ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 15/8 стр. 31
  • Се сеќаваш ли?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Се сеќаваш ли?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Сличен материјал
  • Печатар кој оставил свој белег
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Зошто да се бара вистината?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Христијаните обожаваат со дух и со вистина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Дали е достижна религиозната вистина?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 15/8 стр. 31

Се сеќаваш ли?

Дали уживаше додека ги читаше поновите изданија на Стражарска кула? Ако си уживал, ќе ти биде интересно да се сетиш на следново:

▫ Дали е достижна религиозната вистина?

Исус Христос рекол: „Ќе ја познаете вистината, и вистината ќе ве ослободи“ (Јован 8:32). Исус не само што укажал дека вистината е достижна туку и покажал дека е неопходно да се пронајде истата во нашето обожавање на Бог. На една самарјанка ѝ рекол: „Вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот со дух и вистина“ (Јован 4:23; 15. 4., страница 5).

▫ Кој бил Роберт Етјен и што оставил зад себе?

Роберт Етјен бил печатар кој живеел во XVI век. Тој го посветил својот живот на објавувањето на Светото писмо и се трудел да ги открие зборовите на Библијата како што првобитно биле напишани. Неговиот систем за поделба на библискиот текст во нумерирани стихови е истиот систем кој е денес во општа употреба (15. 4., страници 10, 14).

▫ Каква корист имаме од секојдневното читање на Библијата?

Библијата постојано добива за нас ново значење, а пророштвата во врска со последните денови стануваат сѐ повпечатливи во светлината на она што сме го виделе, чуле и лично сме го доживеале. Додека се зголемува нашето животно искуство и додека се бориме со проблеми, попотполно го сфаќаме библискиот совет (Изреки 4:18; 1. 5., страница 15).

▫ Како можат да се запомнат библиските стихови?

Додека ја читаш Библијата, означи ги избраните стихови кои особено сакаш да ги запомниш или препиши ги на картички и стави ги таму каде што ќе можеш да ги гледаш секој ден. Додека се трудиш да ги запомниш стиховите, медитирај за нив и примени ги. Не обидувај се да запомниш премногу одеднаш, можеби само еден или два стиха секоја седмица (1. 5., страници 16, 17).

▫ Која информација ја содржи Лукиното евангелие, што ја немаат другите писатели на евангелијата?

Иако голем дел од она што го запишал Лука е слично со Матеевиот извештај, 59 отсто е различно. Лука запишал шест чуда кои се единствени за неговата книга и известил двојно повеќе Исусови споредби што не ги споменале другите писатели на евангелијата (15. 5., страница 12).

▫ Кои извонредни блесоци на светлината на вистината биле откриени во 1935 година?

Таа година Јеховиниот народ сфатил дека големото мноштво, споменато во Откровение 7:9, 14, не се однесува на некаква второстепена небесна класа, туку на оние кои имаат земна надеж (Јован 10:16; 15. 5., страница 20).

▫ На кои практични начини можеме да ги утешиме ужалените?

Слушај. Разуверувај ги. Стој на располагање. Преземи соодветна иницијатива кога е потребно. Напиши писмо или картичка на утеха. Моли се со нив (Јаков 5:16). Помагај им и понатаму (1. 6., страници 13, 14).

▫ Како можат духовните браќа и сестри да им помогнат на оние кои живеат во религиозно разделени семејства да издржат?

Редовно зборувај им со охрабрувачки, позитивни и утешувачки зборови (1. Солунјаните 5:14). Тоа делува освежувачки за нив умствено и телесно. Кога е практично и соодветно, вклучи ги во твоите теократски и друштвени активности. Вклучи ги во твоите молитви (Римјаните 1:9; Ефесјаните 1:16; 1. 6., страница 29).

▫ Кои награди произлегуваат ако покажуваме трпеливост додека сме во службата на проповедање?

Трпеливоста му помага на објавителот на Царството да поднесе секаква незаинтересираност или противење. Наместо да се расправаат со разлутените станари, трпеливите проповедници ќе можат да им дадат благ одговор или мирно да си заминат, задржувајќи го мирот и радоста (Матеј 10:12, 13). Освен тоа, поединците слични на овци ќе бидат привлечени кон пораката за Царството (15. 6., страница 12).

▫ Зошто познавањето на библиската вистина е толку вредно?

Познавањето на вистината нѐ ослободува од лаги, заблуди и суеверија. Кога живееме според неа, таа нѐ зајакнува да ги издржиме тешкотиите и ни влева надеж која нѐ оспособува да останеме цврсти под секаков испит (1. 7., страница 8).

▫ Која првенствена одговорност од природниот Израел ја презело помазаното христијанско собрание?

Предноста да сведочат за Јеховината величина меѓу народите (Исаија 43:21; 1. Петрово 2:9; 1. 7., страница 19).

▫ Што се подразбира под зборовите на апостол Петар дека сопругот треба да ‚ја почитува‘ својата сопруга (1. Петрово 3:7)?

Сопругот кој ѝ оддава чест на својата сопруга, не ја понижува ниту ја потценува. Напротив, со своите зборови и дела — како приватно така и јавно — покажува дека ја цени (Изреки 31:10-31; 15. 7., страница 19).

▫ Зошто може да се каже дека исклучувањето на еден непокајнички престапник од христијанското собрание е израз на љубов?

Исклучувањето е израз на љубов кон Јехова и кон неговите патишта (Псалм 96:10). Тоа покажува љубов кон оние кои го следат праведниот пат бидејќи го отстранува од нивната средина оној кој може да врши лошо влијание врз нив; тоа исто така ја заштитува и чистотата на собранието (1. Коринтјаните 5:1-13; 15. 7., страница 25).

▫ Како може денес да се идентификува „верниот и разумен роб“ за кого зборувал Исус во Матеј 24:45-47?

Тој особено се идентификува преку делото што го врши да обезбеди публикации темелени на Библијата, преку поучувањето и проповедањето на ‚добрата вест за Царството‘ и преку неговото тесно придржување кон Божјата Реч, Библијата (Матеј 24:14, НС; 28:19, 20; 1. 8., страница 16).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели