ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 1/12 стр. 5-7
  • Негирањето на Бог во 20. век

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Негирањето на Бог во 20. век
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Негирање на Божјиот авторитет
  • Христијанството го негира Бога
  • Оправдани причини за атеизам?
  • Вистинската религија е поинаква
  • Корените на атеизмот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Свет без религија — дали би бил подобар?
    Разбудете се! 2010
  • Можно ли е да се стекне вера во Творец?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Современо неверие — треба ли потрагата да продолжи?
    Потрагата на човештвото по Бог
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 1/12 стр. 5-7

Негирањето на Бог во 20. век

„Луѓето се резигнирани од отсутноста на Бог и своите животи ги организираат независно — без оглед на последиците и без каква и да е обѕирност кон Бог“ — One Hundred Years of Debate Over God—The Sources of Modern Atheism (Сто години дебатирање околу Бог — Изворите на современиот атеизам).

ИАКО на прв поглед изгледа импресивно, едно возвишено дрво на крајот се смета за вообичаено. Неговата присутност е позната; неговата висина повеќе не предизвикува стравопочитување.

Слично е и со атеизмот. Иако во текот на 19. век тој предизвикал многу дебати, негирањето на Божјето постоење денес не е ниту шокантно ниту вознемирувачко. Ерата на толеранција дозволила атеизмот да се одомаќи во мирољубива коегзистенција со верувањето во Бог.

Не дека повеќето луѓе денес сосема го негираат Бог; напротив, резултатите од анкетите направени во 11 земји во обете Америки, во Европа и во Азија откриваат дека, во просек, нешто повеќе од 2 отсто од анкетираните тврдат дека се атеисти. Меѓутоа, атеистичкиот став преовладува — дури и кај многумина кои веруваат дека Бог постои. Како е можно тоа?

Негирање на Божјиот авторитет

„Понекогаш атеизмот се однесува само на практичното отфрлање или игнорирање на Бог“ — забележува The Encyclopedia Americana. Од таа причина, The New Shorter Oxford English Dictionary (Новиот скратен Оксфордски речник по англиски) ја дава следнава втора дефиниција за „атеист“: „Лице кое морално го негира Бог; безбожно лице“ (нагласено од нас).

Да, атеизмот може да повлекува по себе негирање на Божјето постоење или на неговиот авторитет, или, пак, на обете. Библијата алудира на овој атеистички дух во Тит 1:16: „Тврдат дека го признаваат Бог, но го негираат со своите постапки“ (The New English Bible; спореди Псалм 13:1).

Таквото отфрлање на Божјиот авторитет може да се следи наназад сѐ до првата човечка двојка. Ева го признавала Божјето постоење; па сепак, сакала ‚да стане како Бог и да знае што е добро, а што зло‘. Импликацијата била дека таа би можела да биде ‚свој газда‘ и да си создаде свој сопствен морален кодекс. Подоцна, Адам ѝ се придружил на Ева во ова негирање на Божјиот авторитет (1. Мојсеева 3:5, 6).

Дали ваквиот став преовладува и денес? Да. Еден префинет атеизам се манифестира во потрагата по независност. „Луѓето денес се уморни од живеењето под Божји надзор“ — забележува книгата One Hundred Years of Debate Over God—The Sources of Modern Atheism. „Тие . . . претпочитаат да живеат во слобода.“ Библискиот морален кодекс се отфрла како непрактичен и нереалистичен. Размислувањето на повеќето луѓе доста наликува на она од египетскиот фараон кој дрско изјавил: „Кој е [Јехова, НС], за да Го послушам гласот Негов . . .? Не Го познавам Господа“. Тој го отфрлил Јеховиниот авторитет (2. Мојсеева 5:2).

Христијанството го негира Бога

Најшокантното негирање на Божјиот авторитет доаѓа од страна на свештенството на т. н. христијанство, кое ги заменило чистите библиски вистини со човечки традиции. (Спореди Матеј 15:9.) Освен тоа, тие ги поддржувале најкрвавите војни во 20. век и со тоа ја отфрлиле библиската заповед да покажуваат искрена љубов (Јован 13:35).

Свештенството го негирало Бог и со тоа што им свртело грб на неговите морални мерила — што се гледа, на пример, во постојаната поплава од парници против педофилични свештеници. Ситуацијата на т. н. христијанство личи на онаа во стариот Израел и Јудеја. „Оваа земја е полна со крв, градот е исполнет со неправда“ — му било речено на пророкот Језекиил — „оти тие велат: ‚Господ ја остави оваа земја, Господ не гледа‘“ (Језекиил 9:9; спореди Исаија 29:15). Не изненадува тоа што мнозина во потполност ги отфрлиле црквите на т. н. христијанство! Но, мораат ли да го отфрлат и верувањето во Бог?

Оправдани причини за атеизам?

Без разлика дали го забележале лицемерството на религијата или не, мнозина атеисти едноставно не можат да го ускладат верувањето во Бог со страдањето во светот. Симон де Бовоар во една прилика рекла: „Полесно ми е да размислувам за свет без творец, отколку за творец кој е обвинет за сите противречности во светот“.

Дали неправдите во светот — вклучувајќи ги и оние кои биле поттикнати од лицемерните религионисти — докажуваат дека нема Бог? Размисли за следново: Ако еден нож биде употребен за заканување, повредување, или дури за убивање на недолжно лице, дали тоа докажува дека ножот нема конструктор? Или, дали тоа покажува дека намената била тој да се употребува на погрешен начин? Слично на тоа, поголемиот дел од човечката беда докажува дека луѓето ги злоупотребуваат своите од Бог дадени способности, вклучувајќи ја и самата Земја.

Меѓутоа, некои сметаат дека е нелогично да се верува во Бог затоа што не може да се види. А што е со воздухот, звучните бранови и мирисите? Не можеме да видиме ниедна од овие работи, па сепак знаеме дека постојат. Нашите бели дробови, ушите и носот ни го кажуваат тоа. Секако, кога имаме доказ, веруваме во она што не може да се види.

Откако размислувал за физичките докази — вклучувајќи ги електроните, протоните, атомите, аминокиселините и сложениот мозок — природонаучникот Ирвинг Вилијам Кноблок бил поттикнат да рече: „Верувам во Бог затоа што Неговото Божествено постоење за мене е единственото логично објаснување за работите онакви какви што се“. (Спореди Псалм 103:24.) На сличен начин, физиологот Марлин Букс Крајдер наведува: „И како обично човечко суштество и како човек кој му го предава својот живот на научното проучување и истражување, јас воопшто не се сомневам во постоењето на Бог“.

Овие луѓе не се единствени. Според професорот по физика, Хенри Маргено, „ако ги земете предвид врвните научници, ќе најдете мошне малку атеисти меѓу нив“. Ниту напредокот на науката ниту неуспехот на религијата не треба да нѐ натераат да го отфрлиме верувањето во Творец. Да испитаме зошто.

Вистинската религија е поинаква

Во 1803, претседателот на САД, Томас Џеферсон, напишал: „Јас, всушност, сум против расипаноста на христијанството; но не и против искрените поуки на самиот Исус“. Да, постои разлика помеѓу таканареченото и вистинското христијанство. Многу од догмите на т. н. христијанство се темелат на човечки традиции. За разлика од него, вистинското христијанство ги темели своите верувања единствено на Библијата. Затоа, на Колосјаните од првиот век Павле им напишал дека треба да стекнат „познавање [точно спознание, НС]“, „мудрост“ и „духовно разбирање“ (Колосјаните 1:9, 10).

Тоа и треба да го очекуваме од искрените христијани, бидејќи Исус им заповедал на своите следбеници: „Научете ги сите народи, крштавајќи ги . . . и учејќи ги да пазат сѐ што сум ви заповедал“ (Матеј 28:19, 20).

Денес Јеховините сведоци ја извршуваат оваа заповед во 231 земја во светот. Ја превеле Библијата на 12 јазици и отпечатиле повеќе од 74.000.000 примероци. Освен тоа, преку програмата за домашни библиски студии, моментално им помагаат на преку 4.500.000 лица да ‚пазат сѐ што заповедал Исус‘.

Оваа образовна програма има далекосежни резултати. Таа донесува вистинско просветлување бидејќи се темели не на човечки мисли, туку на Божјата мудрост (Изреки 4:18). Понатаму, таа им помага на луѓето од сите народи и раси да направат нешто што човековото „Просветлување“ никогаш не можело да го постигне — да го облечат ‚новиот човек‘ кој им овозможува да развијат вистинска љубов еден кон друг (Колосјаните 3:9, 10).

Вистинската религија триумфира во нашиов 20. век. Таа не го негира Бог — ниту неговото постоење ниту неговиот авторитет. Те покануваме самиот да го испиташ ова така што ќе ги посетиш Јеховините сведоци во една од нивните Сали на Царството.

[Рамка на страница 6]

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КОРЕНИТЕ НА АТЕИЗМОТ

Кон средината на 18. век, филозофот Дени Дидро добил налог да преведе една еднотомна енциклопедија од англиски на француски. Меѓутоа, тој далеку ги надминал очекувањата на неговиот работодавач. Дидро потрошил околу три децении составувајќи ја својата Encyclopédie, 28-томно дело кое го пленило духот на времето.

Иако Encyclopédie содржела многу практични информации, таа се сосредоточила на човечката мудрост. Според комплетот Great Ages of Man (Големите епохи на човекот), таа „се осмелила да го проповеда радикалното верување [на филозофот] дека човекот би можел да ја подобри својата судбина ако верата ја замени со разумот како свој водечки принцип“. Спомнувањето на Бог очигледно било избегнато. „Со нивниот избор на теми“ — вели книгата The Modern Heritage — „издавачите покажале дека религијата не спаѓа меѓу работите коишто човекот треба да ги знае“. Не е за изненадување што црквата се обидела да го спречи објавувањето на Encyclopédie. Државниот обвинител ја прогласил за подривачка за политиката, моралот и религијата.

И покрај нејзините непријатели, Дидровата Encyclopédie ја нарачале околу 4.000 лица — изненадувачки број, ако се има предвид нејзината превисока цена. Било само прашање на времето кога оваа атеистичка тенденција ќе прерасне во потполно развиено негирање на Бог.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели