ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/5 стр. 4-7
  • Доверба во еден несовршен свет

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Доверба во еден несовршен свет
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Првобитниот губиток на интегритетот
  • Темелот за интегритет
  • Доверливост под испит
  • Интегритетот на Јов
  • Интегритетот и христијанската служба
  • Наградите од интегритетот
  • Зачувај ја својата беспрекорност!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Ќе останеш ли беспрекорен по секоја цена?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Зошто да бидеш беспрекорен?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Оди по патот на беспрекорноста
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/5 стр. 4-7

Доверба во еден несовршен свет

„НЕ ДОБРОТО, кое го сакам, го правам, туку злото, што не го сакам, го вршам.“ Дали откриваш дека ова е случај кај тебе? Биди охрабрен од сознанието дека апостол Павле го имал истиот проблем; па сепак, тој бил човек со истакнат христијански интегритет. Зарем ова не си противречи? Во своето писмо до христијаните во Рим, Павле го проанализирал проблемот: „А штом го вршам она, што не го сакам, не го вршам веќе јас, но гревот, кој живее во мене“. На каков грев се осврнал тој, и како го надминал за да биде човек од интегритет? (Римјаните 7:19, 20).

Порано во своето писмо, Павле напишал: „Гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот — смртта, по таков начин и смртта премина на сите луѓе преку еден човек, оти сите згрешија“. Тој „еден човек“ бил Адам (Римјаните 5:12, 14). Адамскиот грев — гревот на првиот човек, Адам — е причината за вродените несовршености на човечкиот род и основна причина зошто чувањето на интегритетот е вистински предизвик.

Павловото гледиште за „првобитниот грев“, како што се нарекуваше, денес не е нашироко прифатено, затоа што библискиот извештај за создавањето е отфрлен во теолошките кругови во полза на теориите на еволуцијата. „Научниците го имаат турнато настрана целиот пасус“ — гласи еден современ коментар кон Римјаните 5:12—14. Сепак, пред сто години, библиските коментари доследно објаснувале дека, „кога Адам згрешил . . . со тој грев и со неговите последици го извалкал сето свое потомство“.a

Првобитниот губиток на интегритетот

Исто како што мнозина денес го негираат постоењето на Адам, првиот човек, така и Сатана, Ѓаволот, е отфрлан како измислица од митологијата.b Но, еден не помал авторитет, туку самиот Исус Христос, ни кажува дека овој ‚не стоел во вистината‘, со други зборови, тој бил недоверлив (Јован 8:44). И токму на Сатанов поттик, Адам и неговата сопруга, Ева, се побуниле против Јехова и го скршиле својот интегритет под испит (1. Мојсеева 3:1—19).

Поради тоа што сите ние потекнуваме од Адам, сите ја наследуваме склоноста да грешиме. Мудриот човек Соломон навел: „Нема праведник на земјата, кој прави добро и никако да не греши“ (Проповедник 7:20). Сепак, секој човек може да биде доверлив. Како е можно тоа? Така што не е потребно да се биде совршен човек за да се чува интегритетот.

Темелот за интегритет

Цар Давид од Израел направил многу грешки, вклучувајќи го и неговиот добро документиран прељубнички однос со Вирсавија (2. Царства 11:1—27). Многуте Давидови пропусти послужиле да се нагласи фактот дека тој бил далеку од совршен. Сепак, што гледал Јехова во човекот? Обраќајќи му се на Давидовиот син, Соломон, Јехова рекол: ‚Оди пред мене, онака како што одеше татко ти Давид, со интегритет на срцето и со исправност‘ (3. Царства 9:4, НС). Јехова ја признавал Давидовата темелна доверливост и покрај многуте негови грешки. Зошто?

Давид го дал одговорот кога му рекол на Соломон: „Господ ги испитува сите срца и ги знае сите движења на мислите“ (1. Летописи 28:9). Давид правел грешки, но бил понизен и сакал да го прави она што е исправно. Доследно прифаќал карање и исправка — всушност, самиот ги барал. „Искушај ме, Господи, испитај ме; отвори ги утробата моја [прочисти ми ги бубрезите, НС] и моето срце“ — била неговата молба (Псалм 25:2). И навистина Давид бил прочистен. На пример, ограничувањата што произлегле од неговиот грев со Вирсавија, траеле сѐ до крајот на неговиот живот. Па сепак, Давид никогаш не се обидел да го оправда своето погрешно постапување (2. Царства 12:1—12). Што е уште поважно, никогаш не скршнал од вистинското обожавање. Од оваа причина, а и поради Давидовото искрено, срдечно жалење и каење, Јехова бил спремен да му ги прости гревовите и да го прифати како човек од интегритет. (Види и Псалм 50.)

Доверливост под испит

Исус бил испитан од Сатана Ѓаволот во обидот да го скрши Неговиот интегритет. Тој морал да го задржи својот интегритет низ тешкотии и страдање, за разлика од Адам, чија послушност како совршен човек била испитана само со тоа што бил поучен да слуша еден божествен закон. Плус тоа, Исус го имал притисокот од фактот што знаел дека од неговиот интегритет зависи откупот на човечкото семејство (Евреите 5:8, 9).

Решен да го скрши Исусовиот интегритет, Сатана му пристапил кога Исус бил најслаб — откако поминал 40 дена во медитирање и постење во пустината. Трипати го искушал Исуса — да ги претвори камењата во леб; да скокне од храмскиот градобран, претпоставувајќи дека ангелската интервенција ќе го спаси и дека на тој начин ќе даде чудесен знак за да го докаже своето Месијанство; и да го прифати владетелството над сите царства на овој свет во замена за само едно ‚поклонување‘ кон Сатана. Но, Исус го одбил секое искушение, задржувајќи го својот интегритет спрема Јехова (Матеј 4:1—11; Лука 4:1—13).

Интегритетот на Јов

Јововиот став, задржувајќи го својот интегритет под испит, добро е познат. Интересно е тоа што Јов не разбирал зошто го снашла несреќа. Не знаел дека Сатана му припишал лажни мотиви, тврдејќи дека Јов му служи на Бога од себични причини и дека, за да си ја спаси својата кожа, Јов спремно би го прекршил својот интегритет. Бог дозволил Јов да биде подложен на некои многу искушувачки доживувања за да покаже дека Сатана е во криво (Јов 1:6—12; 2:1—8).

На сцената се појавиле тројца лажни пријатели. Тие намерно ги прикажале на погрешен начин Божјите мерила и намери. Дури и Јововата сопруга, исто така, неспособна да го сфати спорното прашање, пропуштила да го охрабри својот сопруг во времето кога тоа му било најпотребно (Јов 2:9—13). Но, Јов стоел цврсто. „Додека не умрам, нема да отстапам од својата справедливост. Цврсто ја држев правдата своја и нема да ја пуштам; нема да ме прекори срцето мое во сите денови мои“ (Јов 27:5, 6).

Јововиот извонреден пример, заедно со интегритетот на многу други верни мажи и жени, како што е забележано во Библијата, докажал дека Сатана е лажго.

Интегритетот и христијанската служба

Дали интегритетот е особина која Јехова ја цени само заради свое лично задоволство? Не. Интегритетот има внатрешна вредност за нас луѓето. За наша полза било тоа што Исус нѐ опоменал да ‚Го возљубиме Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум‘. Вистина, тоа е „прва и најголема заповед“ и потребен е еден маж, жена или дете од интегритет за таа да се држи (Матеј 22:36—38). Што е вклучено во тоа и кои се наградите?

Во еден човек од интегритет може да има доверба не само неговиот ближен туку, што е уште поважно, и Бог. Неговата чистота на срцето се гледа по неговите постапки; тој е без лицемерие. Не е префриган или расипан. Апостол Павле вака се изразил: „Се одрековме од тајните срамни дела за да не живееме во лукавство, ниту да го изопачуваме словото Божјо, туку со јавувањето на вистината да се покажеме на секоја човечка совест пред Бога“ (2. Коринтјаните 4:2).

Забележи дека Павле споменува ставови што се поврзани со христијанската служба. Како може еден христијански слуга да им служи на другите ако неговите раце не се чисти, ако не е човек од интегритет? Поглаварот на еден ирски верски ред, кој неодамна дал отказ, добро ја илустрира поентата. Според весникот The Independent, тој признал дека „му дозволил на еден педофиличен свештеник да продолжи да работи со децата долго време откако се дознало за неговото злоупотребување на децата“. Извештајот објаснил дека злоупотребата се протегала преку 24 години. Свештеникот бил затворен на четири години, но помисли само на страдањето што им го нанел на децата кои ги напаѓал во текот на тие години, поради тоа што на неговиот надгледник му недостигал морален интегритет за да преземе акција!

Наградите од интегритетот

Апостол Јован бил бестрашен човек. Поради нивниот огнен ентузијазам, него и неговиот брат Јаков, Исус ги нарекол „синови на громот“ (Марко 3:17). Еден човек со истакнат интегритет, Јован, заедно со Петар, им објаснил на еврејските владетели дека ‚не може да не зборува‘ за работите што ги видел и чул додека бил со Исус. Јован исто така бил еден од апостолите кои рекле: „Повеќе треба да Му се покоруваме на Бога, отколку на луѓето“ (Дела 4:19, 20; 5:27—32).

Изгледа дека, кога Јован имал веќе преку 90 години, тој бил изгнан на островот Патмос „заради словото Божјо и заради сведоштвото за Исуса Христа“ (Откровение 1:9). На таа возраст, можеби мислел дека неговата служба завршила. Но, само на еден човек од интегритет како неговиот можело да му се довери задачата да ја запише возбудливата визија на Откровението. Јован го сторил ова верно. Колкава само предност било тоа за него! А требало да има уште. Подоцна, очигледно во близината на Ефес, тој го напишал своето евангелие и трите писма. Колку величествени предности кои крунисале 70 години верна, доверлива служба!

Да се биде личност од интегритет на еден општ начин, дава длабоко задоволство. Да се биде доверлив во Божји очи, носи вечни награди. Денес, едно „големо мноштво“ од вистински обожаватели се подготвува да влезе во еден нов свет на мир и хармонија, со изглед за вечен живот (Откровение 7:9). Интегритетот во битните работи на моралот и обожавањето мора да се поддржи, и покрај испитите на овој систем на ствари и многуте предизвици што Сатана би можел да ги нанесе. Биди уверен дека со силата што ја дава Јехова ти можеш да успееш! (Филипјаните 4:13, НС).

Говорејќи и за сегашноста и за иднината, псалмистот Давид нѐ уверува сите нас кога во една молитва на благодарност до Јехова, вели: „А мене, пак, ме прифати цел поради мојата незлобивост [мојот интегритет, НС] и ме зацврсти пред Себе вечно. Нека е благословен Господ . . . Амин, амин!“ (Псалм 40:12, 13).

[Фусноти]

a Коментар во The New Testament of Our Lord and Saviour Jesus Christ, according to the Authorised Version, with a brief commentary by various authors (Новиот завет на Нашиот Господ и Спасител Исуса Христа, според Authorised Version, со краток коментар од разни автори).

b Името Сатана значи „Противник“. „Ѓавол“ значи „Клеветник“.

[Слика на страница 4]

И покрај своите грешки, Давид се докажал достоен за доверба

[Слика на страница 5]

Исус ни го дал најубавиот пример за доверливост

[Слики на страница 7]

Да се биде доверлив донесува големо задоволство

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели