ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g94 8/4 стр. 3-6
  • Може ли светот да се обедини?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Може ли светот да се обедини?
  • Разбудете се! 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Насекаде поделби
  • Заеднички напори на луѓето
  • Одговорни фактори
  • Зрак на надеж
  • Дали етничката омраза е оправдана?
    Разбудете се! 2003
  • Кое е решението за меѓуетничката нетрпеливост?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Ќе има ли некогаш крај на омразата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Како светот ќе биде обединет
    Разбудете се! 1994
Повеќе
Разбудете се! 1994
g94 8/4 стр. 3-6

Може ли светот да се обедини?

‚Многу често, мрази го својот ближен како да беше мотото за 1992.‘

ТАКВА беше проценката на Newsweek. Списанието додава: „Кон овие поделби — сосед против сосед, раса против раса, националност против националност — секогаш сме биле склони, а овогодишните настани покренуваат сомневања околу тоа дали сме се подобриле во премостувањето на тие јазови“.

Опсади, масакри и силувања во поранешната Југославија неодамна ги зазедоа насловните страници по целиот свет. Само во Босна и Херцеговина, околу 150.000 луѓе беа убиени или исчезнаа, а околу 1.500.000 луѓе се истерани од нивните домови. Мислите ли дека вакви трагични настани никогаш не би можеле да се случат во вашето соседство?

Еден службеник на ОН, Хозе-Марија Мендилусе, предупредил: „Луѓето можат да се претворат во машини кои мразат и убиваат без поголеми потешкотии. . . . На Западот постои став дека на три саати оддалеченост од Венеција беснее војна само затоа што луѓето на Балканот се многу поинакви од другите Европејци. Тоа е една мошне опасна грешка“.

Кога Советскиот Сојуз се распадна во 1991, набргу следеше етничко насилство. Околу 1.500 лица беа убиени, а околу 80.000 беа принудени да ги напуштат своите домови во поранешната советска република Грузија. Стотици умреа и илјадници беа принудени да ги напуштат своите домови поради борбите во Молдова. Исто така, жртви имало и во конфликтите помеѓу Ерменија и Азербејџан, како и помеѓу други поранешни советски републики.

Најголема поранешна советска република е Русија. Дури и таму, многу етнички групи бараат да формираат свои сопствени независни држави. Затоа, The European ова лето извести: „Руската Федерација се соочува со дезинтеграција“. Овој весник изјави: „Во изминативе неколку седмици, три региона бараа да бидат прогласени за републики . . . Минатата седмица уште три се изјаснија дека ќе го следат истиот пример“.

Ако се формираат посебни држави, би можеле да имате проблеми со непознати имиња како Калининград, Татарстан, Ставропол, Чеченија, Вологда, Свердловск, Башкуртостан, Јакутија и Приморје. Зарем тоа не звучи како она што се случи во поранешна Југославија — каде што се формираа независни држави и каде што би можеле да настанат и други земји?

Американскиот државен секретар Ворен Кристофер зборуваше за „испливувањето на површина на долго задушуваните етнички, верски и регионални конфликти“, и запраша: „Ако не најдеме некаков начин различните етнички групи да живеат заедно во една земја, колку многу земји би имале?“ Рече дека би имало илјадници.

Насекаде поделби

Колку мислите дека имало етнички, верски и регионални конфликти на почетокот на 1993 година? Можеби 4, 7, 9, 13, можеби дури 15? Во февруари, The New York Times наведе вкупно 48! Телевизијата можеби не ви прикажува раскрвавени трупови и деца погодени од терор од сите 48, но дали е трагедијата со тоа помалку реална за жртвите?

Скоро не постои делче на Земјината топка каде што борбите се невозможни. Во Нигерија, каде што постојат околу 200 етнички групи, се заканува граѓанска војна. „Таквиот судир“, известува списанието Time, „би можел да ги стави во непријателски табори трите најголеми етнички групи — Хауса, Ибо и Јоруба“. Тој додаде: „Како што сметаат некои аналитичари, условите во Нигерија би можеле да се претворат како оние во поранешна Југославија“.

Западноафриканската земја Либерија е исто така опустошена поради етничко насилство. Еден герилски водач добил поддршка од Гио и Мано, племиња кои требало да го соборат претседателот кој бил од етничката група Кран. Во граѓанската војна која следела, биле убиени преку 20.000, а стотци илјади биле принудени да ги напуштат своите домови.

Во Јужна Африка, меѓу белците и црнците постои непријателство во борбата за политичка превласт. Но борбите не се исклучиво помеѓу црнците и белците. Само во минатата година беа убиени 3.000 луѓе во борбите помеѓу соперничките црнечки групи.

Во Сомалија погинаа околу 300.000, а еден милион останаа без своите домови кога меѓуплеменските борби се претворија во граѓанска војна. Во Бурунди и Руанда, етничките судири помеѓу Хутусите и Тутсите доведоа до илјадници смртни случаи во последниве години.

Борбите како да се скоро непопустливи помеѓу Евреите и Арапите во Израел, помеѓу Хиндусите и муслиманите во Индија и помеѓу протестантите и католиците во Ирска. Минатата година избувна расно насилство и во Лос Анџелес (Калифорнија), земајќи повеќе од 40 животи. Секаде каде што живеат заедно луѓе од различни раси, националности или вери, често се случуваат жестоки конфликти.

Дали можат луѓето да ја решат оваа дилема на етнички судири?

Заеднички напори на луѓето

На пример, земи го предвид она што се случи со напорите во поранешна Југославија и поранешниот Советски Сојуз. Во 1929 беше формирана Југославија со намера да ги обедини во една земја различните етнички групи кои живеат во југоисточна Европа. Советскиот Сојуз беше формиран на сличен начин, со спојување на различни народи со различно расно, верско и национално потекло. Со децении, обете земји имаа јаки централистички влади кои ги држеа заедно и на крајот се чинеше дека нивните граѓани имаа научено да живеат заедно.

„Етничката карта на предвоена Босна и всушност на предвоена Југославија, беше како јагуарска кожа“, објасни еден српски лидер. „Народите беа нераздвојно помешани.“ Всушност, околу 15 отсто од браковите во поранешна Југославија беа помеѓу лица од различни етнички групи. Слична ситуација на наизгледно единство беше создадена со мешањето на етнички групи во Советскиот Сојуз.

Затоа, голем беше шокот кога по многу децении привиден мир избувна етничко насилство. Како што напиша еден новинар, луѓето сега „го сочинуваат составот на некогашна Југославија по раса, вера и националност“. Зошто се распаднаа тие земји кога овие моќни влади паднаа?

Одговорни фактори

Луѓето по природа не ги мразат луѓето од друга етничка група. Како што една популарна песна еднаш рекла, треба да бидете ‚внимателно и навремено поучени, пред да наполните шест, седум или осум години, да ги мразите сите луѓе кои ги мразат и вашите роднини‘. Таа песна се однесувала на една млада двојка со видливи расни разлики. Сепак, според стручњакот за ментално здравје, Жарко Ковач, луѓето во некогашна Југославија „немаат скоро никакви физички разлики“. Сепак, насилството е огромно и несфатливо. „Го осакатувате човекот кого сте го убиле за да не си го препознаете братот“, вели Ковач.

Јасно, таквата расна и етничка омраза не е составен дел од човечката природа. Луѓето внимателно се поучени од пропагандисти и роднини кои раскажуваат за ѕверства од минатото. Кој може да стои зад сето тоа? Обидувајќи се да ги разбере ужасите на војната, еден деловен човек од Сараево бил поттикнат да заклучи: „По една година од војната во Босна мислам дека Сатана ги влече конците. Ова е чиста лудост“.

Иако многу луѓе не веруваат во постоењето на Сатана, Ѓаволот, Библијата сепак укажува на постоењето на една невидлива натчовечка личност која има силно негативно влијание врз однесувањето на човештвото (Матеј 4:1-11; Јован 12:31). Кога ќе размислите за тоа — за сета ирационална предрасуда, омраза и насилство — можеби ќе се согласите дека Библијата и не е нереална кога вели: „[Онаа] наречена ѓавол и сатана, . . . ја мами целата вселена“ (Откровение 12:9; 1. Јованово 5:19).

Зрак на надеж

Кога ќе размислиме за неодамнешните светски немири, сонот за обединето човештво изгледа подалечен од кога и да е порано. Националистичките и етничките ривалства му се закануваат на човековото постоење како никогаш порано. Сепак, среде таа светска темнина, еден зрак на надеж светли сјајно. Во текот на летото 1993, група луѓе од завојуваните етнички групи покажаа поврзаност која им овозможи да го надминат етничкиот судир и да соработуваат во љубов и единство.

Иронично, тоа што ги поврза беше самиот фактор кој често го разделувал човештвото — религијата. Списанието Time извести: „Ако испитате било кое агресивно племенско уредување или национализам, обично под површината ќе најдете верско јадро . . . Верските омрази имаат тенденција да бидат немилосрдни и апсолутни“. На сличен начин, India Today наведува: „Транспарентот под кој се извршувале најодвратните злосторства била религијата. . . . Таа предизвикува огромно насилство и е многу деструктивна сила“.

Навистина, религијата обично е дел од проблемот, а не решението. Но оваа верска група спомената погоре — многубројна група — покажала дека религијата може да обединува, а не да разединува. Кој точно ја сочинува таа група? И зошто доживеале драматичен успех кога другите не успеваат? За да добиете одговор, ви предлагаме да ги прочитате следниве статии. Тоа може да ви даде нов поглед кон иднината на човештвото.

[Извор на слика на страница 3]

Гробишта во Босна. Haley/Sipa Press

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели