ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 1/3 стр. 5-7
  • Бог навистина одговара на молитвите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бог навистина одговара на молитвите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Современи примери
  • Што ако се чувствуваш недостоен да се молиш?
  • „Противете се на Ѓаволот, и тој ќе побегне од вас!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Млади, разгорете ја желбата да му служите на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Зошто треба да се молиш?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Корнелиј добил свет дух
    Поуки од Библијата
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 1/3 стр. 5-7

Бог навистина одговара на молитвите

Корнилиј бил човек кој барал Божја наклоност преку чести, сесрдни молитви. Освен тоа, тој добро ја користел својата положба на воен офицер. Според Библијата, ‚давал милостиња‘ на луѓе кои биле во оскудица (Дела 10:1, 2).

ВО ТОА време, христијанското собрание се состоело од Еврејски верници, од прозелити и Самарјани. Корнилиј бил необрезан паганин и не бил дел од христијанското собрание. Дали тоа значи дека неговите молитви биле залудни? Не. Јехова Бог го забележал Корнилиј и неговите побожни дела (Дела 10:4).

Преку ангелско водство, Корнилиј дошол во контакт со христијанското собрание (Дела 10:30—33). Како резултат на тоа, тој и неговото домаќинство имале предност да станат првите необрезани пагани прифатени во христијанското собрание. Јехова Бог сметал дека е вредно личното искуство на Корнилиј да се вклучи во библискиот запис. Без сомнение, тој направил многу промени за да го доведе својот живот во потполна согласност со Божјите мерила (Исаија 2:2—4; Јован 17:16). Искуството на Корнилиј треба да биде големо охрабрување за луѓето од сите нации кои бараат Божја наклоност денес. Разгледај некои примери.

Современи примери

На една млада жена во Индија навистина ѝ била потребна утеха. Се омажила на 21 година и имала две деца. Но, набргу после раѓањето на второто дете, мажот ѝ починал. Одеднаш, на 24-годишна возраст, била вдовица со двомесечна ќерка и 22-месечен син. Не е ни чудо што ѝ била потребна утеха! Каде би можела да се обрати? Една вечер, во длабока болка, се молела: „Небесен Татко, те молам утеши ме преку твојата Реч“.

Следното утро имала посетител. Тој бил Јеховин сведок. Тој ден, неговата служба од куќа до куќа била тешка бидејќи малкумина му ја отвориле вратата. Изморен и прилично обесхрабрен, сакал да си оди дома, но некако се чувствувал присилен да посети уште една куќа. Таму се сретнал со младата вдовица. Таа го поканила внатре и зела публикација која ја објаснува Библијата. Жената примила голема утеха читајќи ја таа публикација и разговарајќи со Сведокот. Дознала за Божјето ветување дека ќе ги подигне мртвите и за Божјето Царство кое наскоро ќе ја претвори земјата во рај. Што е најважно, го запознала и го засакала единствениот вистинит Бог, Јехова, кој одговорил на нејзината молитва.

Нора, која живее во градот Џорџ, (Јужна Африка), одвоила еден месец за да учествува во полновременото дело на евангелизирање. Пред да започне, сесрдно му се молела на Јехова да ѝ помогне да пронајде некој кој е искрено заинтересиран да ја проучува Библијата. На подрачјето кое ѝ било доделено се наоѓал и домот на еден човек кој при претходните посети бил многу груб со Нора. Нора храбро го посетила тој дом повторно. Била изненадена кога открила дека се доселила нова станарка по име Ноулин. Освен тоа, Ноулин и нејзината мајка му се молеле на Бог за помош да ја разберат Библијата. „Кога им понудив библиска студија“, објаснува Нора, „тие беа одушевени.“ Ноулин и нејзината мајка брзо напредувале. Со текот на времето, и двете почнале да учествуваат заедно со Нора во делото на духовно лекување.

Друг пример кој ја покажува моќта на молитвата е една брачна двојка која живее во јужноафриканскиот град Јоханесбург. Една саботна вечер во 1996, бракот на Денис и Керол стигнал до точка на распаѓање. Како последно решение, одлучиле да се молат за помош, и така направиле — се молеле постојано сѐ до доцна во ноќта. Следното утро, во 11 часот, двајца Јеховини сведоци тропнале на нивната врата. Денис ја отворил вратата и им кажал да почекаат да ја викне својата жена. Денис потоа ја предупредил Керол дека ако ги покани Сведоците, можеби ќе биде тешко да се ослободат од нив. Керол тогаш го потсетила дека се молеле за помош и рекла дека можеби ова е Божји одговор на нивните молитви. Така тие ги поканиле Сведоците внатре и била започната библиска студија со книгата Спознание кое води до вечен живот. Денис и Керол биле одушевени од она што го учеле. Истото тоа попладне присуствувале на нивниот прв состанок во локалната Сала на Царството на Јеховините сведоци. Применувајќи го спознанието што го научиле од Библијата, Денис и Керол пронашле решенија за своите брачни проблеми. Тие сега се среќни и крстени фалители на Јехова и редовно ги споделуваат со ближните своите библиски темелени верувања.

Што ако се чувствуваш недостоен да се молиш?

Некои искрени луѓе можеби се чувстуваат недостојни да се молат поради нивниот неисправен начин на живот. Исус Христос ја раскажал приказната за еден таков човек, еден презрен даночник. Влегувајќи во дворот на храмот, овој човек се чувствувал недостоен да дојде до вообичаеното место за молитва. „Стоеше оддалеку . . . се удираше в гради и велеше: ‚Боже, биди милостив спрема мене грешниот!‘“ (Лука 18:13). Според Исус, овој човек бил поволно ислушан. Тоа покажува дека Јехова Бог навистина е милостив и сака да им помага на грешниците кои искрено се каат.

Размисли за еден млад човек од Јужна Африка по име Пол. Како дете, Пол ги посетувал христијанските состаноци со својата мајка. Но, во текот на своите средношколски години, почнал да се дружи со младинци кои не ги следеле Божјите патишта. Откако го напуштил училиштето, служел во војската на поранешната апартхејд влада во Јужна Африка. Тогаш, неговата девојка неочекувано ја прекинала нивната врска. Овој незадоволувачки начин на живот придонел Пол да се чувствува многу депресивно. „Една вечер“, се сеќава тој, „му се молев на Јехова и побарав негова помош, иако со години не му имав искрено пристапено на Бог.“

Кратко по таа молитва, мајка му на Пол го поканила да присуствува на годишниот Меморијал на Христовата смрт (Лука 22:19). На Пол му паднало чудно што мајка му го сторила тоа бидејќи тој бил своеглав и покажувал малку интерес за Библијата. „На оваа покана гледав како на Јеховин одговор на мојата молитва и чувствував дека морам да возвратам.“ Оттогаш Пол почнал да присуствува на сите христијански состаноци. После четири месеци библиска студија, се квалификувал за крштавање. Освен тоа, прекинал со своите студии по инжинерство и како кариера избрал да учествува во полновременото дело на евангелизирање. Денес Пол е среќен човек, кој не е веќе депримиран поради својот живот од минатото. Последните 11 години, тој служи во канцеларијата на подружницата на Watch Tower Society во Јужна Африка.

Јехова Бог навистина милостиво одговара на молитвите и „ги наградува оние, што Го бараат“ (Евреите 11:6). Наскоро ќе пристигне големиот Јеховин ден и ќе донесе крај на сета злоба. Во меѓувреме, Јехова одговара на молитвите на својот народ за сила и водство додека ревносно учествуваат во животоважното дело на сведочење. На тој начин, милиони поединци од сите нации доаѓаат во контакт со христијанското собрание и се благословени со библиско спознание кое води до вечен живот (Јован 17:3).

[Слика на страница 5]

Сесрдната молитва на Корнилиј довела до тоа да биде посетен од апостол Петар

[Слика на страница 6]

Молитвата им помогнала на многумина во време на неволја

[Слики на страница 7]

Добро е да се моли за помош за да се разбере Библијата

Брачните двојки можат да молат за помош за да си го зајакнат бракот

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели