ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 15/2 стр. 5-7
  • Траен крај на насилството — како?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Траен крај на насилството — како?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што може да се стори?
  • Моќта на Божјата Реч
  • Кампања која го окончува насилството
  • Животоважна поука
  • Можно ли е да има свет без насилство?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
  • Како гледа Бог на насилството?
    Разбудете се! 2002
  • Насилство
    Разбудете се! 2015
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 15/2 стр. 5-7

Траен крај на насилството — како?

ЗА ДА го запрат бранот на насилство, извесен број градови во Соединетите Држави експериментираа со една нова идеја — давање на готовина или стока во замена за враќање на пиштолите, без никакви прашања. И каков бил резултатот? На пример, по цена од 341.000 долари, градот Сент Луис собрал 8.500 пиштоли. Во една слична програма во Њујорк Сити биле собрани повеќе од илјада парчиња оружје.

Какво влијание имало сето ова врз криминалот? За жал, многу мало. Во следната година во Сент Луис, убиствата извршени со пиштол достигнале апсолутен рекорд. Се проценува дека на улиците на Њујорк Сити сѐ уште има два милиона пиштоли. Во Соединетите Држави, во приватни раце се наоѓаат околу 200 милиони пиштоли, скоро по еден на секој човек, жена и дете. Во други земји, насилството поврзано со пиштоли расте со алармантна стапка. Во Британија, „помеѓу 1983 и 1993 година, бројот на прекршоци забележани од полицијата, во кои биле вклучени огнени оружја, скоро се удвоил на 14.000“, вели The Economist. Иако стапката на убиства е релативно ниска, во оваа земја постојат околу еден милион парчиња незаконско оружје.

Се разбира, секаква редукција на овие застрашувачки бројки претставува чекор напред. Меѓутоа, претходноопишаните мерки едвај ги допираат коренските причини за насилството. Кои се тие причини? Се наведуваат повеќе фактори, но само малку од нив се суштински. Недостигот на семејна стабилност и на морална поука натерал многу млади луѓе да се придружат на банди заради чувството на припадност. Мамката за големи профити наведува многумина да прибегнуваат кон насилство. Неправдите ги тераат другите да ги решаваат работите со помош на насилни средства. Гордоста на својата земја, расата или положбата во животот ги наведува луѓето да го игнорираат страдањето на другите. Ова се длабоко вкоренети фактори за кои не постојат брзи решенија.

Што може да се стори?

Повеќе полиција, построги затворски казни, контрола на набавката и носењето пиштоли, смртна казна — сето ова било предложено и испробано како средство за зауздување на криминалот и насилството. Тоа донело различни степени на успех, но жалосен факт е дека насилството сѐ уште е дел од нашиот живот. Зошто? Затоа што овие мерки ги лечат само симптомите.

Од друга страна, многу експерти мислат дека клучот за окончување на насилството лежи во образованието. Иако ова е здрава идеја, мораме да забележиме дека насилството не е присутно само кај нациите каде што можностите за образование се ограничени. Поточно речено, се чини дека некои од најнасилните нации се и оние со највисок образовен стандард. Не е тешко да се види дека она што е потребно не е само образование туку и исправен вид на образование. Какво треба да биде тоа? Постои ли некој кој е способен да ги поучи луѓето да бидат мирољубиви и исправни поединци?

„Јас сум Господ [Јехова, НС], Бог твој, Кој те учи на добро, Кој те води по оној пат, по кој треба да одиш. О, да беше ги слушал Моите заповеди! Тогаш твојот мир ќе беше како река, и твојата правда [праведност, НС] — како морски бранови“ (Исаија 48:17, 18). Како Јехова ги поучува луѓето да бидат мирољубиви и праведни? Првенствено преку својата Реч, Библијата.

Моќта на Божјата Реч

Библијата ни оддалеку не претставува само збирка стари бајки и пословици кои се застарени и безначајни. Таа содржи начела и идеи од Творецот на човештвото, кој, од својата надмоќна поволна положба, ја познава човечката природа подобро од кој и да е друг. „Како што е небото повисоко од земјата, така се и Моите патишта повисоки од вашите патишта, и мислите Мои — повисоко од вашите мисли“, вели Јехова Бог (Исаија 55:9).

Од оваа причина, апостол Павле сведочи дека „словото Божјо е живо и дејствува и е поостро од секаков меч со две острици; и навлегува до разделување на душата и духот, до зглобовите и мозокот, и ги проценува мислите и намерите на срцето“ (Евреите 4:12). Да, Божјата Реч има моќ да го достигне и да го допре срцето на човекот и да го промени неговото размислување и однесување. Зарем ова не е она што е потребно за да се променат насилничките патишта на луѓето денес?

Јеховините сведоци, кои сега бројат околу пет милиони во преку 230 земји, се жив доказ дека Божјата Реч навистина има моќ да ги преобразува животите на подобро. Меѓу нив има луѓе од секоја националност, јазик и раса. Исто така, тие потекнуваат од сите општествени слоеви и социјално потекло. Некои од нив порано воделе насилнички и бурен живот. Но, наместо да дозволат таквите фактори да поттикнуваат непријателство, соперништво, дискриминација и омраза во нивната средина, тие научиле да ги надминуваат овие бариери и станале мирољубиви и обединети луѓе ширум светот. Како ова било можно?

Кампања која го окончува насилството

Јеховините сведоци се посветени на тоа да им помагаат на другите да стекнат точно спознание за Божјата намера како што е откриена во неговата Реч, Библијата. Во секое катче од Земјата, тие ги бараат оние кои сакаат да ги научат Јеховините патишта и да бидат поучени од него. Нивните напори даваат плод. Резултатот од оваа образовна кампања е тоа што се исполнува едно прекрасно пророштво.

Пред околу 2.700 години, Исаија бил инспириран да напише: „И ете, во последните дни . . . Ќе тргнат многу народи и ќе речат: Дојдете, да се искачиме на гората Господова, во домот на Бога Јаковов; Он ќе нѐ научи на Своите патишта, и ќе одиме по патеките Негови‘“ (Исаија 2:2, 3).

Ако сме поучени од Јехова и ако одиме по неговите патеки, тоа може да донесе прекрасни промени во животот на луѓето. Една од промените е претскажана во истото пророштво: „Ќе ги прековаат мечевите свои во плугови, а копјата свои — во српови; народ против народ нема да крене меч и нема повеќе да се учат на војна“ (Исаија 2:4). Многу луѓе го имаат прочитано овој стих. Всушност, истиов стих е исклесан на еден ѕид на Плоштадот на Обединетите нации во Њујорк Сити. Тоа е потсетник на она кон кое тежнеат Обединетите нации, но кое не успеваат да го остварат. Ова отстранување на војната и насилството нема да го постигне никаква политичка организација создадена од човек. Тоа е нешто за кое е способен само Јехова Бог. Како ќе го постигне тоа?

Очигледно, нема секој да се оѕвие на поканата да ‚се искачи на гората Господова‘, да биде ‚научен за Неговите патишта‘ и да ‚оди по патеките Негови‘; ниту, пак, сите ќе бидат спремни да ‚ги прековаат мечевите свои во плугови, а копјата свои — во српови‘. Што ќе стори Јехова со таквите? Тој нема засекогаш да им дава прилика или, пак, да ги чека да се променат. За да му стави крај на насилството, Јехова ќе им стави крај и на оние кои се непопустливи на своите насилнички патишта.

Животоважна поука

Она што го сторил Бог во времето на Ное, ни дава предупредувачка поука нам денес. Библискиот извештај покажува каков свет постоел тогаш: „Земјата се израсипа пред лицето на Бога, и се исполни со неправда [со насилство, НС]“. Поради тоа, Бог го известил Ное: „Крајот на секое тело пред очите Мои дојде, зашто се исполни земјата со неправда [со насилство, НС] од нив; и еве, Јас ќе ги истребам нив од земјата“ (1. Мојсеева 6:11, 13).

Мораме да забележиме една важна точка. Кога го нанел потопот врз таа генерација, Бог го сочувал Ное и неговото семејство. Зошто? Библијата одговара: „Ное беше човек праведен и непорочен во својот род; Ное живееше секогаш според волјата Божја“ (1. Мојсеева 6:9; 7:1). Иако од оние кои живееле во тоа време не биле баш сите насилни личности, само Ное и неговото семејство ‚живееле според волјата Божја‘. Поради тоа, тие преживеале кога на тој насилен свет му бил ставен крај.

Додека гледаме како Земјата повторно ‚се исполнува со насилство‘, можеме да бидеме сигурни дека тоа не останува незабележано од Бог. Исто како што сторил во времето на Ное, наскоро тој ќе преземе акција и ќе му стави крај на насилството — и тоа трајно. Но исто така, тој ќе подготви пат кон сигурно за оние кои сега се учат да ‚живеат според волјата Божја‘, оние кои се оѕвиваат на неговата голема образовна кампања за мир.

Преку псалмистот, Јехова ја дава следнава гаранција: „Уште малку, и грешникот [злобниот, НС] ќе го нема; ќе го побараш местото негово и нема да го најдеш. А кротките ќе ја наследат земјата и ќе се насладуваат во изобилен мир“ (Псалм 36:10, 11).

Јеховините сведоци со задоволство ќе ја проучуваат Библијата со тебе за да можеш и ти да им се придружиш на оние кои велат: „Да се искачиме на гората Господова, во домот на Бога Јаковов; Он ќе нѐ научи на своите патишта, и ќе одиме по патеките Негови“ (Исаија 2:3). Ако правиш така, ќе можеш и ти да бидеш меѓу оние кои ќе го видат крајот на сета злоба и насилство. Ти можеш да ‚се насладуваш во изобилен мир‘.

[Извор на слика на страница 5]

Reuters/Bettmann

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели