ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/3 стр. 26-28
  • Вилијам Вистон — еретик или чесен научник?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Вилијам Вистон — еретик или чесен научник?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Библиски научник
  • Контрастни личности
  • Екскомуникација
  • Контроверзен до крај
  • Вилијам Вистон
    Разбудете се! 2014
  • Се сеќаваш ли?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Содржина
    Разбудете се! 2014
  • Вечен живот на Земјата — повторно откриена надеж
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/3 стр. 26-28

Вилијам Вистон — еретик или чесен научник?

ДАЛИ вие би ја жртвувале кариерата поради своите верувања? Вилијам Вистон ја жртвувал.

Тој станал предмет на религиозна контроверзија во почетокот на 18. век, кога се косел со Англиканската црква околу библиските учења. Поради тоа, на крајот бил жигосан како еретик. Така неговата постапка му донела исмејување, но и почитување.

Кој бил Вилијам Вистон? И што постигнал тој?

Библиски научник

Вилијам Вистон бил добар колега на Исак Њутн на универзитетот во Кембриџ. Ако го погледнете англиското издание на списите на еврејскиот историчар од првиот век, Јосиф Флавиј, веројатно ќе го читате Вистоновиот превод од 1736. Иако постојат и други преводи, неговиот научен превод, заедно со неговите забелешки и есеи, сѐ уште е ненадминлив и сѐ уште се печати. Многумина го сметаат ова дело за врвно достигнување на Вистон.

Меѓутоа, не треба да се превиди Primitive New Testament (Првобитен Нов Завет), Вистоновиот превод на Христијанските Грчки списи. Било издадено во 1745, кога тој имал 78 години. Вистон ги превел четирите Евангелија и Дела на апостолите од Кодекс Безае, Павловите писма од Кодекс Клермонт, а останатиот дел, вклучувајќи го и Откровение, од Александрискиот ракопис. Тој внимателно го испуштил додадениот дел од 1. Јованово 5:7. Вистон ги одбрал овие три древни грчки извори како најдобрите што биле достапни во тоа време.

Љубовта спрема Библијата бил јасниот мотив за она што Вистон го правел. Во негово време преовладувал деизмот — учење според кое само разумот е адекватна основа за верување во Бог. Според книгата William Whiston—Honest Newtonian (Вилијам Вистон — чесен Њутнист) тој одлучно го поддржувал „традиционалното гледиште дека Библијата е единствениот сигурен извор на древната историја“. Терминот „Њутнист“ овде се однесува на Исак Њутн, кој е најмногу познат по неговата Principia, во која го објаснил законот на универзална гравитација. Њутновото размислување имало силно влијание врз Вилијам Вистон. Како?

Контрастни личности

Вилијам Вистон се родил во 1667, како син на свештеник на Англиканската црква. По неговото закалуѓерување во 1693, тој се вратил на универзитетот во Кембриџ за да студира математика и да му стане асистент на Њутн. Меѓу нив се развило блиско пријателство. Околу три години подоцна, кога Њутн се откажал од својата положба како лукезијански професор по математика, се погрижил на негово место да биде поставен Вистон. Во својата кариера, Вистон држел предавања по астрономија и математика, но Њутновото влијание го подбудило да развие уште поголем интерес за библиската хронологија и доктрина.

Њутн бил религиозен човек. Како оддаден верник на библискиот милениум, подробно пишувал за пророштвата на Даниил и Откровението. Меѓутоа, скоро ниедно од неговите списи не било објавено за време на неговиот живот. Тој ја отфрлил доктрината за тројството. Но кога требало да се објават неговите докази против тројството, „Њутн се повлекол од страв да не се расчујат неговите антитринитаријански гледишта“, забележува The New Encyclopædia Britannica. Во Isaac Newton, Historian Ф. Е. Мануел се изразил на следниов начин: „Њутновата група или ги чувала во тајност своите мислења или го воздржувала својот ентузијазам. . . . Таму каде што Њутн бил таинствен, Вистон гласно зборувал“. Значи, двајцата мажи биле контрастни личности.

Екскомуникација

Во јули 1708, Вистон им пишал на надбискупите од Кантебери и Јорк, поттикнувајќи ги на реформа на доктрината на Англиканската црква во врска со лажното учење за тројството како што е изложено во Атаназиското верување. Се разбира, го советувале да биде претпазлив. Сепак, Вистон бил упорен. „До крај сум ги проучил овие мисли“, рекол тој, „и во потполност сум убеден дека христијанската црква долго време и во голема мера била во заблуда во врска со овие работи; и, со Божји благослов, ако е во моја моќ, таа нема повеќе да биде измамувана“.

Њутн се плашел за својата општествена и академска положба додека Вистон не. Кога ги формулирал своите антитринитаријански убедувања, напишал брошура со своите гледишта. Но, во август 1708, Универзитетот во Кембриџ одбил на Вистон да му даде дозвола да го печати тој материјал бидејќи го сметале за неортодоксен.

Во 1710, Вистон бил обвинет за поучување на доктрина спротивна на верувањето на Англиканската црква. Го прогласиле за виновен, му ја одзеле положбата на професор и го протерале од Кембриџ. Меѓутоа, и покрај судските постапки кои продолжиле да се водат против него уште скоро пет години, Вистон никогаш не бил осуден за ерес.

Иако неговите антитринитаријански гледишта биле слични на Вистоновите, Њутн не го застапувал својот пријател и на крајот го екскомуницирал. Во 1754, Њутновото библиско учење кое го разоткрива тројството конечно било публикувано — 27 години по неговата смрт. Но било предоцна за да биде од некаква помош за Вистон, кој умрел две години пред тоа.

Њутн исто така се смета одговорен за исклучувањето на Вистон од угледното Кралско друштво. Но Вистон не бил обесхрабрен. Заедно со своето семејство се преселиле во Лондон, каде што формирал Друштво за унапредување на првобитното христијанство. Сета своја енергија ја вложил во пишување, а неговото најважно дело од тоа време е: Primitive Christianity Revived (Првобитното христијанство обновено) во четири томови.

Контроверзен до крај

Како научник, Вистон на различни начини работел на тоа како морнарите да одредат географска должина на море. Иако неговите идеи не биле прифатени, неговата упорност на крајот довела до пронаоѓање на морнарскиот хронометар. И покрај тоа што повеќето Вистонови гледишта околу библиските пророштва, како и оние на неговите современици, се покажале неточни, тој во својата потрага по вистината пробал сѐ. Неговите трактати за орбитата на кометите и неговите претпоставки за влијанието на Потопот од времето на Ное се наоѓаат меѓу многуте кои ги напишал за да ја одбрани и научната и библиската вистина. Меѓутоа, оние кои ја разоткриваат доктрината за тројство како небиблиска ги надминуваат неговите останати списи.

Доследен во своето однесување, Вистон ја напуштил Англиканската црква во 1747. Го сторил тоа и буквално и симболички, излегувајќи од црквата кога еден свештеник почнал да го чита Атаназиското верување. A Religious Encyclopædia за Вистон вели: „Човек мора да се восхитува на мажествената отвореност и вистинољубивоста на неговиот карактер, на доследноста во неговиот живот и на недвосмисленоста на неговото однесување“.

За Вилијам Вистон, вистината не можела да се компромитира, а личните убедувања биле повредни од одобрувањата и фалбите на луѓето. Иако бил контроверзен, Вистон бил чесен научник кој храбро ја бранел Библијата како Божја Реч (2. Тимотеј 3:16, 17).

[Извор на слика на страница 26]

Copyright British Museum

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели