ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w13 15/3 стр. 29
  • Дали навистина е од перото на Јосиф?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали навистина е од перото на Јосиф?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Сличен материјал
  • Фасцинантните хроники на Јосиф
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • „Новиот завет“ — историја или мит?
    Библијата — Реч Божја или човечка?
  • Исус Христос — докази дека живеел на Земјата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
w13 15/3 стр. 29

Дали навистина е од перото на Јосиф?

Во делото Еврејски старини, книга 20, Јосиф Флавиј, историчар од првиот век, ја спомнува смртта на „Јаков, братот на Исус, кој бил наречен Христос“. Многу изучувачи сметаат дека оваа изјава е автентична, односно дека ја напишал лично тој. Но, некои се сомневаат во автентичноста на една друга изјава во врска со Исус која се наоѓа во истото дело. Во пасусот познат како Тестимониум Флавијанум пишува:

„Некаде во тоа време живееше Исус, мудар човек — ако воопшто може да се нарече [обичен] човек, бидејќи правеше многу чуда — кого мнозина со задоволство го слушаа како поучува. Привлече кон себе многу Евреи и не-Евреи. Тој беше Христос [грчки: о Христос]. А кога Пилат, поттикнат од нашите поглавари, пресуди да биде погубен на крст, оние што уште од почетокот го сакаа не се откажаа од него. Тој повторно им се појави жив на третиот ден во склад со она што го напишаа Божјите пророци, кои ги претскажаа овие, како и илјадници други необични работи за него; а христијаните, кои го добија името по него, постојат до ден-денес“ (Josephus—The Complete Works, преведено на англиски од Вилијам Вистон).

Од крајот на 16 век се води жестока расправа помеѓу оние што сметаат дека овој пасус е автентичен и оние што не веруваат дека го напишал Јосиф. Францускиот историчар и стручњак за класична книжевност Серж Барде се обидел да го разреши овој спор кој многу се заплеткал во последниве четири века. Тој го објавил своето истражување во книгата со наслов Le Testimonium Flavianum—Examen historique considérations historiographiques.

Јосиф не бил христијанин туку Евреин што пишувал за историјата на својот народ. Коренот на оваа долговековна расправа е тоа што во овој пасус Јосиф го користи називот „Христос“ со грчкиот определен член „о“, што според критичарите би значело дека го признавал Исус како Месијата. Врз основа на направената анализа, Барде тврди дека тоа што во овој пасус Јосиф го користи називот „Христос“ заедно со определениот член е во склад со граматичките правила на грчкиот јазик, и не мора да значи дека Јосиф го прифаќал како долгоочекуваниот Месија. Барде додава дека, ниту од гледна точка на Евреите ниту на христијаните, „не е невозможно Јосиф да го користел називот о Христос“. Напротив, според него, токму тоа всушност потврдува дека Исус бил историска личност, и критичарите многу згрешиле што не го зеле предвид.

А дали е можно овој пасус подоцна да бил вметнат од некој фалсификатор кој се обидел да го имитира стилот на Јосиф? Проучувајќи ги историските факти и самиот текст, Барде заклучил дека такво нешто би било вистинско чудо, бидејќи стилот на кој пишувал Јосиф е уникатен. Таквиот фалсификатор би требало да има „талент на кој му немало рамен во целиот антички свет“.

Тогаш, зошто се кренала толку голема врева околу овој пасус? Барде ја открива сржта на проблемот, велејќи дека, „за разлика од повеќето древни текстови, во врска со Тестимониумот постојат сомнежи само затоа што некој го посочил како проблем“. Потоа додава дека повеќето изучувачи зазеле ваков став затоа што имале „задни намери“, а не затоа што дошле до заклучоци со анализа на текстот, која покажува дека постои огромна веројатност Тестимониум Флавијанум да бил напишан од Јосиф.

Останува да видиме дали оваа анализа на Барде ќе го смени мислењето на изучувачите во врска со Тестимониум Флавијанум. Таа успеала да го увери Пјер Жолтрен, истакнат стручњак за хеленистички јудаизам и рано христијанство. Тој долго време сметал дека овој пасус е вметнат во изворниот текст на Јосиф Флавиј, па дури и ги исмевал оние што тврделе дека е автентичен. Но, го сменил своето мислење, и признал дека анализата на Барде му помогнала во тоа. Жолтрен рекол дека ‚од сега никој не смее да се осмели да се посомнева во автентичноста‘ на Тестимониум Флавијанум.

Се разбира, најголемиот доказ дека Исус е Христос се наоѓа во самата Библија. Тоа е најважната причина зошто Јеховините сведоци го прифаќаат како Месија (2. Тим. 3:16).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели