ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 1/10 стр. 21-25
  • Една јалова земја станува плодна

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Една јалова земја станува плодна
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Духовно наследство
  • Учествување во делото на проповедање
  • Сеење на семето крај морето
  • Понатаму во службата со брачен партнер
  • Надминување на противења
  • Издржавме неволји на море
  • Натамошни промени
  • Земјата стана плодна
  • Бродолом на еден остров
    Мојата книга со библиски приказни
  • Галилејскиот чамец — скапоценост од библиски времиња
    Разбудете се! 2006
  • Среќен е оној чиј Бог е Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 1/10 стр. 21-25

Една јалова земја станува плодна

РАСКАЖАЛ АРТУР МЕЛИН

Беше ведар пролетен ден во 1930 кога стоев на еден док во Принц Руперт (Британска Колумбија). Гледајќи долу во бродот што лежеше на морското дно, се прашував: ‚Каде отишла сета вода?‘ Ова ми беше прва средба со осеката на брегот на Тихиот Океан, каде што нивото на морето може да опадне и до 7 метри за само шест часа. Но, како се случи едно селанче од преријата да дојде на брегот на Тихиот Океан?

БЕВ повикан да ја зголемам својата предност на полновремена служба за Јехова и да ѝ се придружам на посадата на бродот Шармиен. Ни беше доделена задача да започнеме со проповедничкото дело долж изолираниот западен брег од Ванкувер до Алјаска. Ова пространство го зафаќа поголемиот дел од долгото крајбрежје на Британска Колумбија, а беше јалово за активни фалители на Јехова. Единствен исклучок беше една мала група од објавители на Царството во градот Принц Руперт.

Едвај чекав да започнам, па веднаш откако слегов од возот се упатив кон доковите за да го видам бродот Шармиен и да ја сретнам неговата посада, Арни и Кристина Барстад. Внатре немаше никого, па си заминав. Кога дојдов повторно истиот ден, се стаписав. Изгледаше како океанот да пресушил!

Но, што доведе до тоа да ми биде доделена оваа интересна задача?

Духовно наследство

Моето ценење за духовните работи започна дома, на рамниците на Алберта (Канада). Татко ми нашол трактат што го напишал Чарлс Тејз Расел од Zion’s Watch Tower Tract Society, а кој од корен му го променил животот. Тој почнал да им проповеда на соседите и покрај тоа што земјоделието во Калмар (Алберта) му одземало многу време. Тоа било пред сто години, во раните 1890-ти.

Во тој богобојазлив дом сум се родил и јас, на 20. февруари 1905, како осми од десетте браќа и сестри. Татко ми, како и други луѓе во таа шведска заедница, се поврзал со Меѓународните истражувачи на Библијата. Со текот на времето тие изградија место за состаноци, подоцна наречено Сала на Царството. Таа беше една од првите во Канада.

Работата на имотот никогаш не нѐ спречи да ги посетуваме христијанските состаноци, на кои некогаш одржуваа говори патувачки говорници што беа испратени од Watch Tower Society. Овие говори изградија во нас горлива желба да учествуваме во делото на проповедање. Поради тоа, скоро сите во нашето семејство цврсто чекореа во светлината на библиската вистина.

Учествување во делото на проповедање

На почетокот од 1920-те ми беше доделена првата задача за сведочење. Тоа беше да разделам од врата до врата покани за јавно предавање во Едмонтон. Додека тој ден стоев таму сам, научив една драгоцена лекција: Имај доверба во Јехова (Изреки 3:5, 6). Колку бев среќен што ја извршив таа прва задача со Јеховина помош!

Мојата доверба во Јеховината видлива организација и во неговата класа на верен и разумен роб растеше напоредно со сѐ поголемото разбирање за неговата Реч на вистината што беше дадено. Беа отфрлени многу прикачки од т. н. христијанство, како што беше славењето на Божик и на родендени. Личното спасение повеќе не беше преокупација; наместо тоа, проповедањето на Царството почна да го зазема своето вистинско место по важност. Сето ова длабоко влијаеше врз мојот живот. По кратко време откако му го предадов својот живот на Јехова, на 23. април 1923, си ја поставив за цел полновремената служба.

Во прериските зими, на температура околу –20°С, со запрежна санка сведочевме во селските подрачја. Еднаш минав две седмици со една група, работејќи во она што беше познато како работа со куќи на четири тркала. Овие посебни автомобили се покажаа практични за сведочење низ широките пространства на канадските прерии. И покрај финансиските проблеми, острите климатски услови и големите растојанија што требаше да се минуваат, така ги подредив работите што можев околу три години, пред тој значаен ден во 1930 кога бев повикан да служам на Западниот брег на Пацификот, да истрајам во повремената пионерска служба во Алберта. Бидејќи не знаев ништо за морето и за бродовите, тој повик ме збуни.

Но, не помина долго време откако дојдов во Принц Руперт, а веќе се чувствував како дома со моите нови соработници на бродот. Брат Барстад беше сезонски морнар кој со години работел за комерцијалното рибарство. Следните шест години беа период на интензивно проповедање со крстарење низ крајбрежните води на Британска Колумбија, од Ванкувер до Алјаска. Уште една научена лекција беше: Секогаш прифати ја доделената задача од Јехова и никогаш не двоуми се при тоа.

Сеење на семето крај морето

Нашето прво пристаниште таа пролет во 1930 беше Кечикан (Алјаска), каде што натоваривме 60 картонски кутии со библиска литература. За неколку седмици ги посетивме сите домови во Кечикан, Рангел, Питерсбург, Џуно, Скегвеј, Хајнз, Ситка и во други расфрлени места. Потоа го обработивме целиот брег на Британска Колумбија, завршувајќи го пред крајот на летото. Беа посетени и зафрлени кампови на сечачи на дрва, кампови за преработка на риба, индијански села, мали градови, како и изолирани колонисти и трапери. Понекогаш беше тешко да им се извлечеш на осамените чувари на светилници кои примаа секого за да си зборуваат со него.

По некое време Заедницата нѐ опреми со портабл фонографи и со снимени библиски предавања. Ги носевме со нас, заедно со книгите, Библиите и списанијата. Честопати моравме да ги носиме додека се качувавме по крајбрежните карпи. За време на осеките, понекогаш моравме да ги влечеме по расклатените скали до високите докови. Бев среќен што тренирав физички во својата младост додека работев на имотот во преријата.

Разгласниот систем на нашиот брод послужи како моќно орудие во ширењето на веста за Царството. Бидејќи звучните бранови се одбиваа од водата, снимените предавања честопати се слушаа на милји. Еднаш, додека бевме укотвени во еден изолиран мал залив крај островот Ванкувер, пуштивме едно од овие библиски предавања. Следниот ден, некои луѓе што живееја во внатрешноста возбудено ни кажаа: „Вчера слушнавме проповед од самото небо!“

Во друга прилика, една постара брачна двојка рече дека слушнале музика која им доаѓала низ оџакот, но кога излегле надвор не чуле ништо. Кога влегле, пак чуле глас. Што било тоа? Па, додека тие биле надвор, ние сме ја менувале плочата. Прво пуштавме музика за да го привлечеме вниманието на луѓето, а потоа пуштавме библиско предавање.

Во една друга прилика, додека бевме укотвени близу еден остров со индијанско село, двајца млади домородци излегоа со чамци на весла за да видат од каде доаѓаат гласовите. Некои од жителите мислеле дека тоа се гласовите на нивните умрени кои оживеале!

Не беше необично да оставиме по стотина книги дневно кај оние кои работеа во оддалечените фабрики за конзервирање риба. Бидејќи малку работи им го одвлекуваа вниманието, тие имаа време да размислуваат за духовни работи. На крајот, многумина од овие изолирани луѓе станаа Сведоци. На следните патувања нестрпливо очекувавме да ги посетиме за ‚да размениме охрабрувања‘ (Римјаните 1:12, НС).

Понатаму во службата со брачен партнер

Во 1931 се оженив со Ана, сестра ѝ на Кристина Барстад. Потоа продолживме со нашата пионерска служба заедно на бродот и низ годините доживеавме многу наградувачки искуства. Китовите, морските лавови, тулените, делфините, елените, мечките и орлите ни беа придружници во амбиент од величествени планини, осамени морски ракави и засолнети и тивки заливи пошумени со кедри, борови и гигантски Дагласови елки. Неколку пати помогнавме на исцрпени елени и на нивните срнчиња додека се обидуваа да препливаат преку брзите канали за да им избегаат на грабливците.

Едно попладне забележавме како еден белоглав орел лета ниско над водата и со канџите зграпчува голем чиноки лосос. Рибата беше премногу голема за да ја извади целосно од водата, па орелот се упати кон брегот влечејќи го лососот. Франк Франски, член на посадата, ја виде шансата и потрча по брегот за да го пресретне изморениот орел и да го натера да се откаже од својот улов. Таа вечер нашата пионерска посада имаше вкусна вечера од лосос, а орелот научи да дели, иако колебливо.

На едно островче на северниот крај од островот Ванкувер, една брачна двојка која се презиваше Тиот ја прифати библиската вистина. Тој беше неписмен човек, со цврста волја и независен дух, и имаше преку 90 години, а таа имаше преку 85. Меѓутоа, вистината толку го заинтригира што се понизи и дозволи неговата жена да го учи да чита. Наскоро можеше самиот да ја проучува Библијата и публикациите на Друштвото. По помалку од три години, јас се радував што ги крстив обајцата во нивниот оддалечен дом на островот, користејќи го нашиот чамец како базен за крштевање!

Исто така, ја доживеавме радоста да видиме како семејството Салис од Повел Ривер реагира на пораката за Царството. Волтер ја прочита брошурата War or Peace—Which? (Војна или мир?) и веднаш го препозна звукот на вистината. За кратко време целото семејство му се придружи на Волтер во пионерските редови во Ванкувер, каде што го укотвувавме Шармиен во зима. Тој се покажа како мошне ревен, а со текот на годините му омиле и на целото братство во подрачјето на Ванкувер. Својот земски пат го заврши во 1976, оставајќи зад себе големо семејство од Сведоци.

Надминување на противења

Свештениците во индијанските села честопати негодуваа против нашето дело, сметајќи нѐ за наметливци во нивниот духовен домен. Во Порт Симпсон, локалниот свештеник бараше од поглаварот на селото да ни забрани да одиме по домовите. Ние контактиравме со поглаварот и го прашавме дали смета дека свештеникот со право го вбројува неговиот народ меѓу оние што се премногу неуки за да размислуваат со своја глава. Му предложивме да му даде на својот народ прилика да слушне една дискусија за Божјата Реч, па самите да одлучат во што сакаат да веруваат. Резултат: Тој ни даде дозвола да продолжиме со проповедањето во селото.

Еден друг поглавар на село со децении ги изјаловувал обидите на членовите на концилот и на религиозните групи да ги спречат Сведоците да контактираат со неговиот народ. „Сѐ додека сум јас поглавар“, рече тој, „Јеховините сведоци овдека се добредојдени“. Вистина, не сме секогаш и секаде добредојдени, но, и покрај противењето, никогаш не бевме присилени да напуштиме некое подрачје. Така бевме во состојба да ја исполниме нашата служба секојпат кога ќе застаневме во некое пристаниште.

Издржавме неволји на море

Низ годините доживеавме потешкотии со бури, плими и осеки, со карпи необележани на поморските карти, а понекогаш и неволји со моторот. Еднаш, премногу му се приближивме на островот Ласкети кој се наоѓа на околу 100 милји северно од Ванкувер. Се закачивме за еден гребен, а осеката нѐ зароби, па останавме на милост и немилост на временските прилики. Да се влошеше времето, бродот ќе се разбиеше на парчиња врз карпите. Сите се симнавме на карпите и го сторивме најдоброто што беше можно во таа лоша ситуација. Ручавме, малку проучувавме и чекавме пак да надојде плимата.

И покрај многуте ризици и неудобности, тоа беше здрав, среќен живот. Меѓутоа, раѓањето на нашите два сина донесе голема промена. И понатаму живеевме на бродот, но кога и да пловевме на север до реката Уна, Ана и децата остануваа таму кај нејзините родители додека ние останатите продолжувавме на север до Алјаска. Потоа, кога се враќавме на југ, Ана и децата ни се придружуваа.

Не се сеќавам дека децата некогаш се жалеле или биле болни. Тие постојано носеа појаси за спасување, а понекогаш дури им врзувавме и јажиња околу половината. Да, понекогаш имаше и напнати моменти.

Натамошни промени

Во 1936 моравме да го напуштиме Шармиен и јас добив световно вработување. Подоцна го добивме и третиот син. По некое време купив рибарски брод, кој служеше не само како извор на средства за живот туку и ни овозможуваше да продолжиме со делото на проповедање долж брегот.

Си создадовме дом на островот Дигби, одделен од градот Принц Руперт со заливот, каде што наскоро беше формирано едно мало собрание. За време на II Светска војна, кога во Канада беше забрането проповедничкото дело на Јеховините сведоци, ќе отпловевме со брод до Принц Руперт после полноќ и ќе го „бомбардиравме“ подрачјето, оставајќи литература во секој дом. Никој никогаш не ги поврза нашите полноќни пловидби со растурањето на забранетата литература!

Земјата стана плодна

Постепено, сѐ повеќе луѓе почнаа да се поврзуваат со Јеховините сведоци, па во 1948 во Принц Руперт беше очигледна потребата од Сала на Царството. Откако купивме една воена зграда од другата страна на пристаништето, ја демонтиравме, ја пренесовме на сплав и ја одвезовме до градилиштето. Јехова ја благослови нашата напорна работа и ние имавме наша сопствена Сала на Царството.

Во 1956 повторно стапив во пионерските редови, а Ана ми се придружи во 1964. Повторно работевме со брод долж брегот на Тихиот Океан. Некое време работевме и во покраинската служба, посетувајќи ги собранијата од Островите на Кралица Шарлота на исток, преку планините, па се до Езерото Фрезер, а подоцна и до Принц Џорџ и Мекензи. Во текот на тие години, низ северозападниот Тихи Океан пропатувавме илјадници километри со автомобил, со брод и со авион.

Во Принц Руперт и понатаму се радувавме на одлични искуства во службата. И Ана и јас проучувавме со поединци кои подоцна ја посетуваа Библиската школа Гилеад на Watchtower, а потоа служеа како мисионери во странски земји. Каква радост беше да се види како нашите духовни деца ја носат драгоцената порака за Царството во далечни земји!

Сега и обајцата се приближуваме кон 90-тата година и се соочуваме со сѐ полошо здравје, но сѐ уште сме среќни во Јеховината служба. Природните убавини што ги видовме на Алјаска и во Британска Колумбија евоцираат драгоцени спомени. Сепак, уште поголема радост донесува да се види како некогаш јаловата духовна пустина на ова огромно подрачје сега цвета со многу собранија на Јеховини славители.

Особено нѐ усреќи тоа што видовме како нашите родени деца, заедно со нашите духовни деца, пораснаа и го благословуваат Јехова. Се радуваме што малку сме придонеле за духовниот раст во овој дел од Земјата. Алјаска, на пример, сега има своја подружница која го координира делото во преку 25 собранија.

Овде, во Принц Руперт, во 1988 ја имавме предноста да предадеме во употреба една прекрасна нова Сала на Царството, во самиот центар на градот. Да, се радуваме, како Исаија, со зборовите: „Ти го намножи народот, Господи, . . . Се прослави Себе Си, ги рашири сите земни граници“ (Исаија 26:15).

[Слика на страница 21]

Додека служевме во покраинската служба, 1964-1967

[Слика на страница 24]

Вакви бродови се користеа за сведочење долж брегот

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели