ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 1/10 стр. 9
  • Божјата Реч има моќ

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Божјата Реч има моќ
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Сличен материјал
  • „Бог не е пристрасен“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 1/10 стр. 9

Објавителите на Царството известуваат

Божјата Реч има моќ

„БОЖЈАТА Реч е жива и има моќ“ (Евреите 4:12, НС). Вистинитоста на овие зборови постојано се потврдува кога на луѓето кои биле заведени од лажната религија ќе им бидат кажани библиските вистини. Како што може да се види од следново искуство од Доминиканска Република, моќта на Библијата може да ги промени животите на луѓето и да им влее надеж.

Јеховините сведоци посетиле една угледна католичка на која неодамна ѝ умреле двете мали деца. Таа била во период на жалење и секојдневно тагувала поради трагедијата. Сведоците ѝ покажале што вели Библијата за надежта во воскресение, во Јован 5:28, 29. Понатамошните разговори со Сведоците ѝ овозможиле не само да пронајде утеха во надежта за воскресение туку и да увиди дека нејзините католички религиозни водачи ја заведуваат.

Наскоро ја напуштила Католичката црква и прифатила редовна библиска студија со Јеховините сведоци. Меѓутоа, нејзиниот сопруг не се согласувал со нејзините гледишта. Бидејќи и тој бил многу угледен католик, се договорил со своите пријатели, кои биле добро познати политичари и религиозни луѓе, да ја посетат неговата сопруга, да се обидат да ја одвратат од нејзиниот пат и да ја вратат во католицизмот. Подоцна ѝ се заканувал со развод, а еднаш дури ги известил роднините и соверниците дека веќе се развеле.

Но, оваа тактика не успеала. Напротив, сопругата станала уште поодлучна да продолжи со својата библиска студија. Бидејќи духовно напредувала и развила извонредни христијански особини, нејзиниот сопруг одлучил да остане и понатаму со неа наместо да бара развод. Еден ден се согласил дури и да ја испита библиската литература што таа ја проучувала — но под еден услов. Сакал да го користи својот личен католички превод на Библијата.

Бил восхитен кога со помош на литературата на Јеховините сведоци почнал да учи нови работи директно од својата Библија. Увидел дека неговата жена го избрала правиот пат, а наскоро и самиот бил спремен да го следи нејзиниот пример. Сфатил дури и дека е потребно да направи промени во својот живот. Голем предизвик за него било да престане со пушењето. Откако го прочитал списанието Разбудете се! од 8. јули 1989 (англ.), со наслов „Смрт на продажба — Десет начини да се престане со пушењето“, цврсто одлучил да прекине со оваа небиблиска навика. На местото на вообичаената кутија цигари што често ја имал во џебот, почнал да го носи тоа издание на Разбудете се! Секојпат кога ќе почувствувал потреба да запали цигара, ги читал статиите за пушењето. Оваа метода успеала! Откако ја прочитал статијата повеќе пати, бил во можност да прекине со пушењето.

Денеска и обајцата сопружници му служат на Јехова како крстени слуги. Кога околностите дозволуваат тој служи како полновремен слуга, посветувајќи голем дел од своето време во проповедање на добрата вест за Божјето Царство, а служи и како слуга помошник во локалното собрание на Јеховините сведоци. И тој и неговата сопруга со нетрпение го очекуваат воскресението, кога на своите деца ќе можат да им изразат добредојде во новиот свет. Да, Божјата Реч е жива и има моќ!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели