ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp16 Бр. 4 стр. 10-11
  • Можно ли е да има свет без насилство?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Можно ли е да има свет без насилство?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ЌЕ МУ ДОЈДЕ ЛИ КРАЈ НА НАСИЛСТВОТО?
  • НАСКОРО СВЕТ БЕЗ НАСИЛСТВО!
  • Како гледа Бог на насилството?
    Разбудете се! 2002
  • Насилство
    Разбудете се! 2015
  • Траен крај на насилството — како?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Зошто прибегнуваат кон насилство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
wp16 Бр. 4 стр. 10-11
Еден маж подига тупаница за да удри жена

Можно ли е да има свет без насилство?

Дали ти или некој од твоето семејство сте биле жртва на насилство? Треба ли да се плашиш дека такво нешто би можело да ти се случи? Се вели дека насилството е како „тешка болест од која човештвото сѐ повеќе страда“. Да видиме што покажуваат фактите.

СЕМЕЈНО И СЕКСУАЛНО НАСИЛСТВО: Според Обединетите нации, „секоја трета жена во текот на својот живот била жртва на физичко или сексуално насилство од страна на својот партнер“. За жал, „се проценува дека, низ целиот свет, секоја петта жена ќе биде силувана или врз неа ќе биде извршен обид за силување“.

УЛИЧЕН КРИМИНАЛ: Според извештаите, во САД моментално дејствуваат повеќе од 30.000 насилни банди. Во Латинска Америка, скоро секое трето лице изјавило дека било жртва на насилен криминал.

УБИСТВА: Се проценува дека во текот на 2012 год. биле убиени скоро половина милион луѓе, што е повеќе од оние што биле убиени во војна. Јужна Африка и Централна Америка имаат најголема просечна стапка на убиства, која е за четири пати повисока од просечната стапка на убиства на светско ниво. Во Латинска Америка, за една година биле убиени повеќе од 100.000 луѓе, од кои околу 50.000 само во Бразил. Може ли да се најде трајно решение за насилството?

ЌЕ МУ ДОЈДЕ ЛИ КРАЈ НА НАСИЛСТВОТО?

Зошто има толку многу насилство? Постојат многу причини како, на пример, тензијата што се создава поради социјалната и економската нееднаквост, непочитувањето на туѓиот живот, злоупотребата на алкохол и дрога, изложеноста на децата на насилство од возрасни, како и фактот дека насилни криминалци поминуваат неказнето.

Точно е дека во некои делови од светот насилството делумно е ставено под контрола. На пример, според некои извештаи, во густо населениот град Сао Пауло (Бразил) убиствата во последнава деценија се намалени за околу 80 отсто. Сепак, таму сѐ уште има најразличен насилен криминал и висока стапка на убиства, која изнесува околу 10 на 100.000 жители. Тогаш, што е потребно за еднаш засекогаш да му се стави крај на насилството?

До трајно решение може да се дојде само ако се сменат ставовите и однесувањето на луѓето. За насилните луѓе да се сменат, потребно е да ги заменат гордоста, алчноста и себичноста со љубов, почит и грижа кон другите.

Што може некого да поттикне на толку големи промени? Размисли за следниве библиски учења:

  • „Љубовта кон Бог значи да се држат неговите заповеди“ (1. Јованово 5:3).

  • „Стравот од Јехова значи да се мрази злото“a (Изреки 8:13).

Љубовта кон Бог и стравот да не го повредиме можат толку силно да влијаат врз некого што може да се смени дури и ако бил насилен — и тоа не само површно туку длабоко во личноста. Дали навистина е можно такво нешто?

Да го земеме како пример Алекс,b кој веќе 19 години е во затвор во Бразил поради тоа што извршил неколку насилни дела. Тој ја проучувал Библијата со Јеховините сведоци, и во 2000 год. и самиот станал Јеховин сведок. Дали вистински се сменил? Да. Алекс искрено се кае за сите лоши работи што ги направил. Тој вели: „Сега многу го сакам Бог затоа што чувствувам дека вистински ми простил. Од благодарност и од љубов кон Јехова успеав потполно да се сменам“.

Сезар, кој исто така е од Бразил, учествувал во вооружени кражби. Тоа го правел околу 15 години од својот живот. Што го натерало да се смени? Додека бил во затвор, стапил во контакт со Јеховините сведоци, и почнал да ја проучува Библијата. Сезар вели: „За првпат, мојот живот доби смисла. Почнав да чувствувам љубов кон Јехова Бог. Исто така, чувствував толку длабока почит кон него што не сакав никогаш повторно да направам нешто со што би го разочарал. Не сакав да бидам неблагодарен кон Бог, кој беше толку милостив со мене. Љубовта и страхопочитта кон него ми помогнаа да се сменам“.

Брачен пар со синот

Дознај како можеш да живееш во свет без насилство

Што ни покажуваат овие искуства? Библијата има моќ да ги смени луѓето од корен — да го смени нивниот начин на размислување (Ефешаните 4:23). Алекс, кого го спомнавме претходно, додава: „Она што го дознавав од Библијата беше како чиста вода која протекува низ мојот ум и малку по малку ги мие моите нечисти мисли. Не верував дека некогаш ќе доживеам такво нешто“. Кога го исполнуваме нашиот ум со чистата порака од Библијата, можеме да ги отстраниме сите лоши и нечисти мисли. Божјата Реч има моќ да ни ги исчисти мислите (Ефешаните 5:26). Со нејзина помош, дури и некои сурови и себични луѓе успеале да се сменат и да станат љубезни и мирољубиви (Римјаните 12:18). Откако почнале да ги применуваат советите од Библијата, тие чувствуваат мир во својот живот (Исаија 48:18).

Повеќе од осум милиони Јеховини сведоци во 240 земји сфатиле кој е клучот за да се искорени насилството. Луѓе од сите раси и со различно потекло и социјален статус научиле да го сакаат и да го почитуваат Бог, но и да се сакаат еден со друг и да живеат во мир со сите (1. Петрово 4:8). Тие се жив доказ дека е можно да има свет без насилство.

НАСКОРО СВЕТ БЕЗ НАСИЛСТВО!

Во Библијата е ветено дека наскоро Бог ќе ја исчисти Земјата од сето насилство. Бог одредил ден на суд во кој ќе ги уништи безбожниците од овој насилен свет (2. Петрово 3:5-7). Повеќе нема да има насилни луѓе поради кои некој ќе страда. Но, зошто може да бидеме сигурни дека Бог навистина сака да го отстрани насилството?

Бог „го мрази оној што го сака насилството“, вели Библијата (Псалм 11:5). Нашиот Творец ги сака мирот и правдата (Псалм 33:5; 37:28). Тоа ни дава гаранција дека нема вечно да ги толерира оние што се насилни.

Наскоро доаѓа еден нов свет во кој ќе владее мир (Псалм 37:11; 72:14). Зошто не дознаеш нешто повеќе за тоа како можеш и ти да живееш во тој свет без насилство?

a Јехова е името на Бог, кое го дознаваме од Библијата.

b Имињата во оваа статија се сменети.

Од темнина во светлина

Во видеоклипот Од темнина во светлина, кој се наоѓа на jw.org/mk, еден човек накратко ја раскажува својата животна приказна. (Кликни на ЗА НАС > НАСТАНИ И ЗАНИМЛИВОСТИ)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели