ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 1/9 стр. 22-25
  • Среќен во едно вистинско, светско братство

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Среќен во едно вистинско, светско братство
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Запознавање со едно братство
  • Проширена полновремена служба
  • Испит за нашето братство
  • Верните браќа во Етиопија
  • Совладано чувството на племенска припадност
  • Среќен поради нашето братство
  • Кое е решението за меѓуетничката нетрпеливост?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Може ли светот да се обедини?
    Разбудете се! 1994
  • Богат живот во Јеховината служба
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • „Сите браќа сакајте ги“
    Нашата служба за Царството 2013
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 1/9 стр. 22-25

Среќен во едно вистинско, светско братство

РАСКАЖАЛ ВИЛИ ДЕЈВИС

Во 1934, големата светска економска криза го зафатила светот, и Соединетите Држави се нашле во економски метеж. Надвор од Пунктот за делење помош на невработените во Кливленд (Охајо), се водела борба меѓу некој полицаец и некој заколнат комунист. Полицаецот пукал и го убил комунистот и еден посматрач, односно баба ми, Вини Вилијамс.

КОМУНИСТИТЕ се обиделе да ги претворат овие смртни случаи во расен инцидент, бидејќи баба ми била црнкиња, а полицаецот белец. Тие растуриле билтени со наслови како: „Расистичката кливлендска полиција“ и „Да се одмаздат овие убиства“. Комунистите го организирале и го спровеле погребот на баба ми. Имам една слика од почесната стража крај сандакот — сите се белци и членови на партијата. Секој подигнал стегната тупаница на начин кој подоцна беше прифатен како симбол на Црнечките сили.

Кога умрела баба ми, ќерка ѝ ме носела мене во стомакот, а четири месеци подоцна сум се родил. Растев со говорна маана. Не можев да зборувам без да пелтечам, па затоа на почетокот моето школување вклучуваше и говорна терапија.

Моите родители се разделија кога имав пет години, а сестра ми и мене нѐ подигаше мајка ни. Кога имав десет години почнав, после часовите, да доставувам прехрамбени продукти за да помогнам во покривањето на семејните трошоци. Две години подоцна почнав да работам и пред и после часовите, со што станав главниот кој носеше плата во семејството. Кога мајка ми отиде в болница и ѝ беше потребна серија операции, престанав со школувањето и почнав да работам цело работно време.

Запознавање со едно братство

Во 1944, еден Јеховин сведок ѝ ја оставил на жена му на братучед ми книгата „Вистината ќе ве ослободи“, и јас се придружив на библиската студија што беше започната со неа. Истата година почнав да ја посетувам Теократската школа за проповедање во Собрание Истсајд. Водителот на школата, Алберт Крадок, го имаше истиот говорен проблем како и јас, но научил да го контролира. Какво само охрабрување беше тоа за мене!

Нашите соседи претежно беа Италијанци, Полјаци, Унгарци и Евреи, па собранието беше сочинето од луѓе од овие и од други етнички групи. Снаа ми и јас бевме меѓу првите африкански Американци кои се придружија на ова собрание, инаку сочинето од белци, но Сведоците никогаш не покажаа расни предрасуди кон нас. Всушност, тие редовно ме покануваа на гости.

Во 1956 се преселив во јужниот дел од Соединетите Држави за да служам таму каде што потребата од слуги беше поголема. Кога едно лето дојдов повторно на северот на обласен конгрес, голем број браќа од Кливленд ме побараа и изразија искрен интерес за моите активности. Нивната заинтересираност ми ја даде суштинската лекција: Никогаш да не се грижам „само за себе, туку и за другите“ (Филипјаните 2:4).

Проширена полновремена служба

Откако служев три години во полновременото проповедничко дело како пионер, во ноември 1959 бев повикан да работам во бруклинскиот Бетел, светското седиште на Јеховините сведоци во Њујорк. Бев доделен во експедитот. Надгледникот на моето одделение, Клаус Јенсен, и мојот цимер, Вилијам Ханан, и обајцата белци, ми станаа духовни татковци. Кога дојдов во Бетелот, тие веќе служеле таму по скоро 40 години.

На почетокот на 1960-те, бетелската фамилија веќе имаше околу 600 членови, а африкански Американци беа околу 20. Во тоа време, Соединетите Држави почнаа да вријат од расни борби и односите меѓу расите почнаа да се затегнуваат. Сепак, Библијата учи дека „Бог не гледа на лице“, па не треба ниту ние (Дела 10:34, 35). Духовните дискусии што секое утро ги имавме на маса во Бетелот послужија за да се зајакне нашата решеност да го прифатиме Божјето гледиште по такви прашања (Псалм 18:7).

Додека служев во бруклинскиот Бетел ја сретнав Лоис Руфин, пионерка од Ричмонд (Вирџинија), со која се венчав во 1964. Наша одлука беше да останеме во полновремената служба, па затоа, после свадбата, се вративме во јужниот дел од Соединетите Држави. Отпрво служевме како специјални пионери, а потоа, во 1965, бев повикан да започнам со покраинската служба. Следните десет години ги посетувавме собранијата во државите Кентаки, Тексас, Луизијана, Алабама, Џорџија, Северна Каролина и Мисисипи.

Испит за нашето братство

Тоа беа години на големи промени. Пред да се преселиме на Југот, расите се одвоија. На црнците им беше со закон забрането да одат во исти училишта, да јадат во исти ресторани, да спијат во исти хотели, да купуваат во исти продавници, па дури и да пијат вода од истите фонтанички со белците. Но, во 1964, Конгресот на Соединетите Држави го одобри Документот за граѓански права со кој се забрани дискриминација на јавни места, вклучувајќи го и превозот. Така, повеќе немаше никаква правна основа за расно одвојување.

Затоа се постави прашањето: Дали ќе се соединат браќата и сестрите од собранијата на црнци и од собранијата на белци и дали ќе покажат љубов и наклоност едни кон други, или ќе се спротивстават на соединувањето поради притисокот на општеството и на чувствата што беа длабоко вкоренети во минатото? Беше вистински предизвик да се исполни библиската заповед: „Еден спрема друг бидете љубезни со братска љубов: натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг“ (Римјаните 12:10).

Колку што можеше секој да се сети, преовладувачки став, посебно на Југот, беше дека црнците се подолни. Ова гледиште беше длабоко вкоренувано во умовите на луѓето скоро преку секој аспект на општеството, вклучувајќи ги и црквите. Затоа, на некои белци не им беше лесно да гледаат на црнците како на рамноправни со нив. Навистина, тоа беше време на испитување на нашето братство — и за црнците и за белците.

За среќа, општо гледано постоеше извонредна реакција на соединувањето на нашите собранија. Вековите на внимателно неметнување на ставот на расна надмоќност, не се бришеа лесно. Сепак, кога започна соединувањето, нашите браќа тоа го прифатија мошне добро и повеќето од нив се радуваа што можевме да се состануваме заедно.

Интересно е тоа што дури и луѓето што не беа Сведоци се согласуваа со соединувањето на нашите собранија. На пример, во Ланет (Алабама) ги прашавме соседите близу Салата на Царството дали ќе им пречи ако на состаноците доаѓаат црнци. Една постара госпоѓа се ракуваше со еден брат црнец и рече: „Само вие доаѓајте во нашето соседство и обожавајте го вашиот Бог како што сакате!“

Верните браќа во Етиопија

Во 1974 бевме воодушевени што добивме пет и пол-месечно мисионерско оспособување во Библиската школа Гилеад на Watchtower во Њујорк Сити. Потоа бевме доделени во африканската земја Етиопија. Царот Хаиле Селасие само што беше разоткриен и ставен во домашен притвор. Со оглед на тоа што нашето дело беше под забрана, особено ја ценевме срдечната блискост на нашето христијанско братство.

Живеевме и служевме со голем број од оние што подоцна беа затворени поради нивната приврзаност кон вистинското обожавање. Некои наши драги пријатели беа дури и погубени. Адера Тешоме исто како и јас беше старешина во едно собрание во главниот град на Етиопија, Адис Абеба.a По три години во затвор, беше погубен. Неговата жена беше длабоко ужалена, што беше природно. Но, какво задоволство беше кога по неколку години ја видовме како зрачи од радост додека служи како пионер!

Ворку Абебе, еден друг верен брат, беше осум пати осудуван на смрт.* Но, тоа никогаш не го исплаши! Кога го видов последен пат, ми ги покажа своите уши што затворските стражари му ги смачкале со кундаците. Тој шеговито рече дека јаде кундаци за појадок, ручек и вечера. Иако подоцна умре, браќата сѐ уште со љубов се сеќаваат на него.

Хаилу Јемиру е друг брат на кого радо се сеќавам.* Љубовта што тој ја покажа кон својата жена е за пример. Таа беше затворена, но бидејќи беше бремена и наскоро требаше да се породи, Хаилу ја замоли затворската управа тој да лежи таму наместо неа. Подоцна, бидејќи не сакал да ја компромитира својата вера, беше погубен (Јован 15:12, 13; Ефесјаните 5:28).

Поради сѐ полошата политичка ситуација во Етиопија, се преселивме во Кенија во 1976. Седум години служевме во патувачкото дело, посетувајќи ги браќата во многу земји на Источна Африка — меѓу кои Кенија, Етиопија, Судан, Сејшелите, Уганда и Танзанија. Исто така, во неколку прилики патував во Бурунди и Руанда како дел од делегацијата која преговараше со властите во врска со правната регистрација на нашето дело во тие земји.

Бевме радосни што во јануари 1992 се вративме во Етиопија за да присуствуваме на првиот обласен конгрес одржан таму после укинувањето на забраната на нашето дело. Голем дел од седумте илјади присутни не се познаваа меѓу себе затоа што претходно браќата се среќаваа само во мали групи. Секој конгресен ден, повеќето доаѓаа два часа пред да почне програмата и остануваа до доцна навечер, радувајќи се на нашето братство полно со љубов.

Совладано чувството на племенска припадност

Чувството на племенска припадност во Африка се ширело со векови. На пример, во Бурунди и Руанда, главните етнички групи Хуту и Тутси, долго се мразат една со друга. Откако овие земји добија независнот од Белгија во 1962, членовите на двете етнички групи повремено се колат едни со други на илјадници. Затоа, колкаво задоволство беше да се види како членови на овие етнички групи, кои станале Јеховини сведоци, работат заедно во мир! Искрената љубов која ја покажуваат еден кон друг, охрабрила голем број други луѓе да слушаат за библиските вистини.

Слично на нив, етничките групи во Кенија честопати не се согласуваат едни со други. Каков контраст постои во христијанското братство на Јеховиниот народ во Кенија! Можеш да видиш луѓе од различни етнички групи како обединето вршат обожавање во Салите на Царството. Го имав тоа задоволство да видам како многумина од нив ги отфрлиле своите племенски омрази и сега покажуваат искрена љубов кон своите браќа и сестри од други етнички групи.

Среќен поради нашето братство

Кога ќе погледнам наназад на преку 50 години поврзаност со Божјата организација, благодарност кон Јехова и неговиот Син, Исус Христос, ми го исполнува срцето. Навистина е зачудувачки кога се посматра она што тие го направиле на Земјата! Не, условите меѓу Божјиот народ не биле секогаш совршени, ниту пак се денес. Но, не може да се очекува стотици години расистичко поучување од страна на Сатанскиот свет да се избришат преку ноќ. Впрочем, сѐ уште сме несовршени (Псалм 50:5).

Кога ќе ја споредам Јеховината организација со светот, од срцето ми извира ценење за нашето вистинско, светско братство. Сѐ уште со љубов се сеќавам на оние браќа во Кливленд, сите белци, кои ме одгледаа во вистината. И, кога видов како нашите браќа од јужниот дел на Соединетите Држави, и белци и црнци, своите чувства на предрасуда ги заменуваат со срдечна братска љубов, срцето ми се радуваше. Потоа, кога отидов во Африка и од прва рака видов како Јеховината Реч може да ги избрише племенските омрази, уште повеќе се зголеми моето ценење за нашето светско братство.

Навистина, цар Давид од старо време добро се изразил кога рекол: „Колку е убаво и колку е мило кога браќата живеат заедно!“ (Псалм 132:1).

[Фуснота]

a Фотографии на Адера Тешоме и Хаилу Јемиру се појавија на 177. страница од 1992 Yearbook of Jehovah’s Witnesses (Годишник на Јеховините сведоци за 1992); искуството на Ворку Абебе е раскажано на 178-181. страница.

[Слика на страница 23]

Погребот на баба ми

[Слика на страница 24]

Сведоци кои се Тутси и Хуту работат заедно во мир

[Слика на страница 25]

Со жена ми Лоис

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели