ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 15/1 стр. 5-9
  • Тие се собраа како радосни фалители

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тие се собраа како радосни фалители
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ‚Фали го Јехова, . . . бидете радосни!‘
  • „Секогаш да Му принесуваме на Бога пофална жртва“
  • „Ликувајте и радувајте се засекогаш“
  • Одвоени за да бидеме радосни фалители ширум светот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • „Радосни фалители“ — Обласен конгрес на Јеховините сведоци
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Извршителите на Божјата реч наоѓаат среќа
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • ‚Ревносните објавители на Царството‘ радосно се собираат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 15/1 стр. 5-9

Тие се собраа како радосни фалители

НА ДРЕВНИОТ народ на Јехова Бог му било заповедано ‚само да се весели‘ (5. Мојсеева 16:15). Обласните конгреси „Радосни фалители“ во 1995/96 година сигурно им дадоа на Јеховините сведоци добри причини за радост.

Уште откако почна оваа серија конгреси, тие ја изградуваа верата. Исто така, покажаа како да се најде радост во еден свет без радост. Да го разгледаме конгресот ден по ден.

‚Фали го Јехова, . . . бидете радосни!‘

Горното мото на првиот конгресен ден се темелеше на Псалм 149:1, 2 (НС). Предавањето „Ние имаме причина да воскликнуваме од радост“ ја разгледа примената на пророштвото од Исаија, поглавје 35. Тоа имало исполнување во древниот Израел, а особено во наше време, со подигањето на Јеховините обожаватели до благосостојба и здравје во еден духовен рај. На тој начин, конгресните делегати имаа причина да воскликнуваат од радост поради она што Бог го наумил за својот народ во еден духовен рај, како и во претстојниот дословен Рај што сега е толку близу.

Клучното предавање „Издвоени како радосни фалители низ целиот свет“, одговори на прашањето: Што нѐ издвојува нас од овој свет? Тоа е нашето обединето обожавање на Јехова. Без разлика каде живеат Јеховините сведоци на оваа Земја, тие се единствени во она што го зборуваат и поучуваат. Исто така, се радуваат на Јеховината величествена намера да го посвети своето свето име и да ја оправда својата сувереност преку своето Царство. Но, како ни помага Јехова да имаме и ние свое место во неговата намера? Тој ни ја доверил вистината од својата света Реч. Бог ни го дал својот свет дух. Нѐ благословил со едно светско братство и со подготовка за чисто обожавање. Нашето меѓународно семејство ни помага да му служиме на Јехова со голема радост во срцето.

Предавањето „Држи се одделен и без дамка од светот“ ја нагласи потребата да се избегнуваат дамките на пристрасност и на класни разлики (Јаков 2:5-9). Некои можеби се дружат само со лица од слично потекло или финансиски статус, занемарувајќи ги сохристијаните кои се сиромашни или во неповолна положба. Други можеби се склони да ги фаворизираат оние кои имаат одговорни положаи во собранието. Тие забораваат дека најголемата предност што некој може да ја има е да биде Сведок на Јехова. Затоа, не смееме да дозволиме световните тенденции да нѐ извалкаат и да го нарушат мирот на собранието (2. Петрово 3:14).

Предавањето „Дали сум спремен за брак?“ истакна дека многумина набрзина стапуваат во брак. Некои се венчаваат за да побегнат од тешката ситуација дома или затоа што нивните врсници го прават тоа. Меѓутоа, оправданите причини за брак вклучуваат обострана желба да се следат теократски цели, искрена љубов, потреба од друштво и сигурност, како и желбата да се подигаат деца. Духовното обучување игра важна улога во подготовката за брак. Меѓу другото, потребно е да се градат пожелни особини со тоа што ќе се облекува новата личност. Исто така, мудро е да се утврди дали идниот сопружник дава доказ дека има вистински однос со Јехова и дали со другите постапува со почитување. Мудро е, исто така, да се бара совет од зрели христијани (Изреки 11:14).

По оваа просветлувачка дискусија следеше една друга со наслов „Родители кои им се радуваат на своите деца“. Раѓањето на едно дете обично претставува време на голема радост. Меѓутоа, раѓањето деца донесува и голема одговорност (Псалм 126:3). Затоа, важно е децата да бидат поучени да го сакаат Јехова. Родителите можат да го сторат тоа на тој начин што редовно ќе им зборуваат на своите деца за Јехова и начелата од неговата Реч ќе ги применуваат во своето семејство.

Првиот конгресен ден заврши со едно изненадување — објавувањето на новата брошура Јеховините сведоци и образованието. Таа јасно објаснува дека Сведоците „ги поттикнуваат своите деца да учат и сериозно да ги сфаќаат задачите што им се зададени во училиште“. Оваа публикација исто така ги објаснува и извонредните резултати од класовите за описменување што Јеховините сведоци долги години ги водат во Нигерија, Мексико и во други земји. Брошурата треба да им помогне на педагозите да сфатат дека ние му придаваме голема важност на образованието.

„Секогаш да Му принесуваме на Бога пофална жртва“

Горното мото на вториот ден се темелеше на Евреите 13:15. Претпладневната програма содржеше еден циклус предавања со наслов „Одгласи се на повикот да го фалиш Јехова“. Возраста не е никаква пречка за да се одгласиме на овој повик. Псалм 148:12 и 13 ги поттикнува младичите, девојките, старците и момчињата да го фалат Јехова. Многу Јеховини радосни слуги биле во можност да ја зголемат својата фалба. Ширум светот, повеќе од 600.000 лица учествуваат во полновремената проповедничка активност, односно пионерската служба. Над 15.000 се ангажирани во специјална пионерска служба, а повеќе од 15.000 се во бетелска служба.

„Да се служи лојално со Јеховината организација“ беше говор кој покажа дека лојалноста е неопходна за Божјите слуги. Да се биде лојален на Јехова значи да се прилепиме за него со толку цврста оддаденост што таа ќе дејствува како некое силно лепило. Лојалноста бара да избегнуваме намерно да ги прекршуваме библиските заповеди, без разлика дали другите нѐ гледаат или не. Исто така, таа изискува и лојално да ги поддржуваме библиските учења што се наоѓаат во списанијата Стражарска кула и Разбудете се!, како и сета друга духовна храна што ја дава Друштвото Стражарска кула. По овој говор следеше предавањето за крштавање. Колкава само радост беше кога кандидатите за крштавање дадоа доказ за нивната предаденост на Јехова!

Зборовите од Осија 4:1-3 го поставија образецот за попладневниот говор „Кон што тежнееш — кон доблести или кон пороци?“ Иако светското гледиште за доблеста се расипало, христијаните мораат ‚сериозно да се напрегаат‘ (НС) за да тежнеат по морална одличност (2. Петрово 1:5). Тоа започнува со начинот како некој размислува. Ако неговите мисли се доблесни, тој ќе зборува чисти, здрави и изградувачки зборови и ќе се стреми да биде чесен во своите постапки со другите. Тежнеењето кон доблест исто така вклучува стремење да се биде полн со разбирање и сочувствителен спрема сохристијанинот кој страда од неволја или од депресија (1. Солунјаните 5:14).

Еден друг говор, „Избегнувај ги замките на Ѓаволот“, ги предупреди христијаните да не се изложуваат себеси на демонски влијанија. На полето на лечењето на болести, христијаните треба да бидат претпазливи во поглед на техниките, како што е хипнозата — таа мамка на окултизмот. Инаку, што ќе направат поединци во грижата за сопственото телесно здравје, е лична работа.

Вториот ден заврши со едно радосно изненадување — објавувањето на една нова џебна публикација, наменета да им се помогне на лицата со искрени срца побргу да напредуваат кон предание и крштавање. Оваа нова книга од 192 страници има наслов Спознание кое води до вечен живот. Книгата Спознание ја изнесува вистината на еден изградувачки начин. Таа не се задржува на побивањето на лажните доктрини. Јасноста на јазикот и логичниот развој треба да го олеснат користењето на оваа книга за водење на библиски студии и да им помогнат на луѓето да го стекнат пријатното спознание за Бог.

„Ликувајте и радувајте се засекогаш“

Овие зборови од Исаија 65:18, НС беа темата на третиот конгресен ден. Исполнувањето на библиското пророштво укажува на 1914 како на година кога овој зол систем навлегол во своите последни денови. Затоа, циклусот предавања под наслов „Радосни фалители во времето на крајот од овој систем“ го задржа будно вниманието на слушателите. Говорниците покажаа како милијарди се опфатени со алчниот и насилен дух на светот. Со текот на времето, тие ќе дојдат на суд како дел од светот чиј владетел е Сатана. Затоа, сега е време да направиме избор. На чија страна сакаме да бидеме? Дали сакаме да го обожаваме Јехова и да ја поддржуваме неговата сувереност, или ќе му дозволиме на Сатана да биде наш владетел со тоа што ќе правиме работи кои му се угодни нему? Секој од нас треба да заземе недвосмислен став на Јеховината страна.

Јавното предавање на конгресот „Фалете го Царот на вечноста!“, на сите присутни им даде цврста храна за размислување. Иако се чини дека идејата за вечност е вон сфаќањето на кревките луѓе, Јехова потполно ја разбира. „Господ е вечен цар, во сите времиња“, испеал псалмистот (Псалм 9:36). Овој Цар на вечноста му го отворил патот на човештвото да ужива вечен живот преку неговиот Син, Исус Христос (Јован 17:3). „Да, ние грешните луѓе можеме да постигнеме вечен живот преку божествено поучување и верата во Исусовата откупна жртва“, рече говорникот.

Како што конгресот се приближуваше кон крај, присутните беа изградени од последниот говор со наслов „Радосно фали го Јехова од ден на ден“. Охрабрувачки беше да се добијат извештаи за напредокот на делото на правење ученици ширум Земјата. А конгресните делегати беа поттикнати ‚секој ден да Го благословуваат и во сите векови да го фалат името [Јеховино]‘ (Псалм 144:2).

Неописливи дела на нечовечност му ја одземаат радоста на светот. Меѓутоа, поединци можат со полна вера во Јехова да поседуваат божествена радост. Затоа, како светско братство, Јеховините сведоци можат да ги повторат следниве зборови од Псалм 34:27, 28: „Нека се зарадуваат и нека се развеселат, оние што ја сакаат мојата правда, и непрестајно нека велат: да се возвеличи Господ, Кој му пожелува мир на Својот слуга! И јазикот мој ќе зборува за правдата Твоја и за Твојата похвала секој ден“.

[Слики на страница 7]

Семејствата ќе извлечат корист од брошурата „Јеховините сведоци и образованието“

[Слики на страници 8 и 9]

Новата книга „Спознание кое води до вечен живот“, ги изнесува библиските вистини на еден изградувачки начин

[Слика на страница 9]

Многумина се крстија во знак на своето предание на Јехова

[Слика на страница 9]

Конгресните делегати беа длабоко трогнати од драмата „Да им се оддава чест на достојните во нивната старост“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели