ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 15/4 стр. 19-22
  • Нахманид — дали го побивал христијанството?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Нахманид — дали го побивал христијанството?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што ја потпалило дебатата?
  • Зошто Нахманид?
  • Нахманид против Пабло Кристијани
  • Каде лежи вистината?
  • Јудаизам — потрага по Бог преку Писмо и традиција
    Потрагата на човештвото по Бог
  • Што е Талмудот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Мајмонид — човекот кој го редефинирал јудаизмот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Кој ќе ги доведе народите до мир?
    Ќе постои ли некогаш свет без војни?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 15/4 стр. 19-22

Нахманид — дали го побивал христијанството?

СРЕДНИОТ век. На што те потсетува тој? На крстоносните војни? На инквизицијата? На тортури? Иако не бил период кој обично е поврзан со отворена верска дискусија, во текот на тоа време, во 1263 година, се одржала една од најединствените еврејско⁠-​христијански дебати од европската историја. Кој бил вклучен? Какви спорни прашања биле покренати? Како може таа да ни помогне денес да ја идентификуваме вистинската религија?

Што ја потпалило дебатата?

Низ целиот среден век, Римокатоличката црква се прикажувала себеси како вистинска религија. Меѓутоа, еврејскиот народ никогаш не се откажал од своите тврдења дека тие се избраниот Божји народ. Неспособноста на црквата да ги увери Евреите во потребата да се преобратат, доведувала до фрустрација и честопати до насилство и прогонување. За време на крстоносните војни, десетици илјади Евреи биле масакрирани или изгорени на столб кога им бил даван изборот помеѓу крштавање или смрт. Во многу земји, на дневен ред бил антисемитизмот инспириран од страна на црквата.

Меѓутоа, во католичка Шпанија од XII и XIII век преовладувал еден поинаков дух. На Евреите им било дозволена верска слобода — сѐ додека тие не ја напаѓале христијанската вера — и дури им биле давани важни положаи на царевиот двор. Но, по отприлика еден век таква наклонетост, доминиканските свештеници презеле чекори да го намалат еврејското влијание во општеството и да ги преобратат Евреите на католицизам. Доминиканците вршеле притисок врз кралот Јаков I Арагонски да подготви една официјална дебата, чија цел била да се докаже инфериорноста на еврејската позиција и потребата сите Евреи да се преобратат.

Ова не било прва еврејско⁠-​христијанска дебата. Во 1240 година, една официјална дебата била одржана во Париз (Франција). Нејзина главна цел била да се стави на испит Талмудот, книга која е света за Евреите. Меѓутоа, на еврејските учесници им била дозволена мала слобода на говор. Откако црквата ја прогласила својата победа во оваа расправија, на јавните плоштади масовно биле спалувани примероци од Талмудот.

Но, потолерантниот дух на кралот Јаков I Арагонски не дозволил една таква судска фарса. Увидувајќи го ова, доминиканците се обиделе со еден поинаков пристап. Како што го опишал тоа Хијам Макоби во својата книга Judaism on Trial (Јудаизмот на испит), тие ги поканиле Евреите на една дебата „под маската на љубезност и наговарање, наместо јавно оптужување како она во Париз“. За свој главен претставник доминиканците го наименувале Пабло Кристијани, Евреин кој се преобратил на католицизам и кој станал доминикански свештеник. Користејќи го неговото познавање на талмудските и рабинските списи, доминиканците се чувствувале сигурни дека ќе можат да го докажат својот случај.

Зошто Нахманид?

Само една личност во Шпанија ја имала духовната возраст да ја претставува еврејската страна во дебатата — Мојсеј бен Нахман, односно Нахманид.a Роден отприлика во 1194 година во градот Херона, Нахманид уште во своите тинејџерски години се истакнувал како библиски и талмудски научник. До својата 30-та година, имал напишано коментари кон поголемиот дел од Талмудот, а набрзо по тоа бил главен говорник во посредувањето околу контроверзата со списите на Мајмонид кои се заканувале да ја поделат еврејската заедница.b Нахманид се смета за најголем еврејски библиски и талмудски научник од својата генерација и втор, можеби само после Мајмонид, по своето влијание врз јудаизмот во текот на тој период.

Нахманид извршил далекосежно влијание врз еврејската заедница во Каталонија, па дури и кралот Јаков I се консултирал со него во врска со разни државни работи. Неговите живи способности на размислување биле почитувани подеднакво и од Евреите и од не⁠-​Евреите. Доминиканците сфатиле дека, за делотворно да ги понизат Евреите, би требало тој, нивниот најистакнат рабин, да биде оној со кого ќе дебатираат.

Нахманид одбивал да се согласи со дебатата, сфаќајќи дека доминиканците немаат намера тоа да биде фер размена на мислења. Тој требало да одговара на прашања, но не можел да постави ниедно. Меѓутоа, се согласил со барањето на кралот, замолувајќи да му биде дадена дозвола да зборува слободно во своите одговори. Кралот Јаков I се сложил со ова. Таквото допуштање на релативно слободен говор било без преседан и неповторено низ целиот среден век — јасен доказ за високата почит на кралот спрема Нахманид. Па сепак, Нахманид бил загрижен. Ако биде сметан за премногу антагонистички во дебатата, би имало катастрофални реперкусии како за него така и за еврејската заедница. Во секое време можело да избувне насилство.

Нахманид против Пабло Кристијани

Главната сцена на дебатата била палатата на кралот во Барселона. Биле одржани четири седници — на 20, 23, 26 и 27 јули 1263 година. Кралот лично претседавал на секоја седница, на која присуствувале и разни црквени и државни достоинственици, како и Евреи од локалната заедница.

За црквата, исходот од дебатата никогаш не бил во прашање. Во својот официјален извештај, доминиканците навеле дека целта на дебатата ‚не била за да се спори околу верата божем таа е во прашање, туку да се уништат грешките на Евреите и да се отстрани сигурната вера на многу Евреи‘.

Иако бил стар скоро 70 години, Нахманид ја покажал својата бистра способност на размислување со тоа што барал дискусијата да се ограничи само на фундаменталните спорни прашања. Почнал велејќи: „[Претходните] расправи помеѓу не⁠-​Евреите и Евреите се однесуваа на многу фасети од религиозните обичаи од кои не зависи основното начело на верата. Меѓутоа, на овој кралски суд сакам да дебатирам само за работите од кои зависи целата контроверза“. Потоа била донесена согласност дека темите ќе бидат ограничени на тоа дали Месијата веќе дошол, дали тој бил Бог или човек и дали Евреите или, пак, христијаните го поседуваат вистинскиот закон.

Во својот уводен аргумент, Пабло Кристијани изјавил дека ќе докаже од Талмудот дека Месијата веќе дошол. Нахманид остро одговорил дека, ако тоа би било случај, зошто тогаш рабините кои го прифатиле Талмудот не го прифатиле Исуса? Наместо своите аргументи да ги сосредоточува на јасно библиско расудување, Кристијани секогаш одново се осврнувал на нејасни рабински пасуси за да ги потврди своите аргументи. Точка по точка, Нахманид нив ги побивал со тоа што покажал дека тие биле цитирани надвор од контекст. Разумот би диктирал дека Нахманид можел да се истакне како покомпетентен во дебатирањето за овие списи во чие проучување го посветил сиот свој живот. Дури и кога Кристијани се осврнувал на Писмото, неговото аргументирање истакнувало точки кои можеле лесно да се побијат.

Иако бил ограничен на одговарање на прашањата, Нахманид бил во состојба да изнесе силна аргументација која покажала зошто позицијата на Католичката црква била неприфатлива и за Евреите и за другите луѓе кои размислуваат. Во врска со доктрината за тројството, тој изјавил: „Умот на секој Евреин или на кој и да е друг човек нема да му дозволи да верува дека Творецот на небото и на Земјата . . . би поминал низ утробата на една Еврејка . . . и [дека] подоцна [би бил] предаден во рацете на своите непријатели, кои . . . го убиле“. Нахманид концизно навел: „Она во што вие верувате — а тоа е коренот на вашата вера — е неприфатливо за [рационалниот] ум“.

Истакнувајќи една недоследност која до ден-денеска спречува многу Евреи дури и да ја разгледаат можноста дека Исус е Месијата, Нахманид ја нагласил крајната вина за крв на црквата. Тој рекол: „Пророкот наведува дека во времето на Месијата . . . ќе ги прековаат своите мечеви во плугови, и своите копја во српови; народ нема да крева меч против народ, ниту повеќе ќе се учат на војна. Од деновите на Назареецот па досега, целиот свет бил полн со насилство и пљачкање. [Всушност], христијаните пролеваат повеќе крв отколку останатите народи, а водат и неморален живот. Колку само би било тешко за тебе, мој кралу, и за овие твои витези ако ниту тие . . . повеќе не би се учеле на војна!“ (Исаија 2:4).

После четвртата седница, кралот ѝ ставил крај на дебатата. На Нахманид му рекол: „Никогаш не сум видел човек кој иако е во грешка, аргументира толку добро како тебе“. Верен на своето ветување со кое на Нахманид му гарантирал слобода на говорот и заштита, кралот Јаков I Арагонски го испратил дома, заедно со дар од 300 динари. По барање на бискупот од Херона, Нахманид составил писмен извештај од дебатата.

Иако прогласиле одлучна победа, доминиканците биле видливо вознемирени. Подоцна поднеле обвинение против Нахманид поради хулења против црквата, користејќи ги како доказ неговите списи во врска со дебатата. Незадоволни од кралевиот третман на Нахманид, доминиканците се пожалиле кај папата Клемент IV. Иако стар преку 70 години, Нахманид бил протеран од Шпанија.c

Каде лежи вистината?

Дали аргументот од која и да е страна помогнал да се идентификува вистинската религија? Додека секоја страна ги истакнувала грешките на другата, ниедна не изнела јасна порака на вистината. Она што Нахманид толку вешто го побивал не било вистинското христијанство туку, напротив, човечката доктрина, како што е учењето за тројството, измислено од христијанскиот свет во вековите после Исус. Неморалното однесување и неконтролираното крвопроливање на христијанскиот свет, кои Нахманид толку смело ги истакнал, исто така се неоспорни работи од минатото.

Не е тешко да се разбере зошто под овие околности Нахманид и другите Евреи не биле импресионирани од аргументите во полза на христијанството. Освен тоа, аргументите на Пабло Кристијани не се темелеле на јасно резонирање врз основа на Хебрејските списи, туку на бедно применети рабински извори.

Не, Нахманид не го побивал вистинското христијанство. До неговото време, вистинската светлина на Исусовите учења и доказите за неговото Месијанство станале замрачени со лажно претставување. Појавата на таквото отпадничко учење всушност била проречена од Исус и од апостолите (Матеј 7:21—23; 13:24—30, 37—40; 1. Тимотеј 4:1—3; 2. Петрово 2:1, 2).

Меѓутоа, вистинската религија денес може јасно да се идентификува. Во врска со своите вистински следбеници, Исус рекол: „По нивните плодови ќе ги познаете . . . Па така, секое добро дрво дава добри плодови, а лошо дрво дава лоши плодови“ (Матеј 7:16, 17). Те покануваме да го направиш тоа идентификување. Дозволи им на Јеховините сведоци да ти помогнат да преземеш едно објективно истражување на библиските докази. На тој начин ќе го дознаеш вистинското значење на сите Божји ветувања поврзани со Месијата и со неговото владетелство.

[Фусноти]

a Многу Евреи се осврнуваат на Нахманид како на „Рамбан“, еврејски акроним формиран од почетните букви на зборовите „Раби Мојсеј Бен Нахман“.

b Види ја статијата „Мајмонид — човекот кој го редефинирал јудаизмот“ во Стражарска кула од 1 март 1995, страници 20—23.

c Во 1267 година, Нахманид пристигнал во земјата која сега е позната како Израел. Неговите последни години биле исполнети со успех. Повторно го вовел еврејството, како и еден центар за проучување во Ерусалим. Исто така, довршил еден коментар кон Тората, првите пет книги од Библијата, и станал духовен поглавар на еврејската заедница во северниот крајбрежен град Акра, каде што умрел во 1270 година.

[Слика на страница 20]

Нахманид го докажувал својот случај во Барселона

[Извор на слика на страница 19]

Илустрации на страници 19 и 20: Репродуцирани од Illustrirte Pracht - Bibel/Heilige Schrift des Alten und Neuen Testaments, nach der deutschen Uebersetzung D. Martin Luther’s

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели