ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 1/8 стр. 14-19
  • Поучувани од Јехова сѐ до денешен ден

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поучувани од Јехова сѐ до денешен ден
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Идеален однос Учител — ученик
  • Опсежна програма на поучување
  • Поучени на собраниските состаноци
  • Поучени на поголемите состаноци
  • Поучени од Бог за да поучуваме
  • Поучени да ја вршиме Јеховината волја
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Јехова — Бог кој поучува
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Обласни конгреси „Боженствена поука“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Радувај се на користите од божествената поука
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 1/8 стр. 14-19

Поучувани од Јехова сѐ до денешен ден

„Самиот . . . Јехова ми го дал јазикот на поучените“ (ИСАИЈА 50:4, НС).

1, 2. а) За што го подготвил Јехова својот омилен ученик, и каков бил резултатот? б) Како го признал Исус Изворот на своите поуки?

ЈЕХОВА БОГ е Учител уште откако станал Татко. Во едно одредено време, кога некои негови деца се побуниле, тој го подготвил својот омилен ученик, својот Првороден, за служба на Земјата (Изреки 8:30). Исаија, поглавје 50, пророчки го претставува овој ученик, велејќи: „Самиот Суверен Господ Јехова ми го дал јазикот на поучените, за да знам како да му одговорам со збор на уморниот“ (Исаија 50:4, НС). Како резултат на тоа што ја применувал Татковата поука додека бил на Земјата, Исус бил извор на закрепа за сите оние кои биле „изморени и обременети“ (Матеј 11:28-30).

2 Исус направил бројни моќни дела во текот на првиот век. Им ги отворал очите на слепите, па дури ги подигал и мртвите, но сепак меѓу неговите современици првенствено бил познат како учител. Така го нарекувале и неговите следбеници и неговите противници (Матеј 8:19; 9:11; 12:38; 19:16; Јован 3:2). Исус никогаш не си ја присвојувал заслугата за она што го поучувал, туку понизно признал: „Учењето Мое не е Мое, а на Оној што Ме прати“. „Како што Ме научи Мојот Отец, така и зборувам“ (Јован 7:16; 8:28; 12:49).

Идеален однос Учител — ученик

3. Како покажува Исаииното пророштво дека Јехова се интересира за оние кои ги поучува?

3 Еден извонреден учител покажува личен, совесен и љубезен интерес за своите ученици. Исаија, поглавје 50, открива дека Јехова Бог покажува таков интерес за оние што ги поучува. „Тој буди од утро на утро;“ — забележува пророштвото — „ми го буди увото за да слушам како поучените“ (Исаија 50:4, НС). Јазикот што е употребен овде, укажува на еден поучувач кој уште рано изутрина ги буди своите ученици за да ги поучува. Коментирајќи за примената на пророштвото, еден библиски научник забележал: „Поентата е тоа дека Откупителот ќе биде . . . оној кој, така да се рече, бил во училиштето на Бог, и кој ќе биде оспособен да им дава поука на другите. . . . Преку Божествената поука Месијата требало да биде извонредно оспособен за поучувач на човештвото“.

4. Како се оѕвал Исус на поуката од својот Татко?

4 Во идеални услови, учениците се приемливи за поуката од својот поучувач. Како реагирал Исус на поуката од својот Татко? Неговиот одѕив бил во склад со она што го читаме во Исаија 50:5: „Господ Бог ми го отвори увото, и јас не се спротивставив, не отстапив назад“. Да, Исус бил желен да учи. Како што се вели, целиот се претворил во уво. Освен тоа, тој бил спремен да стори сѐ што ќе побара неговиот Татко. Не се бунтувал, туку напротив, рекол: „Нека не биде Мојата волја, туку Твојата“ (Лука 22:42).

5. а) Што покажува дека Исус однапред знаел за искушенијата што ќе ги претрпи на Земјата? б) Како се исполнило пророштвото од Исаија 50:6?

5 Пророштвото покажува дека Синот бил запознаен со можните последици од вршењето на Божјата волја. Тоа е покажано со она што го вели оној што бил поучен: „Грбот Свој го подметнав на оние што Ме биеја, и образите свои — на оние што Ме удираа; лицето Свое не го скрив од подбив и плукање“ (Исаија 50:6). Како што покажува пророштвото, со Исус сурово се постапувало додека бил на Земјата. „Го плукаа в лице“, напишал апостол Матеј. „Други Го биеја“ (Матеј 26:67). Тоа го сториле верските водачи во пасхалната ноќ 33 година н. е. Следниот ден, Исус им се подметнал на оние што го биеле кога римските војници безмилосно го тепале пред да го обесат на столб за да умре (Јован 19:1-3, 16-23).

6. Што покажува дека Исус никогаш не ја загубил довербата во својот Учител, и како била наградена неговата доверба?

6 Затоа што бил однапред добро школуван, Синот никогаш не ја загубил довербата во својот Учител. Тоа е покажано со она што го вели понатаму според пророштвото: „И Господ Бог Ми помага: затоа не се срамувам“ (Исаија 50:7). Исусовата доверба во помошта од неговиот Татко била богато наградена. Татко му го возвишил така што го благословил со положај што е повисок од положајот на сите други Божји слуги (Филипјаните 2:5-11). И нас нѐ очекуваат величествени благослови ако послушно се придржуваме за Јеховината поука и ако не ‚отстапиме назад‘. Да видиме сега како била достапна оваа поука сѐ до денешен ден.

Опсежна програма на поучување

7. Како ја спроведувал Јехова својата поука на Земјата?

7 Како што забележавме порано, Јехова го употребил својот земен Застапник, Исус Христос, за да спроведе божествено поучување во текот на првиот век (Јован 16:27, 28). Исус постојано укажувал на Божјата Реч како на авторитет за своето поучување, со што им дал пример на оние што ги поучувал (Матеј 4:4, 7, 10; 21:13; 26:24, 31). Подоцна, Јеховината поука била спроведувана на Земјата преку службата на оние кои биле поучени. Сети се дека Исус им заповедал: „Одете и научете ги сите народи, . . . учејќи ги да пазат сѐ што сум ви заповедал“ (Матеј 28:19, 20). Кога биле направени ученици, тие станале дел од „Божјиот дом, . . . Црква на живиот Бог“ (1. Тимотеј 3:15). Исто така, тие биле организирани во поединечни собранија во кои биле поучувани од Јехова (Дела 14:23; 15:41; 16:5; 1. Коринтјаните 11:16). Дали божествената поука продолжила да се дава на таков начин сѐ до нашево време?

8. На кој начин Исус покажал дека делото на проповедање на Земјата ќе биде водено уште пред да дојде крајот?

8 Навистина продолжила! Три дена пред својата смрт, Исус прорекол дека пред да дојде крајот на овој систем на ствари, ќе се врши едно големо дело на проповедање. „Ќе биде проповедано ова Евангелие за царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи“, рекол тој, „и тогаш ќе дојде крајот.“ Исус потоа го опишал средството преку кое ќе се извршува оваа програма на светско проповедање и поучување. Тој зборувал за „верниот и разумен роб“ (НС) кој ќе служи како канал, односно средство, за да им дава духовна храна на Своите слуги (Матеј 24:14, 45-47). Јехова Бог го употребува овој „роб“ за да ги надгледува интересите на Царството ширум светот.

9. Кој го сочинува верниот и разумен роб?

9 Денес, верниот и разумен роб го сочинува остатокот од наследници на Царството. Тие се помазани христијани, преостанатите на Земјата од 144-те илјади, кои „се Христови“ и кои се дел од ‚Авраамовото семе‘ (Галатјаните 3:16, 29; Откровение 14:1-3). Како можеш да го идентификуваш верниот и разумен роб? Особено, преку делото што го врши и преку неговото тесно држење за Божјата Реч, Библијата.

10. Кои публикации ги користела класата на робот за да ги шири Јеховините поуки?

10 Денес Јехова го користи овој „роб“ како свое средство преку кое ги поучува луѓето. Во 1931 година, оние од класата на робот го усвоиле името Јеховини сведоци. Оттогаш им се придружиле милиони лица, го прифатиле тоа име и се приклучиле во објавувањето на Божјето Царство. Ова списание, Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство, е главното средство што го користи ‚робот‘ во делото на поучување. Меѓутоа, се користат и други публикации, вклучувајќи и книги, џебни брошури, брошури, трактати и списанието Разбудете се!

11. Кои школи финансиски ги поддржува ‚робот‘, и за каква цел служи секоја од нив?

11 Освен тоа, ‚робот‘ финансиски поддржува и различни школи. Во нив спаѓаат Библиската школа Гилеад на Стражарска кула, која претставува петмесечен курс на кој се подготвуваат млади мисионери за странска мисионерска служба, и двомесечниот курс на Школата за оспособување на слуги, која обучува неоженети старешини и слуги помошници за специјални теократски задачи. Тука е и Школата за служба за Царството, во која христијанските старешини и слуги помошници периодично се поучувани за нивните собраниски одговорности, како и Школата за пионерска служба, која ги опремува полновремените евангелизатори да станат поделотворни во нивната активност на проповедање.

12. Кое е друго карактеристично обележје на програмата на поучување што се одвива секоја седмица?

12 Друга карактеристика на програмата на поучување се петте седмични состаноци што се одржуваат во преку 75.500 собранија на Јеховиниот народ низ целиот свет. Дали ти извлекуваш колку што е можно поцелосна корист од овие состаноци? Дали со тоа што внимаваш на поуката што се дава покажуваш дека навистина сметаш дека, така да се каже, си во Божјата школа? Дали твојот духовен напредок им става до знаење на другите дека го имаш „јазикот на поучените“? (Исаија 50:4, НС; 1. Тимотеј 4:15, 16).

Поучени на собраниските состаноци

13. а) Кој е еден важен начин на кој Јехова го поучува својот народ денес? б) Како можеме да го покажеме своето ценење за Стражарска кула?

13 Јехова го поучува својот народ особено преку седмична студија на Библијата со помош на Стражарска кула како помагало за поучување. Дали го сметаш овој состанок за место каде што можеш да бидеш поучен од Јехова? Иако Исаија 50:4 се применува првенствено на Исус, тој стих може да се примени и на сите оние кои ги користат Божјите подготовки за да го добијат „јазикот на поучените“. Еден начин на кој можеш да покажеш дека ја цениш Стражарска кула е да ги читаш сите изданија што е можно поскоро по добивањето. Потоа, кога се проучува Стражарска кула во собранието, можеш да го покажеш своето ценење кон Јехова со тоа што ќе бидеш присутен и подготвен да дадеш јавна изјава за својата надеж (Евреите 10:23).

14. а) Зошто коментирањето на состаноците претставува значајна предност? б) Кои коментари од младите се најохрабрувачки?

14 Дали го цениш тоа што со твоите коментари на состаноците можеш да имаш удел во Јеховината величествена програма на поучување? Несомнено, коментирањето на состаноците е еден важен начин на кој можеме меѓусебно да се поттикнуваме „кон љубов и добри дела“ (Евреите 10:24, 25). Дали можат и децата да имаат удел во оваа програма на поучување? Да, секако. Искрените коментари од младите честопати се охрабрувачки за постарите. Понекогаш, коментарите на децата ги мотивирале поновите кои доаѓаат на нашите состаноци, посериозно да се заинтересираат за библиската вистина. Некои деца имаат навика да ги читаат своите коментари директно од пасусот или да ги повторуваат додека некој возрасен им шепоти во увото. Но, најохрабрувачки е кога нивните коментари се добро подготвени. Таквото коментирање навистина му донесува чест на нашиот Величествен Поучувач и на неговата возвишена програма на поучување (Исаија 30:20, 21).

15. Што можат да сторат родителите за да им помогнат на децата да коментираат поделотворно?

15 Радост е да се види дека децата сакаат да учествуваат во фалењето на нашиот Бог. Исус ги ценел изразите на фалба од децата (Матеј 21:15, 16). Еден христијански старешина забележува: „Кога бев дете, сакав да коментирам на студијата на Стражарска кула. Откако ќе ми помогнеше да подготвам некој коментар, татко ми бараше да го извежбам барем седум пати“. Можеби во текот на вашата семејна библиска студија, вие родители би можеле да им помогнете на своите деца да подготвуваат коментари со свои зборови на одбрани пасуси од Стражарска кула. Помогнете им да ја ценат големата предност што можат да учествуваат во Јеховината програма на поучување.

16. Каква е користа од Теократската школа за проповедање, и кој може да се запише во неа?

16 Исто така, и за поучувањето на другите христијански состаноци треба сериозно да размислуваат не само оние кои имаат предност да ги изнесуваат информациите туку и оние кои ја слушаат изнесената поука. Веќе преку 50 години, Јехова ја користи седмичната Теократска школа за проповедање за да оспособува милиони мажи и жени поделотворно да ја изнесуваат веста за Царството. Во неа можат да се запишат оние кои се активно поврзани со собранието, сметајќи ги и луѓето кои од неодамна почнале да доаѓаат на состаноците, сѐ додека водат живот што е во склад со христијанските начела.

17. а) За која нарочна цел е воведен Состанокот за јавност? б) Кои работи треба да ги имаат на ум јавните говорници?

17 Друга долгогодишна одлика на програмата на поучување е Состанокот за јавност. Како што покажува самото име, овој состанок бил воведен особено за да ги запознае со основните библиски поуки оние кои не се Сведоци. Затоа, оној кој го држи предавањето, треба да ги изнесе информациите на начин кој ќе им биде разбирлив на оние кои за првпат ја слушаат пораката. Тоа значи да се објаснат изразите како што се „други овци“, „браќа“ и „остаток“ — изрази коишто оние кои не се Сведоци можеби не ги разбираат. Со оглед на тоа што присутните на Состанокот за јавност можат да имаат верувања или начин на живот кои се сосема спротивни на Библијата — иако се прифатливи во денешното општество — говорникот треба секогаш да биде тактичен и никогаш да не ги исмејува таквите верувања или таквиот начин на живот. (Спореди 1. Коринтјаните 9:19-23.)

18. Кои други седмични собраниски состаноци постојат, и за каква цел служат?

18 Собраниската студија на книга е состанок на кој секоја седмица заедно со Библијата се проучуваат публикации што ги подготвил верниот и разумен роб. Во многу земји моментално се проучува книгата Revelation—Its Grand Climax At Hand! (Откровение — Близу е неговата величествена кулминација!). Состанокот за служба е наменет да го опреми Јеховиниот народ да има потполно учество во проповедањето на добрата вест за Царството и во правењето ученици (Матеј 28:19, 20; Марко 13:10).

Поучени на поголемите состаноци

19. Кои поголеми собири ги подготвува ‚робот‘ секоја година?

19 Веќе преку сто години, ‚верниот роб‘ (НС) подготвува конгреси и собири за поучување и за посебно охрабрување на вистинските христијани. Сега секоја година се одржуваат три такви големи состаноци. Тука е еднодневниот состанок на кој присуствува група собранија кои сочинуваат една покраина. Во текот на годината, секоја покраина одржува и еден дводневен собир, наречен покраински состанок. Освен тоа, се одржува и еден собир, наречен обласен конгрес, на кој присуствуваат неколку покраини. Периодично, може да има и меѓународни конгреси. Овие големи собири со гостувачки Сведоци од многу земји, навистина ја зајакнуваат верата на Јеховиниот народ! (Спореди 5. Мојсеева 16:16.)

20. Што е доследно нагласувано на поголемите собири на Јеховините сведоци?

20 Во 1922 година, кога во Седар Поинт (Охајо, САД) се собрале околу 10.000 лица, делегатите биле поттикнати од охрабрувањето на говорникот: „Ова е ден над сите денови. Гледајте, Царот владее! Вие сте негови јавни застапници. Затоа, објавувајте, објавувајте, објавувајте го Царот и неговото Царство“. Таквите големи конгреси доследно ставале нагласок врз делото на проповедање. На пример, на меѓународниот конгрес во Њујорк во 1953 година, било дадено известување дека во сите собранија ќе се воведе програма на обучување за делото од куќа до куќа. Нејзиното спроведување имало многу позитивно влијание врз проповедањето на Царството во многу земји.

Поучени од Бог за да поучуваме

21. Која предност сакаме да ја прифатиме, а да не ја промашиме нејзината цел?

21 Секако, и денес Јехова има на Земјата една прекрасна програма на поучување! Сите оние кои сакаат да извлечат корист од неа, можат да бидат поучени од Бог — да, можат да бидат меѓу оние на кои им е даден „јазикот на поучените“. Колкава предност е, така да се рече, да се биде во Божјата школа! Сепак, кога ја прифаќаме оваа предност, не смееме да ја промашиме нејзината цел. Јехова го поучил Исус, па затоа тој можел да поучи и други, а Исус ги поучил своите ученици, па затоа тие можеле да го вршат истото дело што го вршел тој, само во уште поголем обем. На сличен начин, и ние сме обучувани преку Јеховината величествена програма на поучување, со цел да ги поучуваме другите (Јован 6:45; 14:12; 2. Коринтјаните 5:20, 21; 6:1; 2. Тимотеј 2:2).

22. а) Каков проблем имале Мојсеј и Јеремија, но како бил решен? б) Каква гаранција можеме да имаме за тоа дека Бог ќе се погрижи да биде извршено проповедањето на Царството?

22 Дали велиш како Мојсеј: „Не сум доброречив човек“, или како Јеремија: „Не умеам да говорам“? Јехова ќе ти помогне и тебе како што им помогнал ним. „Јас ќе ти ја отворам устата твоја“, му рекол на Мојсеј. А на Јеремија му рекол: „Не плаши се . . . Јас сум со тебе“ (2. Мојсеева 4:10-12; Јеремија 1:6-8). Кога верските водачи сакале да ги замолкнат Исусовите ученици, тој рекол: „Ако тие замолкнат, камењата ќе повикаат“ (Лука 19:40). Но, камењата не морале да викаат ниту тогаш ниту, пак, треба да викаат сега, затоа што Јехова го користи јазикот на оние кои ги поучил за да ја соопшти својата порака за Царството.

Можеш ли да одговориш?

◻ Каков идеален однос Учител-ученик е истакнат во Исаија, поглавје 50?

◻ Како спроведува Јехова една обемна програма на поучување?

◻ Кои се некои карактеристични обележја на Јеховината програма на поучување?

◻ Зошто е голема предност да се учествува во Јеховината програма на поучување?

[Слика на страница 16]

Срдечните коментари од децата честопати се охрабрувачки за постарите

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели