„Само еден од многуте животи врз кои ти влијаеше“
ВО ЈАНУАРИ 1996 година, Карол боледуваше од тумор на мозокот. Беше во своите 60-ти години и сѐ дотогаш беше весела, енергична жена со охрабрувачки збор за секого. Но, сега лекарите настојуваа да го победат смртоносниот израсток. Сред нејзината борба, Карол го доби следново писмо:
„Драга Карол,
Многу ми е жал поради твоето сѐ послабо здравје. За среќа, ние ја имаме вистинската надеж која со помош на Библијата ја дознавме и ја сакаме. Таа надеж е дека Јеховиното Царство ќе владее со Земјата така што ќе можеме да живееме во рајски услови, време кое сите ние нестрпливо го очекуваме.
Сакам да знаеш дека твоето лично проповедничко дело спаси многу луѓе од вечна смрт. Јас сум еден од тие луѓе. Не сум сигурен дали се сеќаваш кога се сретнавме првпат. Во тоа време, јас имав 20 години. Носев долга коса, продавав дрога и висев наоколу со една банда скитници. Сите носевме пиштоли и немавме вистинска љубов, освен кон самите себеси.
Ти тропна на мојата врата со една друга жена Сведок и ми понуди Стражарска кула и Разбудете се! Јас се обидов да ти дадам еден долар и реков дека не ги сакам списанијата. Ти ми кажа дека не си тргнала само за да собереш донации. Ми рече дека вршиш едно дело за да им помогнеш на луѓето да ја читаат Библијата. Не сум сигурен дали ги зедов списанијата или дали ги прочитав. Меѓутоа, ти го посади семето на вистината во мојот живот.
По неколку години, еден друг Сведок, Гари, дојде во домот на мајка ми кога и јас бев присутен. Му кажав за твојата посета од пред неколку години. Гари долго време ја проучуваше Библијата со мене сѐ додека најпосле не се крстив во 1984 година. Сега јас ги поучувам моите деца за вистината за Божјето Царство.
Сигурен сум дека јас сум само еден од многуте животи врз кои ти влијаеше во текот на твоите години верна служба. Меѓутоа, преку оваа незаслужена љубезност, ти ми овозможи мене и на моето семејство да го запознаеме Големиот Бог, Јехова, и неговиот Син, Христос Исус. Едвај чекам да дојде денот кога ќе можам да те видам во новиот систем на ствари, кога Јехова ќе ја избрише секоја солза од нашите очи, и кога повеќе нема да има смрт (Откровение 21:4).
Што се однесува до мене и до моето семејство, нам ни е драго што ја имавме приликата да те запознаеме и да бидеме дел од твоето дело на сведочење. Ти благодариме.
Со братска љубов,
Питер“
По шестмесечно боледување, Карол умре во март 1996 година откако посеа многу семе на вистината во текот на своите 35 години како ревносен евангелизатор. Таа научи дека човек никогаш не знае кога едно семе ќе роди плод, дури и после многу години (Матеј 13:23).