ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 1/6 стр. 3-5
  • Ветувањето за еден свет без корупција

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ветувањето за еден свет без корупција
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Корупцијата те погодува и тебе
  • Што ни кажува Библијата
  • Луѓето можат да се променат
  • Јеховиното ветување
  • Зошто толку многу корупција?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Да се бориме со корупцијата со мечот на духот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Колку е раширена корупцијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Божјето Царство — некорумпирана влада
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 1/6 стр. 3-5

Ветувањето за еден свет без корупција

КОРУПЦИЈАТА проникнала во секое ниво на општеството. Било да е тоа во владата, науката, спортот, религијата или бизнисот, изгледа корупцијата е вон контрола.

Во една по друга земја, депресивните вести за корупциски скандали се ударни новости во медиумите. Многумина кои си дале за задача да им служат на интересите на луѓето, се разоткриени дека им служат на своите сопствени интереси со тоа што примаат мито и вршат уцени. Таканаречениот чиновнички криминал е нескротлив. Сѐ повеќе и повеќе луѓе од висок општествен или економски статус се виновни за сериозни етички и кривични насилства во склоп на своето вообичаено занимање.

Загриженоста е сѐ поголема во врска со она што еден европски весник го опишува како „,благородничка корупција‘ — практика преку која постарите службеници, министри и, не ретко, шефови на држави, бараат мито и исплаќање пред да одобрат поважни барања и проекти“. Во една земја, и покрај „две години полициска истрага и скоро секојдневно апсење, сѐ уште не се заплашени непоправливите корумпирани луѓе“, наведува британскиот весник The Economist.

Поради ваквата широко распространета корупција, многумина денес мислат дека не постои никој на кого би можеле да му веруваат. Тие ги одразуваат чувствата на библискиот писател Давид кога рекол: „Сите се застранија, сите станаа лоши, нема кој да прави добро, нема дури ниеден“ (Псалм 13:3).

Како излегуваш на крај со стварноста на широко раширената корупција? Повеќето луѓе денес едноставно ја игнорираат. Но, дури и ако ја игнорираш, таа сепак ќе те повреди. Како?

Корупцијата те погодува и тебе

Како и корупцијата во високите општествени кругови, така и ситната корупција, го зголемуваат животниот трошок, го намалуваат квалитетот на продуктите и како резултат на тоа има помалку работни места и пониски плати. На пример, се пресметува дека злосторствата, како што се проневерата и измамата, земаат данок кој е најмалку десет пати поголем од данокот на насилството, разбојништвото и кражбата заедно. The New Encyclopædia Britannica (1992) наведува дека „износот на корпорацискиот криминал во САД бил проценет на 200.000.000.000 $ годишно — трипати повеќе од организираниот криминал“. Овој извор објаснува дека, додека последиците можеби не се откриваат така брзо, „ваквите недела имаат силен одек врз сигурноста на работниците, потрошувачите и врз околината“.

Горките плодови од корупцијата нѐ потсетуваат на зборовите на цар Соломон: „Се свртив и ги видов сите неправди, што стануваат под сонцето; и ете, солзите на онеправданите, а утешител немаат; силата е во рацете на клеветниците, а закрилник нема“ (Проповедник 4:1).

Дали тоа значи дека треба да дигнеме раце од корупцијата? Дали е таа неизбежна? Дали еден свет без корупција е само некаков неостварлив сон? За среќа, не! Библијата нѐ учи дека неправдата и беззаконието наскоро ќе бидат отстранети.

Што ни кажува Библијата

Библијата ни кажува дека корупцијата започнала кога еден моќен ангел се побунил против Бог и го наговорил првиот човечки пар да му се придружи (1. Мојсеева 3:1-6). Ништо добро не произлегло од нивниот грешен пат. Напротив, од денот кога Адам и Ева згрешиле против Јехова Бог, тие почнале да страдаат од лошите последици на корупцијата. Во нивните тела почнал да се одвива еден постепен процес на распаѓање, кој водел кон неизбежна смрт (1. Мојсеева 3:16-19). Оттогаш, историјата изобилува со примери на подмитување, лукавство и измама. Сепак, изгледа повеќето злосторници добро се извлекуваат од законските мерки.

За разлика од обичните криминалци, корумпираните функционери и политичари ретко одат в затвор и ретко ја надоместуваат противзаконски стекнатата добивка. Поради тајноста на митото, уцените и потплатувањата, честопати е тешко да се разоткрие корупцијата во високите општествени кругови. Но, ова не значи дека еден свет без корупција е некаков неостварлив сон.

Спасот од корупцијата ќе дојде од Творецот на човекот, Јехова Бог. Божествената интервенција е единствената солуција. Зошто? Затоа што човековиот невидлив непријател, Сатана Ѓаволот, продолжува да го заведува човештвото. Како што читаме во 1. Јованово 5:19, „целиот свет лежи во зло [во власта на злобниот, НС]“. Што друго би можело да го објасни порастот на корупцијата, која во поголемиот број случаи останува неказнета?

Никакво здружување на човечките напори не може да ги победи Сатана и неговите демони. Само божествената интервенција може на послушното човештво да му гарантира ‚славно ослободување на синовите Божји‘ (Римјаните 8:21). Јехова ветува дека наскоро Сатана ќе биде ограничен така што повеќе не ќе може да го мами човештвото (Откровение 20:3). Во меѓувреме, ако копнееме да живееме во Божјиот нов свет, ослободен од корупција, ќе мора да ги отфрлиме патиштата на овој корумпиран свет.

Луѓето можат да се променат

Во деновите на Исус Христос имало такви кои ја злоупотребувале својата моќ и ги потиснувале сонародниците. На пример, собирачите на данок биле познати по своите нечесни навики. Ова било случај и покрај Божјиот јасен закон: „Не земај подароци [мито, НС], зашто подароците ги заслепуваат очите на оние што гледаат и ги извртуваат делата на праведните“ (2. Мојсеева 23:8). Закхеј, кој бил главен на собирачите на данок, признал дека изнудувал со лажно обвинение. Но, наместо да спроведува опсежна општествена реформа, Исус ги молел поединците да се покајат и да го напуштат својот нечесен пат. Како резултат на тоа, собирачите на данок, кои биле познати по корупција, како Матеј и Закхеј, го напуштиле својот поранешен начин на живот (Матеј 4:17; 9:9-13; Лука 19:1-10).

Оние кои денес исто така се вмешани во нечесни постапки можат на сличен начин да ја отфрлат корупцијата, облекувајќи го „новиот човек, создаден според Бога во правда и светост во вистината“ (Ефесјаните 4:24). Можеби нема да биде лесно даноците да се плаќаат чесно или да се прекине со сомнителните потфати. Сепак, добивките од тоа се вредни за секој труд.

Поради тоа што не се водат по овој корумпиран свет, оние кои се загрижени за доброто на другите уживаат внатрешен мир. Нема повеќе страв од тоа да се биде фатен во грешно постапување. Напротив, тие уживаат чиста совест. Го имитираат библискиот пример на пророкот Даниил. Библискиот извештај вели дека вишите службеници постојано биле во потрага да најдат нешто против Даниил. ‚Но никако не можеле да најдат повод, ниту пак грешка, бидејќи тој бил верен и немал никаква погрешка ни вина‘ (Даниил 6:4).

Јеховиното ветување

Јехова ветува: „Иако некој грешник врши стопати зло, судот му се одолжува; но јас знам, дека ќе им биде добро само на оние, што се бојат од Бога, кои имаат страв пред лицето Негово; а за нечесниот нема да има добро, и како сенка, само кратко време, ќе преуспее оној, кој не се плаши пред Бога“ (Проповедник 8:12, 13).

Какво само олеснување ќе биде тоа кога корупцијата нема повеќе да предизвикува несреќа! Каков благослов ќе биде да се живее вечно во еден свет без корупција! Ова не е невозможно. Библијата зборува за ‚надеж за вечен живот, што го ветил вечниот Бог, Кој не лаже — пред вечни времиња‘ (Тит 1:2). Ако ја мразиш корупцијата, а ја сакаш праведноста, имаш добри шанси да го видиш исполнувањето на Божјето ветување за еден свет без корупција.

[Слика на страница 4]

Корупцијата е распространета во владата и во деловните кругови

[Слика на страница 5]

Корупцијата честопати има влијание врз државните служби

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели