ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/14 стр. 12-13
  • Вилијам Вистон

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Вилијам Вистон
  • Разбудете се! 2014
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ВЕРУВАЊАТА НА ВИСТОН
  • „УГЛЕДЕН НАУЧНИК... ОТФРЛЕН ОД КОЛЕГИТЕ“
  • Вилијам Вистон — еретик или чесен научник?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Се сеќаваш ли?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Содржина
    Разбудете се! 2014
  • Дали навистина е од перото на Јосиф?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
Повеќе
Разбудете се! 2014
g 8/14 стр. 12-13
Вилијам Вистон

ПРОШЕТКА НИЗ ИСТОРИЈАТА

Вилијам Вистон

Вилијам Вистон бил научник, математичар, свештеник, плоден писател и колега на англискиот физичар и математичар Исак Њутн. Во 1702 год., Вистон го наследил Њутн на позицијата лукасијански професор на катедрата по математика на Универзитетот во Кембриџ (Англија). Оваа функција ја вршеле некои од најголемите умови од сферата на науката и технологијата.

ВИСТОН е познат, особено за оние што ја истражуваат Библијата, и по тоа што ги превел на англиски делата на Јосиф Флавиј, еврејски историчар од првиот век. Од нив дознаваме многу за историјата на Евреите и на првите христијани.

ВЕРУВАЊАТА НА ВИСТОН

Вистон бил многу интелигентен човек и изучувал многу области, особено науката и религијата. Тој верувал дека библискиот извештај за создавањето е точен и дека сложеноста, убавината и редот во природата укажуваат на Творец.

Освен тоа, Вистон сметал дека христијанството се расцепкало на многу цркви затоа што свештенството застранило од Библијата и повеќе се држело за небиблиските учења и традиции што биле усвоени на црковните собири и што ги застапувале таканаречените црковни отци.

Вистон бил убеден дека Библијата е книга што ја содржи вистината за Бог и затоа го отфрлил учењето за вечно мачење во пекол. За него такво нешто било бесмислено, сурово и навреда за Бог. Но, во најголем судир со црковните водачи дошол кога го отфрлил учењето за тројство, според кое Бог се состои од три личности кои се рамноправни и еднакво вечни — Таткото, Синот и Светиот Дух. А сепак, според тоа учење, нема три бога, туку еден.

„УГЛЕДЕН НАУЧНИК... ОТФРЛЕН ОД КОЛЕГИТЕ“

Откако темелно истражувал, Вистон заклучил дека првите христијани не верувале во тројство, туку дека тоа учење било прифатено подоцна, кога во христијанството навлегла паганската филозофија.a Пријателите го предупредиле дека ќе се доведе во опасност доколку го објави тоа. Но, Вистон не можел рамнодушно да гледа како се извртува вистината за Исус — фактот дека тој е Божји Син и дека е создаден.

Универзитетот во Кембриџ му го одземал правото да работи како професор на секој што изнесувал мислење спротивно на верувањата на Англиканската црква. Тоа значело дека и Вистон ризикувал да ја изгуби работата. Но, не можел да молчи. Тој напишал: „Никој и ништо нема да ме разубеди“. Од друга страна, и Њутн сметал дека тројството е погрешно учење, но не го изразувал тоа јавно.

Бидејќи не сакал да отстапи од своите уверувања, овој „угледен научник бил отфрлен од колегите“

Во 1710 год., Вистон бил исфрлен од Кембриџ. Бидејќи не сакал да отстапи од своите уверувања, овој „угледен научник бил отфрлен од колегите“. Но, ни тоа не го поколебало. Всушност, додека против него траеле обвиненијата за ерес, тој напишал неколку есеи со наслов Обнова на раното христијанство (Primitive Christianity Revived) во кои зборувал за верата на првите следбеници на Исус. Подоцна, Вистон го основал Друштвото за обнова на раното христијанство, кое се состанувало во неговиот дом во Лондон.

Иако ја изгубил работата како професор и извесно време бил во финансиска криза, Вистон продолжил да пишува и да држи предавања по лондонските гостилници. Во 1737 год., ги превел и ги објавил делата на Јосиф, со што помогнал да се добие појасна слика за тоа како се живеело во времето кога христијанството било во својот зачеток. Неговиот превод сѐ уште е во печат.

Иако повеќето не ги одобрувале неговите ставови, Вистон храбро останал на своето, поради што мнозина денес го сметаат за „ексцентрична личност“, како што го нарекува авторот Џејмс Форс. Меѓутоа, други му се восхитуваат како на библичар кој искрено трагал по религиозна вистина и како на човек решен да живее според своите убедувања.

a Библијата јасно ни ја кажува вистината за Бог. Повеќе информации ќе најдеш на jw.org/mk. Кликни на БИБЛИСКИ УЧЕЊА > ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА.

НЕКОИ ФАКТИ:

  • Вилијам Вистон (1667-1752) многу добро се познавал со Исак Њутн. Биле истомисленици во поглед на многу верски прашања.

  • Некое време, Њутн многу му помагал на Вистон со кариерата. Но, подоцна се свртел против него.

  • Вистон бил обвинет за ерес, но никогаш не бил осуден.

  • „Една особина по која Вистон посебно се истакнува е неговата искреност“ (English Versions of the Bible).

Човек што не ја следел слепо толпата

Преводот на Вилијам Вистон на делата на Јосиф Флавиј

„Современиците на Вистон сметале дека тој неразумно си ја жртвува кариерата поради принципите, а Вистон, пак, сметал дека неговите современици премногу лесно ги жртвуваат принципите поради кариерата“ (William Whiston—Honest Newtonian).

„Како научник, Вистон бил многу темелен. Истиот пристап го имал и кон религиозните теми: истражувал, длабоко размислувал и донесувал заклучоци. Го отфрлил тројството и почнал да го застапува раното христијанство затоа што читал и длабоко размислувал за тие теми“ (Роберт Бруен, доктор по филозофски науки).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели