ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 15/7 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Сличен материјал
  • Ангелот Гавриел дошол кај Марија
    Поуки од Библијата
  • На Исус му била оддадена чест уште пред да се роди
    Исус — патот, вистината и животот
  • Оддадена му е чест пред да се роди
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Еден ангел ја посетува Марија
    Мојата книга со библиски приказни
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 15/7 стр. 31

Прашања од читателите

Дали Марија, која станала Исусова мајка, била веќе бремена кога отишла да ја посети својата роднина Елисавета?

Да, очигледно била.

Во 1-то поглавје од Лука, најпрво читаме за бременоста на Елисавета, сопругата на свештеникот Захарија, која го родила Јован (Крстител). Кога Елисавета била во ‚шести месец, ангелот Гавриил‘ ја посетил Марија за да ја извести дека ќе затрудни и дека ќе го роди ‚Синот на Севишниот‘ (Лука 1:26, 30-33). Но, кога забременила Марија?

Лукиниот извештај понатаму кажува дека Марија веднаш потоа отпатувала во Јудеја за да ја посети својата роднина Елисавета, која била бремена. Кога двете жени се сретнале, детето во матката на Елисавета (Јован) потскокнало. Елисавета се осврнала на ‚плодот од утробата на Марија‘ и ја нарекла Марија „мајката на мојот Господ“ (Лука 1:39-44). Според тоа, логично, Марија сфатила дека веќе била бремена кога отишла да ја види Елисавета.

Лука 1:56 вели: „И остана Марија со неа околу три месеци, па се врати дома“. Овој стих не го прецизира точниот календарски ден. Тој вели „околу три месеци“, што би било во деветтиот месец од бременоста на Елисавета.

Откако ѝ помагала на Елисавета, за време на доцниот период од нејзината бременост, Марија си заминала во својот дом, во Назарет. Таа веројатно сфатила дека, кога Елисавета ќе го роди (Јован), може да дојдат многу посетители, меѓу кои дури и некои нејзини роднини. Тоа би било непријатна или збунувачка ситуација за една немажена девојка која и самата била бремена. Во кој месец била Марија кога заминала за Назарет? Бидејќи со Елисавета била „околу три месеци“, кога се вратила во Назарет, таа веројатно била при крајот на третиот или на почетокот на четвртиот месец од својата бременост.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели