ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 15/4 стр. 3-4
  • Сѐ повеќе лоши вести

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Сѐ повеќе лоши вести
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Изобилни низ историјата
  • Ескалација во последниве години
  • Претстојат добри вести!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • „Добра вест“!
    Пеј му од срце на Јехова
  • ‚Донесувај добра вест за нешто подобро‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Како може евангелието да ти помогне?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 15/4 стр. 3-4

Сѐ повеќе лоши вести

ДАЛИ некогаш си забележал дека насловите кои објавуваат лоши вести, побудуваат поголем интерес кај читателите отколку оние кои пренесуваат добри вести? Сеедно дали се работи за новински наслов во врска со некаква природна катастрофа или за некое сочно озборување истакнато на насловната страница од некое илустрирано списание, се чини дека лошите вести се продаваат подобро отколку добрите.

Денес нема оскудица на лоши вести. Но, човек понекогаш се прашува дали репортерите и новинарите се обучени да ги бараат и ископуваат само лошите вести — исклучувајќи секаква добра вест.

Изобилни низ историјата

Навистина, лошите вести биле изобилни низ вековите и ги надминале сите добри вести. Во аналите на историјата, вагата е тешко натегната кон човечкото страдање, разочарување и очај, кои биле коба на човештвото.

Да разгледаме само неколку примери. Книгата Chronicle of the World (Светска хроника), составена од Жак Легран, изнесува една збирка извештаи од кои секој е напишан за одреден датум на којшто се случил настанот, но како да е раскажан од некој современ новинар кој известува за настанот. Од овие добро истражени извештаи добиваме една поширока слика за раширеноста на лошите вести што човекот ги слушал во текот на своето постоење проткаено со немири на планетава Земја.

Како прво, разгледај го овој ран извештај од Грција од 429 година пр. н. е. Тој известува за војната што тогаш се водела помеѓу Атина и Спарта: „Градот-држава Потидеја беше принуден да им се предаде на Атињаните кои го опседнаа, откако беше доведен до толкав глад што неговиот народ ги јадеше телата на своите мртви“. Навистина лоша вест!

Одејќи кон првиот век пред нашата ера, наоѓаме еден жив опис за смртта на Јулиј Цезар, со датум: Рим, 15 март 44 година пр. н. е. „Врз Јулиј Цезар беше извршен атентат. Тој беше смртно избоден од страна на група заговорници, а некои од нив беа негови најблиски пријатели, додека денес, на мартовските иди, седнуваше на своето место во Сенатот.“

Во текот на вековите кои следеле, лошите вести и понатаму ги имало во изобилство. Еден шокантен пример за тоа е следнава вест од Мексико од 1487 година: „Во најспектакуларната глетка на принесување жртви, која ацтечкиот главен град Теноктитлан некогаш ја видел, беа жртвувани срцата на 20.000 луѓе на Хуицилопочтли, богот на војната“.

Лошите вести не потекнувале само од човековата суровост туку за долгата листа придонела и неговата невнимателност. Една од таквите несреќи изгледа бил големиот пожар во Лондон. Извештајот од Лондон (Англија), со датум 5 септември 1666 година, гласи: „Најпосле, после четири деноноќија, војводата од Јорк го запре лондонскиот пожар, донесувајќи екипи од морнарички барутчии за да ги минираат зградите што беа во опасност да бидат зафатени од огнот. Беа срамнети со земја околу 160 хектари површина со 87 цркви и уништени над 13.000 куќи. За чудо, беа загубени само девет животи“.

Кон овие примери на лоши вести мораме да ги додадеме и епидемиите што беснееле на многу континенти — како на пример, епидемијата на колера од раните 1830-ти години. Насловот кој известувал за ова, гласел: „Сеништето на колерата се надвиснало над Европа“. Реалистичниот извештај што следи, ја опишува лошата вест на еден најзастрашувачки начин: „Колерата, непозната во Европа сѐ до 1817 година, се шири западно од Азија. Населението на руските градови, како Москва и Санкт Петерсбург, веќе е десеткувано — поголемиот дел од жртвите е од градската сиромаштија“.

Ескалација во последниве години

Иако е точно тоа дека лошите вести биле животен факт низ пишаната историја, последниве децении од овој XX век даваат доказ дека лошите вести се во пораст, всушност тие брзо ескалираат.

Несомнено, воените вести биле најлошиот вид лоши вести што нашиот сегашен век ги чул. Во двете најголеми војни во историјата — соодветно наречени како I и II светска војна — сигурно се случиле лоши вести за кои се известувало во стравотна мера. Но, тоа навистина било само делче од лошите вести што ги донел овој несреќен век.

Разгледај само неколку наслови избрани од кутура:

1 септември 1923: Земјотрес го разорува Токио — 300.000 мртви; 20 септември 1931: Криза — девалвација на британската фунта; 25 јуни 1950: Северна Кореја врши инвазија врз Јужна Кореја; 26 октомври 1956: Унгарците се креваат против советската власт; 22 ноември 1963: Џон Кенеди убиен во Далас; 21 август 1968: Руски тенкови навлегуваат за да го задушат Прашкото востание; 12 септември 1970: Грабнатите авиони кренати во воздух во пустината; 25 декември 1974: Циклонот Трејси го срамнува Дарвин — 66 мртви; 17 април 1975: Камбоџа паѓа во рацете на комунистичките сили; 18 ноември 1978: Масовно самоубиство во Гвајана; 31 октомври 1984: Убиена г-ѓа Ганди; 28 јануари 1986: Спејс-шатл експлодира при полетувањето; 26 април 1986: Се запалува советски реактор; 19 октомври 1987: Крах на берзата; 25 март 1989: Алјаска погодена од излевање на нафта; 4 јуни 1989: Трупите извршуваат масакр над демонстрантите на плоштадот Тјенанмен.

Да, историјата покажува дека лошите вести секогаш изобилувале, додека добрите вести биле сразмерно ретки. Како што лошите вести ескалирале во последниве децении, со одминувањето на секоја година добрите вести се сѐ поретки.

Зошто мора да биде така? Дали секогаш ќе биде така?

Следната статија ќе им обрне внимание на овие две прашања.

[Извор на слика на страница 3]

WHO/Сојуз на Црвениот крст

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели