ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 1/11 стр. 3-4
  • Зошто прибегнуваат кон насилство

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто прибегнуваат кон насилство
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто луѓето стануваат насилни?
  • Можно ли е да има свет без насилство?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
  • Како гледа Бог на насилството?
    Разбудете се! 2002
  • Зошто има толку многу насилнички злосторства денес?
    Разбудете се! 2003
  • Што стои зад насилството
    Разбудете се! 2012
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 1/11 стр. 3-4

Зошто прибегнуваат кон насилство

ВО ДЕНВЕР (Колорадо, САД) предвреме се родило едно 27-седмично доенче. Момченцето преживеало и, после три месеци поминати во болница, им било вратено дома на родителите. После три седмици, момченцето повторно било во болница. Зошто? Претрпело тешка повреда на мозокот од еден насилнички потрес од својот татко. Таткото не можел да го поднесе плачењето на бебето. Момченцето останало слепо и сакато. Современата медицина го спасила од траумата при раѓањето, но не можела да го спаси од насилството на неговиот татко.

Безброј деца се малтретирани, тепани или убивани во едно од најнасилничките места на светот — домот! Некои проценуваат дека само во Соединетите Држави околу 5.000 деца годишно умираат од рацете на своите родители! Но децата не се единствените жртви. Според списанието World Health, во Соединетите Држави „малтретирањето на сопругата е водечка причина за повредите на жените кои се на репродуктивна возраст“. А како е во другите земји? „Една третина до повеќе од половина од жените кои биле анкетирани [во земјите во развој], известуваат дека се тепани од својот партнер.“ Да, насилството го зема својот данок, особено во домот.

Многу сопрузи и сопруги се обидуваат да ги решат своите неслоги со насилство. Во некои земји, родителите и наставниците користат насилство за да го истурат својот бес врз децата. Од чиста разонода, тепачите ги малтретираат послабите, изложувајќи ги на насилство. Зошто луѓето стануваат толку насилни?

Зошто луѓето стануваат насилни?

Некои тврдат дека луѓето по природа се насилни. Иако насилничкиот криминал во Соединетите Држави општо земено опаднал, тој се зголемил меѓу младите. А се зголемил и интересот за насилство. Трите главни телевизиски мрежи го удвоиле бројот на криминални приказни и ги утроиле нивните вести за убиствата. Да, криминалот се продава! „Ние не само што го толерираме насилството“, рекол психијатарот Карл Менингер, „туку го ставаме на насловните страници на нашите весници. Една третина или една четвртина од нашите телевизиски програми го користат за разонода на нашите деца. Преминуваме преку него! Пријатели мои драги, ние го сакаме.“

Поновите научни студии укажуваат дека и биологијата на мозокот и околината имаат врска со човечката агресија. „Она што сите ние почнуваме да го заклучуваме е дека лошата околина на која се изложуваат сѐ повеќе деца, навистина создава епидемија на насилство“, вели д-р Маркус Џ. Круси од Институтот за истражување на малолетници при универзитетот во Илиноис. „Настаните во околината всушност предизвикуваат молекуларни промени во мозокот, што ги прави луѓето поимпулсивни.“ Факторите како што се „распаѓањето на семејната структура, бранот на семејства со еден родител, постојаната сиромаштија и хроничната злоупотреба на дрога, всушност можат да ја менуваат хемијата на мозокот во агресивно расположение — ефект за кој некогаш се мислело дека е невозможен“, вели книгата Inside the Brain.

Се тврди дека промените во мозокот вклучуваат спуштање на нивото на серотонинот, хемиска материја во мозокот за која се смета дека ја спречува агресијата. Студиите откриваат дека алкохолот може да го снижи нивото на серотонин во мозокот, давајќи на тој начин некаква научна основа за долго познатата врска меѓу насилството и злоупотребата на алкохол.

Во бранот на денешното насилство е вклучен уште еден фактор. „Запомнете“, предупредува една доверлива пророчка книга, Библијата, дека „во последните денови ќе има тешки времиња. Луѓето ќе бидат себични, лакоми, фалбаџии и вообразени . . . ќе бидат нељубезни, немилосрдни, клеветници, насилници и свирепи; ќе го мразат доброто; ќе бидат предавници, непромислени и надуени од гордост . . . Бегајте од таквите луѓе“ (2. Тимотеј 3:1—5, Today’s English Version). Да, насилството кое го гледаме денес е исполнување на библиското пророштво за „последните денови“.

И уште нешто го прави ова време особено насилничко. „Тешко вам, кои живеете на земјата и морето“, вели Библијата, „зашто ѓаволот слегнал при вас со голем гнев, оти знае дека му останува малку време!“ (Откровение 12:12). Ѓаволот и неговите демонски орди се исфрлени од небото и сега ја сосредоточуваат својата злоба врз човештвото. Како ‚кнез на воздухот‘, Ѓаволот го користи „духот, кој сега дејствува во синовите на неверието“, правејќи ја Земјата место на сѐ поголемо насилство (Ефесјаните 2:2).

Тогаш, како можеме да се справиме со насилничкиот „воздух“ на денешниот свет? И како можеме да ги решиме разликите без насилство?

[Истакната мисла на страница 3]

Безброј деца се малтретирани, тепани или убивани во едно од најнасилничките места на Земјата — домот!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели