ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 15/4 стр. 5-7
  • Претстојат добри вести!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Претстојат добри вести!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Поводи за сите лоши вести
  • Зошто ескалација на лоши вести?
  • Нема засекогаш да биде така
  • Сѐ повеќе лоши вести
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • „Добра вест“!
    Пеј му од срце на Јехова
  • Непријател на вечниот живот
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Побуна во духовниот свет
    Духови на мртвите — дали можат да ти помогнат или да ти наштетат? Дали навистина постојат?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 15/4 стр. 5-7

Претстојат добри вести!

СИТЕ ние сме ожалостени кога ќе слушнеме лоши вести кои се однесуваат лично на нас. Од друга страна, се радуваме кога ќе стигнат добри вести — радосни новости за нас лично или за нашите сакани. Но, кога лошите вести ќе ги погодат другите а не нас, честопати е присутна љубопитност; некои дури и се радуваат да чујат за несреќата на другите. Ова може делумно да објасни зошто лошите вести се продаваат толку добро!

Во текот на првиот дел од II светска војна, имаше еден сликовит пример за морбидниот интерес за несреќата што ја доживуваат некои луѓе. Еден 10.000-тонски џебен боен брод Graf Spee (Гроф Шпее), беше гордост на германската флота во 1939 година. Со недели, овој боен брод правеше пустош меѓу сојузничките трговски бродови во Јужниот Атлантик и во Индискиот Океан. Најпосле, три британски крстосувачи го открија и го нападнаа Graf Spee, предизвикувајќи човечки жртви и принудувајќи го оштетениот брод да вплови во уругвајското пристаниште Монтевидео заради поправки. Уругвајската влада нареди бродот веднаш да се врати на море или, во спротивно, ќе биде интерниран. Затоа, се чинеше дека неминовно ќе дојде до жестока, поправо еднострана битка.

Штом слушнаа за ова, една група богати бизнисмени од Соединетите Држави изнајмија авион по цена од околу 2.500 долари од патник за лет до Уругвај за да бидат очевидци на крвавата битка. На нивно разочарување, битката никогаш не се одигра. Адолф Хитлер нареди Graf Spee да биде потопен. Илјадниците посматрачи кои се насобраа во пристаништето, очекувајќи да бидат очевидци на спектаклот на една жестока поморска битка, видоа и слушнаа само една заглушувачка експлозија што го испрати Graf Spee на дното, потопен од самиот негов персонал. Капетанот извршил самоубиство, пукајќи со пиштол во главата.

И покрај извесната грозоморна црта кај некои луѓе, повеќето би се согласиле дека повеќе ги сакаат добрите вести отколку лошите. Зарем не мислиш и ти така? Зошто тогаш историјата забележува толку многу лоши, а толку малку добри вести? Може ли ситуацијата некогаш да се промени?

Поводи за сите лоши вести

Библијата зборува за времето кога имало само добри вести. Лошите вести биле нешто непознато и нечуено. Кога Јехова Бог ги довршил своите дела на создавање, планетата Земја била подготвена за човекот и животните да уживаат на неа. Извештајот од 1. Мојсеева ни кажува: „Виде Бог дека е многу добро сѐ она што го беше создал“ (1. Мојсеева 1:31).

Непостоењето на лоши вести не траело многу долго по создавањето на човекот. Пред Адам и Ева да добијат потомство, била изнесена лошата вест за побуна против Бог и против неговото складно универзално уредување за добро. Еден духовен син од висок ранг станал предавник на својата доверена положба и успеал да ја наведе првата човечка двојка да му се придружи на неговиот бунтовен, предавнички пат (1. Мојсеева 3:1-6).

Во тоа време започнало изобилието од лоши вести за кои човештвото е сведок. Не изненадува тоа што интригите, измамата, лагите, невистините и полувистините заземаат толку истакнато место меѓу лошите вести што оттогаш го преплавуваат светот. Исус Христос директно го обвинил Сатана Ѓаволот како зачетник на лошите вести, обраќајќи им се на верските водачи од Своето време со зборовите: „Вашиот татко е ѓаволот; и вие сакате да ги исполнувате желбите на својот татко; тој е човекоубиец од почетокот и не стои во вистината, зашто во него нема вистина. Кога зборува лага, говори од себе, зашто е лажец и татко на лагата“ (Јован 8:44).

Како што се множело човечкото население, со него се множеле и лошите вести. Се разбира, ова не значи дека немало времиња на радост и среќа, бидејќи имало многу работи во животот кои биле повод за радост. Сепак, облаците на неволја и жалост биле очигледни низ секоја генерација на човештвото сѐ до ден-денеска.

Постои уште еден основен повод за оваа жалосна состојба. Тоа е нашата наследена наклоност кон погрешно постапување и кон неволји. Самиот Јехова го идентификува овој неизбежен повод за лоши вести кога вели: „Помислите [Склоноста, НС] на срцето човечко се зли уште од младини“ (1. Мојсеева 8:21).

Зошто ескалација на лоши вести?

Сепак, постои причина зошто лошите вести ескалирале во овој XX век. Оваа причина е јасно наведена во Библијата, која претскажала дека во XX век човештвото ќе навлезе во еден единствен временски период познат како „последните денови“ или „последното време“ (2. Тимотеј 3:1; Даниил 12:4). Библиското пророштво и библиската хронологија го откриваат овој „завршен период“ кој започнал во 1914 година. За детален библиски доказ на тоа, молиме види поглавје 11 во книгата Спознание кое води до вечен живот, издадена од Библиското и трактатно Друштво Стражарска кула, Њујорк, Инк.

Последните денови требало да започнат со еден настан кој автоматски би предизвикал ескалација на лоши вести на Земјата. Што било тоа? Тоа било исфрлањето на Сатана Ѓаволот и на неговите демонски војски од небото. Овој жив опис на неизбежниот пораст на лоши вести можеш да го прочиташ во Откровение 12:9, 12: „Беше исфрлен големиот змев — старата змија, наречена ѓавол и сатана, која ја мами целата вселена [целата населена Земја, НС], беше соборен на земјата, и заедно со него и ангелите негови беа исфрлени. . . . Тешко вам, кои живеете на земјата и морето, зашто ѓаволот слегнал при вас со голем гнев, оти знае дека му останува малку време!“

Затоа, сеедно уште колку време преостанува до свршетокот на последните денови, можеме да очекуваме лошите вести да продолжат, па дури и да растат по бројот и по интензитетот.

Нема засекогаш да биде така

За среќа на земните жители, бедната состојба на работите кои ја предизвикуваат денешнава епидемија од лоши вести, нема засекогаш да постои. Всушност, можеме со доверба да речеме дека деновите на постојани лоши вести се избројани. Ситуацијата не е безнадежна, и покрај тоа што можеби се чини дека е така. Крајот на сите лоши вести е на дофат и неизоставно ќе дојде во Божје одредено време.

Можеме да бидеме сигурни во ова, затоа што е проречено дека последните денови ќе достигнат кулминација, односно дека ќе завршат со Божјето уништување и отстранување на сите поводи за лошите вести. Тој ќе ги отстрани злите човечки подбуцнувачи на раздори кои одбиваат да се променат и да се одвратат од својот неправеден пат. Оваа кулминација на војната на големиот ден на Семоќниот Бог општо е позната како битката на Армагедон (Откровение 16:16). Непосредно после тоа, Сатана Ѓаволот и неговите орди од демонски сили ќе бидат исфрлени од игра. Откровение 20:1-3 го опишува врзувањето на Сатана, зачетникот на сите лоши вести: „Потоа видов како од небото слегуваше ангел, кој што го имаше клучот од бездната и голема верига во раката своја: го фати змевот, древната змија, која што е ѓаволот и сатаната — и го врза за илјада години; потоа го фрли во бездната и го заклучи, ставајќи печат врз него за да не ги лаже веќе народите“.

После овие драматични настани, ќе дојде време за невидени добри вести за Земјата и за нејзините жители. Меѓу овие жители ќе се најдат милиони кои ја преживеале конечната војна на Армагедон, како и милијарди кои ќе бидат воскреснати од својот смртен сон во гробовите. Оваа најдобра од сите добри вести е опишана во последната книга на Библијата: „Ете ја скинијата на Бога меѓу луѓето, и Он ќе живее со нив; тие ќе бидат Негов народ, а Сам Бог ќе биде со нив — нивни Бог. И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина“ (Откровение 21:3, 4).

Можеш ли да си го замислиш тоа среќно време? Навистина, една славна иднина кога лошите вести повеќе нема да постојат. Да, сите лоши вести ќе завршат и повеќе нема да се чујат. Тогаш добрите вести дефинитивно ќе завладеат и ќе изобилуваат во сета вечност.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели