Се сеќаваш ли?
Дали внимателно си размислувал за неодамнешните изданија на Стражарска кула? Ако да, ќе ти биде интересно да се сетиш на следново:
◻ На кој начин многу брачни двојки денес го следат прекрасниот пример што го оставиле Акила и Прискила?
Акила и Прискила служеле во повеќе различни собранија. Како нив, мнозина денешни христијани се ставиле себеси на располагање да се преселат таму каде што потребата е поголема. Тие исто така ги доживеале радоста и задоволството што гледаат како интересите на Царството растат и што се во можност да негуваат скапоцени христијански пријателства (15.12., страница 24).
◻ Какво е гледиштето на Библијата за алкохолните пијалаци?
Библиското гледиште за алкохолните пијалаци е урамнотежено. Од една страна, Библијата вели дека виното е дар од Бог (Псалм 103:1, 15). Од друга страна, таа ја осудува преголемата оддаденост (Лука 21:34; 1. Тимотеј 3:8; Тит 2:3; 1. Петрово 4:3, НС; 15.12., страница 27).
◻ Која е една значајна карактеристика на библиската книга Агеј?
Иако книгата Агеј е составена од само 38 стихови, Божјето име е употребено 35 пати. Таквото пророштво звучи безживотно кога името Јехова е заменето со титулата „Господ“ (1.1., страница 6).
◻ Каква поука може да се извлече од гревовите на Давид и на Манасија?
И покрај тоа што Јехова им простил на Давид и на Манасија, овие мажи — а со нив и Израел — морале да живеат со последиците од своите грешни постапки (2. Царства 12:11, 12; Јеремија 15:3—5). На сличен начин, иако Јехова денес им простува на покајничките грешници, нивните постапки може да имаат последици кои не можат да се избегнат (1.1., страница 27).
◻ На кој начин „нозете на оние, што благовестат мир, кои го благовестат доброто“ за Божјето Царство, се „убави“? (Исаија 52:7).
Нозете се тие кои обично ја движат една личност кога таа излегува да им проповеда на другите. Таквите нозе навистина ја претставуваат личноста. Затоа, за мнозина кои ќе ја чујат и кои поволно ќе се оѕвијат на добрата вест за Царството, нозете на таквите гласници навистина претставуваат прекрасна глетка (15.1., страница 13).
◻ Што претставува двократната работа што е вклучена во ‚објавувањето на добрата вест‘ (1. Коринтјаните 9:16, НС).
Прво, мораме да ја објавуваме добрата вест за Царството. Вториот аспект на ова дело вклучува поучување на оние кои поволно се оѕвиваат на објавувањето на Царството (15.1., страница 23).
◻ Кои лични користи произлегуваат од пеењето на песните на Царството на собраниските состаноци?
Пеењето ни дава прилика да ги изразиме нашите чувства спрема нашиот Творец (Псалм 149:1, 3). Кога го излеваме своето срце во собраниското пеење, тоа може да нѐ доведе во исправно расположение на умот и срцето за програмата што следи. Може да нѐ поттикне на поголемо учество во обожавањето на Јехова (1.2., страница 28).
◻ Кога денот на смртта е подобар од денот на раѓањето? (Проповедник 7:1, НС).
Денот на смртта може да биде подобар од денот кога некој се раѓа доколку лицето дотогаш си изградило добро име кај Јехова, кој може да ги воскресне верните лица кои умираат (Јован 11:25; 15.2., страница 12).
◻ Зошто книгата Проповедник треба да ни помогне лично?
Таа може да му помогне на секого од нас да го исправи својот поглед на животот и на она на што се сосредоточуваме (Проповедник 7:2; 2. Тимотеј 3:16, 17; 15.2., страница 16).
◻ Дали Јеховините сведоци се фундаменталисти?
Не. Иако имаат цврсти верски уверувања, тие не се фундаменталисти во онаа смисла како што се користи тој термин. Тие не прибегнуваат кон демонстрации и насилство против оние со кои не се согласуваат. Го имитираат својот Водач, Исус Христос (1.3., страница 6).
◻ Какво влијание има врз христијаните фактот што не го знаат точното време на Исусовото доаѓање за да изврши Божја освета?
Тоа им помага на христијаните да останат будни и им дава секојдневна прилика да докажуваат дека му служат на Јехова од несебични мотиви (1.3., страница 13).
◻ Што треба да земеме предвид пред да поведеме судска постапка против некој брат кој можеби нѐ измамил?
Треба да ги земеме предвид можните последици врз нас, врз другите вклучени лица, врз собранието и врз надворешните (1. Коринтјаните 6:7; 15.3., страница 22).
◻ Како може да се постигне вистинска среќа?
Вистинската среќа е состојба на срцето, темелена на вистинска вера и добар однос со Јехова (Матеј 5:3, НС; 15.3., страница 23).
◻ Што треба да стори еден христијанин кога е повикан на поротна должност?
Секој христијанин што е соочен со поротна должност мора да одреди каков правец да следи на темел на неговото разбирање на Библијата и неговата совест (Галатјаните 6:5; 1.4., страница 29).