Прашања од читателите
Уживавме во проучувањето на пророштвата од Даниил разработени во „Стражарска кула“. Но, зошто датумите за три и половина времиња од Откровение 11:3 се разликуваат од книгата „Откровение — Близу е величествената кулминација!“
Да, Стражарска кула од 1. ноември 1993 имаше мала измена во врска со одредувањето на датумот на современото исполнување на Откровение 11:3. Зошто?
Прво да погледнеме во Откровение 11:2, каде што на крајот се споменуваат „четириесет и два месеца“. Во 3. стих продолжува: „Ќе им дадам на двајца Мои сведоци, и тоа облечени во вреќи, да пророкуваат илјада двесте и шеесет дена“. Кога се применува тоа?
Па, Јеховините сведоци веќе одамна увиделе дека ова пророштво се исполнило на помазаните со дух христијани, по свршетокот на „времињата на незнабошците“ (Времиња на народите) во 1914 (Лука 21:24; 2. Коринтјаните 1:21, 22). Коментирајќи го тоа, книгата Откровение — Близу е величествената кулминација!a (1988) на страница 164 наведува: „Имаше значаен период од три и пол години кога тешките доживувања на Божјиот народ се поклопуваа со настаните што овде се проречени — започнувајќи со избувнувањето на Првата светска војна во втората половина од 1914, па до првата половина од 1918“.
Забележи дека временскиот период на кој се укажува бил „избувнувањето на Првата светска војна во втората половина од 1914 [до] првата половина од 1918“. Тоа се согласува со датумите кои често пати се дадени, како што е случај со „Then Is Finished the Mystery of God“ (Тогаш е завршена Божјата тајна), страници 261-264, (1969).*
Меѓутоа, Стражарска кула се сосредоточи на пророштвата од Даниил, книга која двапати споменува период кој може да се спореди со оној, споменат подоцна во Откровение — 3 1/2 години, или 42 месеци. Поконкретно, Даниил 7:25 вели дека Божјите свети ќе бидат прогонувани „за време и за времиња и за половина време“, или 3 1/2 времиња. Подоцна, Даниил 12:7 претскажува ‚време и времиња и полувреме‘, односно 3 1/2 времиња, кои ќе достигнат кулминација со „завршувањето снемување сила на светиот народ“.
Значи, имаме пророштва кои опфаќаат сличен период во Даниил 7:25, Даниил 12:7 и Откровение 11:2, 3, како и во Откровение 13:5. Нашите публикации покажаа дека сите тие се исполниле во периодот помеѓу 1914-1918. Но, кога посебно се разгледува секое од овие пророштва, датумите за почетокот и за крајот сосем малку се разликуваат.
Меѓутоа, Стражарска кула од 1. ноември 1993 постави прашање: „Како се исполниле сиве овие паралелни пророштва?“ Да, пророштвата од 3 1/2 времиња споменати во Даниил 7:25, Даниил 12:7 и Откровение 11:3 биле препознаени како „паралелни пророштва“. Според тоа, би требало да се совпаѓаат во однос на нивниот почеток и нивниот крај.
Што се однесува до крајот, списанието покажа како прогонувањето на Божјите помазаници (Даниил 7:25) достигнало кулминација во јуни 1918 кога Џ. Ф. Ратерфорд и други управници на Watch Tower Bible and Tract Society, „на темел на лажни обвиненија биле осудени на долга казна со затвор“. Тој настан секако бил ‚завршување снемување сила на светиот народ‘, како што е забележано во Даниил 12:7.
Ако броиме наназад од јуни 1918, ќе дојдеме до декември 1914, како почеток на 3 1/2 времиња. Во последниот месец од 1914, Божјите помазаници на Земјата се запознаа со годишниот стих за 1915: „,Дали сте во состојба да пиете од мојата чаша?‘ (Матеј 20:20-23)“. Статијата која го најавуваше предупредила: „Кој знае дали би можело да има некакво посебно искушение, чаша на страдање или понижување, за лојалните следбеници на Јагнето во текот на 1915!“ Како што прорекол Даниил 7:25 за овој период од 3 1/2 времиња, ‚дошло до угнетување и продолжило угнетувањето на светиите на Севишниот‘. Народите биле вмешани во I Светска војна, и тоа им олеснило да вршат неоправдано угнетување. Заклучокот е: Сите три паралелни пророштва — Даниил 7:25, 12:7 и Откровение 11:3 — се исполниле за 3 1/2 години или 42 месеци, од декември 1914 до јуни 1918.
Со тоа се објаснува малото прецизирање во одредувањето на датумот на исполнувањето на Откровение 11:3. Оваа измена можеме да ја имаме на ум додека во иднина ја проучуваме и користиме книгата Откровение — Близу е величествената кулминација!
[Фуснота]
a Издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.