекол дека ‚сите овие [останати] работи ќе ви бидат додадени ако најнапред го барате царството‘? (Матеј 6:33). Јас имав потполна доверба во Јехова дека тој ќе ги намири сите мои потреби и тој тоа го прави сиве овие години толку изобилно. Понекогаш за време на војната се прехранував на тој начин што собирав зеленчук што паднал на патот од натоварените камиони. А често пати храна добивав и со замена на библиската литература за овошје и зеленчук.

Сестра ми Соња се роди 1928. Имаше само седум години кога својот живот му го предаде на Јехова. Соња вели дека дури и на таква рана возраст цел ѝ била пионерската служба. Во 1941, не долго откако го симболизира своето предание преку крштение во вода, ја оствари таа своја цел кога заедно со мајка ми беа доделени како пионерки во Сирфили, Јужен Велс.

Нашата служба во воените години

Во септември 1939 започна Втората светска војна и нашите христијански браќа и сестри во Британија почнаа да ги затвораат од истата причина поради која ги затвораа и соверниците во нацистичка Германија — поради неутралниот став спрема учеството во војна. Бомбардирањето на Англија почна во средината на 1940. Секоја ноќ тоа беше заглушувачко, но со Јеховина помош успевавме да отспиеме по малку и да се освежиме за делото на проповедање за наредниот ден.

Понекогаш, кога ќе отидевме на нашите подрачја за проповедање, ќе најдевме само урнатини. Во ноември 1940, една бомба падна само неколку метри од куќата во која живеевме. Експлозијата ги разнесе прозорците на илјадници парчиња, тешката надворешна врата се сруши, а оџакот се претвори во прав. Откако остатокот од ноќта го минавме во засолниште за заштита од воздушен напад, се раздвоивме и заминавме на стан кај различни Сведоци.

Набргу потоа добив доделба за Кројдон, во Поголемиот Лондон. Моја партнерка за пионерење беше Ен Паркин чијшто брат Рон Паркин подоцна стана координатор на одборот на подружницата во Порторико. После тоа се преселив во Бриџенд, Јужен Велс, каде продолжив со пионерската служба живеејќи во кочија шест месеци. Оттаму возевме велосипед по шест километри до најблиското големо собрание во Порт Талбот.

Дотогаш јавноста веќе стана сосем непријателски расположена спрема нас, нарекувајќи нѐ „совесните“ (оние кои поради совеста се противат на воената служба во војна). Поради тоа, тешко можевме да најдеме сместување, но Јехова секогаш се грижеше за нас како што и ветил.

Подоцна, осуммина бевме доделени како специјални пионери во Свонзи, пристанишен град во Јужен Велс. Како што војната нараснуваше во интензитет, така нараснуваше и предрасудата спрема нас. На ѕидот од нашиот пионерски дом ни испишуваа зборови како „издајници“ и „кукавици“. Ова непријателство во голема мера беше испровоцирано од страна на новинските извештаи кои нѐ осудуваа поради нашиот неутрален став. На крајот, еден по еден, седуммина од нас ги испратија в затвор. Јас минав еден месец во затворот во Кардиф во 1942, а подоцна и сестра ми Берил беше затворена во истиот затвор. Иако во материјален поглед имавме малку и поднесувавме исмејување и клеветање, духовно бевме богати.

Во меѓувреме мајка ми и Соња пионереа во Сирфили и доживуваа слични искуства. Првата библиска студија која Соња ја водела била со една госпоѓа со која се договорила да ја посети еден петок навечер. Соња била убедена дека мајка ми ќе ја придружува, но таа ѝ објаснила: „Јас веќе договорив друга посета. Ти си ја закажала посетата, ќе мораш сама да одиш“. Иако Соња имаше само 13 години, отишла сама, а таа госпоѓа одлично духовно напредувала и подоцна станала предаден Сведок.

Повоената активност — после тоа Гилеад

Кога во 1945 заврши Втората светска војна, работев на едно изолирано подрачје во Веили Бриџ (Дербишир). Тоа утро кога објавија прекин на војната, ние посетувавме и тешевме луѓе кои дотогаш веќе сосема беа сити од неа — сирачиња, вдовици и инвалиди.

Неколку месеци подоцна, Заедницата побара волонтери за проповедање во Ирска, „Зелениот Остров“. Во тоа време имаше само 140 Јеховини сведоци на островот, па така беше сметан за мисионерско подрачје. Во текот на неколку месеци беа доделени околу 40 специјални пионери, меѓу кои бев и јас.

Откако служев некое време во Коулрејн и Кукстаун на север, ме доделија заедно со уште тројца други во Дрогеда на источната страна. Иако Ирците по природа се многу срдечни и гостољубиви, религиозната предрасуда беше голема. Затоа, во текот на една цела година оставивме само неколку помошни средства за студирање на Библијата (всушност само една книга и неколку брошури).

За време на престојот во Дрогеда, возев велосипед од една фарма до друга кога наеднаш еден млад фармер се појави од зад живата ограда покрај патот. Подгледна лево–десно на патот, а потоа полугласно ме праша: „Дали сте вие Јеховин сведок?“ Кога потврдно му одговорив, тој продолжи: „Синоќа имав ужасна расправија со мојата свршеничка поради вас, девојки, и затоа раскинавме. Таа тврдеше дека вие сте комунисти, како што велат католичките свештеници и весниците, но јас тврдев дека тоа не би можело да биде точно, бидејќи јавно одите од куќа до куќа“.

Му дадов да прочита една брошура која ја скри во џебот и се договоривме да се најдеме и повеќе да зборуваме после квечерината, бидејќи рече: „Ако ме видат дека разговарам со вас, ќе ја загубам работата“. Таа вечер го посетивме двајца и одговаравме на многуте негови прашања. Изгледаше уверен дека ова е вистината и вети дека ќе дојде во нашиот дом некоја друга ноќ за да дознае уште повеќе работи. Никогаш повеќе не дојде, па си помисливме дека првата ноќ веројатно го препознале некои од велосипедистите кои поминувале и ја загубил работата. Често пати се прашувавме дали некогаш станал Сведок.

Откако го посетивме обласниот конгрес во Брајтн на јужниот брег на Англија, во 1949, неколкумина од нас добија позив за Библиската школа Гилеад на Watchtower во државата Њујорк. Вкупно 26-мина од Британија го посетија 15-иот клас кој дипломира на 30. јули 1950, за време на меѓународниот конгрес на Стадионот Јенки.

Нашата служба во Бразил

Следната година бев доделена во Сан Паоло (Бразил), еден од градовите во светот со најголем прилив на население. Во тоа време имаше само пет собранија на Јеховините сведоци, а денес речиси 600! Каква спротивност беше да се работи овде за разлика од Ирска! Повеќето од куќите на нашето подрачје во Сан Паоло беа вили окружени со високи железни огради со уметнички порти од ковано железо. Сопственикот на куќата или слугинката ќе ги повикавме со плескање со дланките.

Како што годините поминуваа, добивав и нови доделби. Имав предност да помагам во формирањето на нови собранија во различни места во внатрешноста на државата Сан Паоло, вклучувајќи го и она во Хундиеи во 1955 и уште едно во Пирасикаба во 1958. Подоцна, во 1960, сестра ми Соња ми стана партнер во мисионерската служба и заедно нѐ доделија во Порто Алегре, главниот град на државата Рио Гранде до Сул. Веројатно се прашувате како стигна таа во Бразил?

Соња и мајка ми продолжија да пионерат во Англија по Втората светска војна. Но, на почетокот на 1950-ите мајка ми беше оперирана од рак и толку ослабе што не можеше повеќе да оди од куќа до куќа, но можеше да води библиски студии и да пишува писма. Соња продолжи со пионерската служба и истовремено се грижеше за неа. Во 1959, Соња имаше предност да присуствува на 33-иот клас на Гилеад и беше доделена за Бразил. Тогаш Берил се грижеше за мајка ни сѐ до нејзината смрт во 1962. Берил во меѓувреме се омажи и денес заедно со семејството верно му служи на Јехова.

Во Бразил, јас и Соња им помогнавме на многу луѓе да дојдат до предание и крштение. Меѓутоа, еден од проблемите со кои се соочуваа повеќето Бразилци беше легализирањето на брачната врска. Бидејќи во Бразил е тешко да се добие развод, вообичаено е паровите само да живеат заедно без благословите на брачната заедница. Ова посебно беше случај ако еден од сопружниците бил одвоен од поранешниот законски брачен партнер.

Една госпоѓа која се викаше Ева беше во таква ситуација кога прв пат ја посетив. Нејзиниот законски сопружник исчезнал, па во обид да го пронајдеме дадовме оглас преку радио. Кога го пронајдовме нејзиниот сопружник, ја придружував до друг град за да добие негов потпис на документот со кој требаше да биде слободна за да може да ја легализира врската со невенчаниот маж со кој живееше. На сослушувањето пред судијата, тој нѐ замоли и мене и Ева да објасниме зошто таа сака да ја озакони својата врска. Кога тоа му беше објаснето, тој покажа изненадување и задоволство.

Во една друга прилика отидов со една од моите библиски студентки да го закажам нејзиниот случај кај правникот кој требаше да ја застапува. Уште еднаш беше дадено добро сведоштво во врска со бракот и Божјите мерила за моралот. Во овој случај цената на разводот беше толку висока што и двајцата сопружници мораа да работат за да ги платат трошоците. Но, за овие нови библиски студенти сето тоа се исплаќаше. Соња и јас имавме предност да бидеме сведоци на нивното венчавање, а потоа, заедно со нивните три деца на тинејџерска возраст, да послушаме кратко библиско предавање во нивниот дом.

Еден богат, наградувачки живот

Кога јас и Соња му ги предадовме своите животи на Јехова и станавме пионерки сакавме, ако беше можно, полновремената служба да биде наша животна кариера. Никогаш не размислувавме премногу за тоа што би ни се случило во подоцнежните години или во случај на болест или финансиски потешкотии. Сепак, токму како што Јехова ветил, никогаш не бевме напуштени (Евреите 13:6).

О, да, понекогаш беше проблем кога немавме пари. Едно време, јас и мојата партнерка цела година за ручек јадевме сендвичи од магдонос, но никогаш не сме гладувале ниту пак ни недостасувале основните работи.

Како што годините поминуваа, нашата енергија се намалуваше. Во средината на 1980-ите и двете имавме сериозни операции кои претставуваа суров испит за нас, бидејќи нашите проповеднички активности во голема мерка се ограничија. Во јануари 1987, бевме повикани да бидеме членови на бетелската фамилија на Јеховините сведоци во Бразил.

Нашата голема фамилија од преку илјада слуги е сместена на околу 140 километри од Сан Паоло во еден прекрасен комплекс од згради каде се печати библиска литература за Бразил и други земји на Јужна Америка. Овде добиваме многу љубезна грижа од предадени Божји слуги. Кога за прв пат дојдов во Бразил во 1951, имаше околу 4.000 објавители на пораката за Царството, а денес има преку 366.000! Нашиот сочувствителен небесен Татко навистина ни додал од ‚сите останати работи‘ затоа што ние најнапред го баравме неговото Царство (Матеј 6:33, НС).

[Слика на страница 22]

Олив со Милдред Вилет покрај една кола за информации, 1939

[Слика на страница 25]

Олив и Соња Спрингејт

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели