ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 1/3 стр. 29-31
  • Успешна кампања со Веста за Царството

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Успешна кампања со Веста за Царството
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Воодушевена поддршка на кампањата
  • Брзи реакции
  • Јавноста помага при дистрибуирањето
  • Никој не беше пропуштен
  • Посебна акција со трактат — од 20 октомври до 16 ноември!
    Нашата служба за Царството 2008
  • Нашироко дистрибуирај ја Веста за Царството бр. 35
    Нашата служба за Царството 1997
  • „Богати во делото Господово“
    Нашата служба за Царството 1995
  • Имаме нова алатка за започнување студии!
    Нашата служба за Царството 2001
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 1/3 стр. 29-31

Успешна кампања со Веста за Царството

„ЗОШТО во животот има толку многу проблеми? Дали е возможен рај без проблеми?“ Ова беше насловот на Веста за Царството бр. 34, трактат од четири страници кој во текот на април и мај минатата година беше дистрибуиран на 139 јазици низ целиот свет. „Еден од врвните настани на годината“ — на ваков начин Сведоците од Јамајка ја опишале оваа кампања во службата. „Еден огромен извор на радост за браќата“ — ја нарекле Сведоците од Белгија. Во Чешка Република, ова беше првпат Јеховините сведоци да имаат можност да учествуваат во дистрибуцијата на Веста за Царството. Подружницата известува: „Кампањата донесе дух на ревност и воодушевеност“. Слични мислења беа слушнати и од многу други земји.

Веста за Царството бр. 34 имаше една посебна порака за оние кои воздивнуваат и стенкаат поради одвратностите што се извршени во името на религијата (Језекиил 9:4). Таа содржеше утеха за оние чии животи се исполнети со проблеми поради ‚тешките времиња‘ врз кои тие немаат никаква контрола (2. Тимотеј 3:1). Укажувајќи на Библијата, трактатот покажа дека наскоро проблемите во животот ќе бидат решени. Еден рај без проблеми е сигурен факт (Лука 23:43). Многумина кои ја прочитале Веста за Царството биле поттикнати од нејзината порака. Еден човек од Того му рекол на еден Сведок: „Она што го имате изнесено е непобитно“.

Неоспорно, дистрибуцијата на оваа Вест за Царството привлече невообичаено внимание. Во Данска, на Сведокот кој нудел трактат, еден станар му одговорил: „Тукушто се вратив од Соединетите Држави. Токму пред да заминам, некој ми го понуди вашиот трактат. Сега штотуку пристигнав овде, а истиот трактат веќе се разнесува и на дански јазик!“

Воодушевена поддршка на кампањата

Јеховините сведоци низ целиот свет воодушевено се придружија во делото на дистрибуирање на трактатот. Австрија, Ел Салвадор, Хаити, Унгарија, Италија и Нова Каледонија беа само некои од многуте земји кои известија најголем број објавители во текот на месеците во кои се дистрибуираше Веста за Царството.

Во Замбија, еден покраински надгледник ја поучил својата тригодишна ќеркичка, Дебра, да нуди литература од куќа до куќа. Во текот на кампањата со Веста за Царството бр. 34, Дебра врачила повеќе од 45 примероци од трактатот. Нејзината мајка започнала библиски студии со некои од оние кои примиле Вест за Царството од Дебра.

Во Јужна Африка, една тинејџерка ѝ го понудила трактатот на една школска другарка по име Кашја. Кашја го прочитала трактатот и рекла: „Ова едноставно е премногу убаво — да се живее вечно на рајска Земја! Зошто досега не ми кажале за тоа?“ Била започната библиска студија. Во текот на истата седмица Кашја добила уште еден трактат. Овој вториов бил од нејзината пријателка со која се допишувала, а која живеела на Кипар и била римокатоличка. Пријателката ѝ објаснила на Кашја зошто науките на римокатоличката црква се лажни и ѝ рекла дека има намера да ја проучува Библијата со Јеховините сведоци. Се разбира, ова уште повеќе ја зајакнало одлучноста на Кашја да ја продолжи својата студија.

Едно десетгодишно момче од Швајцарија учествувало со својата мајка во дистрибуцијата на трактатот. Тој ѝ врачил еден примерок на некоја млада жена и ја охрабрил внимателно да го прочита. Младата жена го запрашала момчето дали навистина верува во она што го прикажува сликата на насловната страница — бескраен живот на Земјата. Одговорот на момчето: „О да, јас сум сосема сигурен.“ Тогаш жената се изјаснила дека ја бара вистинската вера бидејќи во нејзината религија постојат толку многу контрадикторности. При повторната посета била започната библиска студија.

Брзи реакции

Во некои прилики, Веста за Царството предизвикала брзи реакции кај оние кои ја прочитале. Откако го прочитало трактатот, едно 11-годишно девојче од Белгија му признало на еден Јеховин сведок дека краде по продавниците. Мајката на девојчето сакала да го преќути тоа, но совеста на малото девојче била поттикната од она што го прочитало и девојчето инсистирало да оди кај директорот на трговскиот центар. Конечно мајката се согласила ќерка ѝ да отиде во трговскиот центар, заедно со Сведокот. Директорот бил изненаден од тоа што го признало девојчето. Кога дознал дека Веста за Царството била таа што ја поттикнала да постапи така, тој зел еден примерок за себе за да види што е тоа што има толку моќна содржина. Сега девојчето напредува во својата библиска студија.

Еден Сведок од Камерун му оставил примерок од Веста за Царството на еден човек и тој раскажува: „Кога дојдовме повторно, дознавме дека тој веќе го потцртал и дека има некои прашања. Откако доби задоволителни одговори, тој изјави: ‚Сосема е точно дека религијата придонела за несреќата на човештвото. Вашиот трактат ми помогна да разберам многу, но би сакал да дознаам уште повеќе‘“. Сега со него се води редовна библиска студија.

Во Уругвај, еден Сведок кој одел од куќа до куќа, му врачил трактат на еден човек. Сведокот го продолжил своето дело на проповедање од куќа до куќа и работел околу еден блок сѐ додека не дошол до задната врата од домот на човекот. Бил изненаден кога го пронашол човекот како го чека со трактатот в рака. Веќе го прочитал и сакал повеќе информации. Веднаш била започната библиска студија.

Јавноста помага при дистрибуирањето

Во Јапонија, еден млад Сведок му пристапил на некој човек кој бил во своите 50-ти години и му го презентирал трактатот. Човекот прашал: „Што правите со тој леток кога ќе сретнете луѓе кои не гледаат?“ Сведокот признал дека не знае. Човекот му рекол да причека за момент и влегол во куќата. Се вратил со еден примерок од Веста за Царството и рекол: „Јас веќе го добив тој леток. Мислам дека содржи многу интересни и важни информации, па затоа го транскрибирав на Брајово писмо. Ве молам, користете го ова за луѓето кои се слепи“. Човекот потрошил многу часови транскрибирајќи ја Веста за Царството на Брајово писмо, со цел слепите да не го пропуштат она што го содржи таа.

Во Словачка, на еден човек толку многу му се допаднал трактатот што си направил 20 копии и самиот ги дистрибуирал овие црно-бели примероци. Еден објавител од Швајцарија оставил Вест за Царството кај едно семејство и продолжил да ги обработува горните катови од зградата каде што живеело семејството. Кога повторно се симнал долу, го пресретнало едно младо момче од семејството и побарало уште 19 примероци од трактатот. Во неговото училиште, на учениците им било дадено да пишуваат за проблемите и за потрагата по решенија. Тој побарал по еден примерок од Веста за Царството за секој од своите сокласници.

Никој не беше пропуштен

Оние кои учествуваа во кампањата вложија голем напор за да не пропуштат некого. Во Нова Каледонија, двајца Сведоци патувале до подрачјето на едно оддалечено племе со цел да дистрибуираат Вест за Царството. По патот забележале една патека што се чинело дека не се користи, но сепак одлучиле да видат дали некој живее на крајот од патеката. Откако излегле од автомобилот, тие пешачеле по патеката газејќи низ потоци сѐ додека конечно не пронашле една куќа. Таму живеела една брачна двојка која никогаш не слушнала за Јеховините сведоци, но зела еден примерок од Веста за Царството. Подоцна објавителите направиле повторна посета и, на нивно изненадување, виделе дека двојката го поправила патот и неколкуте мали мовчиња за да можат Сведоците да возат со својот автомобил сѐ до куќата. Била започната редовна библиска студија.

Во Полска, еден Сведок морал да помине низ едно градилиште со цел да му понуди примерок од Веста за Царството на еден станар. Работниците го гледале додека се враќал низ градилиштето. Конечно, еден од работниците го повикал, замолувајќи го да не ги заборави и нив. Кога им се приближил, тие направиле пауза и внимателно ја слушале презентацијата на трактатот. Зеле примероци од Веста за Царството и од списанијата, а подоцна, при повторната посета, и книги.

Стотици милиони примероци од Веста за Царството бр. 34 беа дистрибуирани на многу јазици. Нејзината порака извршила моќно влијание. Многумина научија дека е возможен рај без проблеми. Се молиме за оние кои се со праведни срца и понатаму да се оѕвиваат и на крајот да бидат меѓу „кротките“ кои ќе „ја наследат земјата и ќе се насладуваат во изобилен мир“ (Псалм 36:11).

[Рамка на страница 31]

Продолжи да дистрибуираш списанија

Април и мај 1995 година доживеаја една многу успешна кампања на дистрибуција на Вест за Царството бр. 34. Во текот на овие два месеца имаше и извонредна дистрибуција на списанијата Стражарска кула и Разбудете се! На пример, еден брат од Чешка Република известува дека во април врачил 250 примероци од Веста за Царството, како и 750 списанија. Во Гваделуп, сабота 15 април бил одреден како посебен ден за списанија. Речиси секој објавител во земјата учествувал во службата тој ден! Во април, Словачка постигна нов најголем број на дистрибуирани списанија. Слични извештаи пристигнаа и од многу други земји.

Затоа, зошто да не ги направиме април и мај 1996 година истакнати месеци за дистрибуција на списанија? Собранијата можат да организираат посебни денови за списанија. Поединци можат да учествуваат во помошната пионерска служба. На овој, како и на многу други начини, може да се даде охрабрување за дистрибуција на списанија, а на тој начин животоважната порака што е објавена во Веста за Царството бр. 34 ќе се шири и понатаму. Тогаш, како што се случи и минатата година, Јехова сигурно ќе го благослови духот на ревност што го покажуваме ние (2. Тимотеј 4:22).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели