ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/12 стр. 6-7
  • Што стои зад насилството

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што стои зад насилството
  • Разбудете се! 2012
  • Сличен материјал
  • Како гледа Бог на насилството?
    Разбудете се! 2002
  • Можно ли е да има свет без насилство?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
  • Насилство
    Разбудете се! 2015
  • Зошто има толку многу насилнички злосторства денес?
    Разбудете се! 2003
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 8/12 стр. 6-7

Што стои зад насилството

ЗАД насилството стојат сложени причини. И обично не може да се сведат само на еден фактор — на пример друштвото, забавата или средината. Може да бидат вклучени многу елементи, а некои од нив се:

Безнадежност и очај. Понекогаш луѓето прибегнуваат кон насилство кога се угнетувани, дискриминирани, ставени на маргините на општеството, без можност да ги задоволат основните потреби или кога сметаат дека немаат никаква контрола над својот живот.

Влијанието на толпата. Како што честопати може да се види на спортските натпревари, луѓето потешко го контролираат своето однесување кога се во поголема група. Зошто? Затоа што „тогаш подзабораваат на сопствените морални мерила и веројатноста да се испровоцираат е поголема“, стои во книгата Social Psychology. Според едно друго дело, таквите лица може да станат марионети „без никакво чувство на социјална одговорност“.

Омраза и љубомора. Првото убиство во човечката историја го извршил еден човек по име Каин (1. Мојсеева 4:1-8). Обземен од љубомора и омраза, Каин го убил сопствениот брат — иако Бог го предупредил да си ги контролира емоциите и му ветил дека ќе го благослови ако го послуша. Библијата е во право кога вели: „Каде што има љубомора и кавгаџиство, таму има неред и секакво зло“ (Јаков 3:16).

Алкохол и дрога. Злоупотребата на алкохол и дрога не само што влијае штетно врз физичкото и менталното здравје туку и го онеспособува центарот за контрола во мозокот. Како резултат на тоа, кога некој е под влијание на опојни средства, посклон е кон насилство и обично реагира агресивно на провокација.

Неефикасен правен систем. „Бидејќи пресудата за зло дело не се извршува брзо, срцето на синовите човечки решително прави зло“, стои во Проповедник 8:11. Слабиот, неефикасен или корумпиран правен систем директно или индиректно подгрева насилство.

Лажна религија. Религијата честопати се поврзува со насилство, во што спаѓаат тероризмот и судирите меѓу разни секти. Но, вината за тоа не ја сносат само закоравените верници, фанатиците или екстремистите. За време на двете светски војни, членовите на поголемите религии — и христијански и нехристијански — меѓусебно се убиваа, честопати со благослов на нивните духовни водачи. Таквото однесување го навредува Бог (Тит 1:16; Откровение 17:5, 6; 18:24).

Бидејќи има многу елементи кои унапредуваат насилство, можно ли е да се биде вистински мирољубив во денешниот свет? Да, можно е. За тоа ќе стане збор во следната статија.

[Рамка на страница 6]

НАСИЛСТВОТО ПОЧНУВА ВО СРЦЕТО

Иако до насилство може да дојде од многу причини, коренот лежи во нас самите. Во која смисла? Исус Христос, кој многу добро ја познавал човечката природа, рекол: „Од човечкото срце, излегуваат лоши мисли: блудства, кражби, убиства, прељуби, лакомства, злоба, измама, бесрамност, завидливо око, хулење, надуеност, неразумност“ (Марко 7:21, 22). Таквите погрешни склоности ги храниме ако постојано гледаме, слушаме или размислуваме за лоши работи (Јаков 1:14, 15).

Од друга страна, ако умот го храниме со добри работи, како оние што се спомнати во статијата на 8. страница, ги изгладнуваме и ‚ги усмртуваме‘ лошите желби, а ги потхрануваме добрите (Колошаните 3:5; Филипјаните 4:8). Тогаш Бог ќе ни помогне ‚да го зајакнеме својот внатрешен човек‘ (Ефешаните 3:16).

[Рамка на страница 7]

ЕКСПЕРТИТЕ БЕЗ ВИСТИНСКИ ОДГОВОР

Зошто во некои земји стапката на убиства е 60 пати повисока отколку во други? Зошто војните и другите облици на насилство се составен дел од човечката историја? Прашања има многу, а одговори малку.

Некои истражувачи сметаат дека причина за насилството се сиромаштијата и нееднаквоста. Според некои статистички податоци, околу 90 отсто од сите случаи на насилна смрт, вклучувајќи го и самоубиството, се регистрирани во помалку развиените земји, а посиромашните квартови во големите градови обично имаат висока стапка на криминал. Но, дали сиромашните луѓе се навистина понасилни? Или, пак, насилството е пораширено во нивната средина затоа што нема соодветна полициска заштита? Од друга страна, има места како Калкута (Индија), каде што милиони луѓе живеат во крајна беда. А сепак, Калкута е еден од градовите во светот со најниска стапка на убиства.

Според други, општеството е понасилно затоа што лесно може да се дојде до оружје. Точно е дека оружјето ги прави насилните луѓе уште поопасни. Но зошто во некои земји има поголем процент на насилни луѓе? Повторно, експертите не се едномислени.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели