ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 15/2 стр. 30
  • Обласни конгреси „Боженствена поука“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Обласни конгреси „Боженствена поука“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Сличен материјал
  • Поучувани од Јехова сѐ до денешен ден
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Радувај се на користите од божествената поука
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Божествената поука триумфира
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Возбудливи конгреси ја унапредуваат божествената поука
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 15/2 стр. 30

Обласни конгреси „Боженствена поука“

СИТЕ оние кои имаат желба да бидат поучени од Јехова копнежливо ги очекуваат Обласните конгреси „Боженствена поука“. Четиридневната програма ќе истакне значајни аспекти на библиското поучување кое ги штити христијаните во ова време на пораст на личните проблеми и светските немири. Програмата ќе им помогне цврсто да се спротивстават на ‚сѐ што е противно на здравата наука‘ и да станат подобри учители за Божјата реч (1. Тимотеј 1:10).

Само каков добар пример за имитирање имаме! Најголемиот Учител не е никој друг туку самиот Јехова Бог. Со право можел Елијуј за ова да му каже на Јов дека Јехова ‚нѐ прави поразумни од земјениот добиток и помудри од птиците небески‘. Тој исто така прашал за Јехова: ‚Кој е учител [подучувач, NW] како Него?‘ (Јов 35:11; 36:22). Во Исаија 30:20 (NW) Бог е означен како ‚Големиот Подучувач‘.

По Јехова, втор учител е Исус Христос. Тој бил познат како ‚Учител‘ и како ‚Подучувач‘, и во Евангелијата околу 50 пати е означен како таков. Наспроти многуте негови сензационални лечења и други чуда, Исус не бил познат како Лекар, туку како Учител, Наставник (Матеј 8:19; Лука 5:5; Јован 13:13).

Што е уште поприкладно, Исус ги учел своите ученици и апостоли да бидат учители како него. Тоа можеме да го видиме во Матеј 10:5 до 11:1 и во Лука 10:1–11. Кратко пред да се вознесе на небото, Исус им го дал на своите ученици добро познатиот налог за поучување, запишан во Матеј 28:19, 20. Книгата Дела на светите апостоли, како и инспирираните писма кои следат по неа во Христијанските Грчки списи, раскажуваат колку ревносно, вешто и верно Исусовите први следбеници го извршувале овој налог на поучување.

Ова дело на поучување денес е уште поитно отколку било кога порано. Живееме во последните денови на овој систем на ствари и, поради тоа, во прашање се човечки животи. За да не учествуваат во гревовите на Големиот Вавилон и да не примат дел од нејзините маки, луѓето мора да бидат поучени и да им се помогне да излезат од него и цврсто да заземат став за Јехова и неговото Царство (Откровение 18:4).

За да им помогне на сите Јеховини сведоци во нивните напори да го извршат својот налог за поучување, Јехова преку својата организација се погрижи за Обласните конгреси „Божествена поука“. Овие четиридневни конгреси ќе започнат во северната хемисфера, на почетокот од летото. Нека секој предаден Јеховин слуга се потруди да посети барем еден од овие конгреси, така што ќе биде присутен и внимателен од почетната песна во четврток попладне па сѐ до заклучната молитва во недела попладне.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели