ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 15/12 стр. 3-7
  • Зошто да бидеш беспрекорен?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто да бидеш беспрекорен?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што значи да се биде беспрекорен?
  • 1. Нашата беспрекорност и Божјето право да владее
  • 2. Јехова ни суди на темел на беспрекорноста
  • 3. Беспрекорноста е основа за нашата надеж
  • Ќе останеш ли беспрекорен по секоја цена?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Зачувај ја својата беспрекорност!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Оди по патот на беспрекорноста
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Доверба во еден несовршен свет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 15/12 стр. 3-7

Зошто да бидеш беспрекорен?

„О, суди ми, Јехова... според мојата беспрекорност“ (ПС. 7:8)

1, 2. Во кои секојдневни ситуации е тешко еден христијанин да остане беспрекорен?

ЗАМИСЛИ СИ ГИ следниве ситуации: Едно дете се соочува со исмевање од соучениците, кои се обидуваат да го извадат од такт и да го наведат да пцуе или да се тепа. Дали ќе им врати со иста мера или, пак, ќе се воздржи и ќе се тргне настрана? Еден сопруг истражува нешто на Интернет додека е сам дома. Одеднаш на мониторот се појавува прозорче со реклама за порнографска веб-страница. Дали ќе се најде на искушение да ја отвори или ќе направи сѐ за да не го стори тоа? Една христијанка си прави муабет со неколку сестри, но разговорот полека тргнува во негативен правец и се претвора во штетно озборување на некоја сестра од собранието. Дали таа ќе остане да седи и да слуша или ќе се обиде да ја смени темата?

2 Иако овие ситуации се различни, сепак имаат нешто заедничко. Сите тројца христијани треба да вложат напор за да останат беспрекорни. Дали и тебе ти е важно да останеш беспрекорен додека се грижиш за своите потреби, се справуваш со проблеми и ги остваруваш своите цели во животот? Луѓето секојдневно размислуваат за својот изглед, за своето здравје, за тоа како да заработат за семејството, за односите со пријателите, па дури и за љубовта. Можеби и ние посветуваме прилично големо внимание на вакви работи. Но, што му е, всушност, важно на Јехова додека го испитува нашето срце? (Пс. 139:23, 24). Нему му е важна нашата беспрекорност.

3. Каков скапоцен избор ни дал Јехова, и што ќе разгледаме во оваа статија?

3 Јехова, Дарителот на „секој добар дар и секој совршен подарок“ ни дал безброј дарови на сите нас (Јак. 1:17). Благодарение на Него имаме тело, ум, извесна мера здравје и различни способности (1. Кор. 4:7). Сепак, Јехова не нѐ присилува да бидеме беспрекорни. Тој дозволува сами да избереме дали ќе ја развиеме оваа особина или не (5. Мој. 30:19). Затоа, добро е да разгледаме што е беспрекорноста. Освен тоа, ќе видиме и три причини зошто оваа особина е толку важна.

Што значи да се биде беспрекорен?

4. Што значи зборот беспрекорност, и што учиме од Јеховиниот закон за животинските жртви?

4 На многу луѓе не им е сосема јасно што значи зборот беспрекорност. На пример, кога политичарите се фалат со својот интегритет, што е друг збор за беспрекорност, обично мислат на тоа дека се чесни. Чесноста е важна, но таа е само еден аспект од беспрекорноста. Според Библијата, беспрекорен е оној кому не му недостасува ништо во морален поглед, оној што е непорочен. Хебрејските зборови поврзани со „беспрекорност“ се изведени од корен што значи здрав, потполн или без недостаток. Еден од овие зборови се користи во врска со жртвите што требало да му се принесуваат на Јехова. Ако некој сакал да ја стекне Божјата милост со принесување животинска жртва, таа морала да биде здрава, односно без недостаток. (Прочитај 3. Мојсеева 22:19, 20.) Јехова строго ги укорил оние што намерно го прекршувале неговото упатство, и за жртва принесувале куци, болни или слепи животни (Мал. 1:6-8).

5, 6. а) Наведи примери што покажуваат дека ние обично го цениме она што е здраво, односно потполно. б) Дали луѓето треба да бидат совршени за да бидат беспрекорни? Објасни.

5 Воопшто не е чудно некој да бара и да цени нешто што е здраво или цело, односно потполно. Замисли си, на пример, еден колекционер на книги кој открива многу вредно дело што долго време го барал, но на крајот сфаќа дека му недостигаат неколку клучни страници. Веројатно разочарано ќе ја врати таа книга на полицата од која ја зел. Или, пак, замисли дека една жена оди по плажа и собира школки кои брановите ги исфрлиле на брегот. Восхитена од нивната разноликост и убавина, таа одвреме-навреме се наведнува да ги разгледа. Кои од нив ќе ги задржи? Оние што се цели, неоштетени. Слично постапува и Бог — ги бара луѓето чие срце е цело, односно неподелено (2. Лет. 16:9).

6 Но, можеби се прашуваш дали оној што е беспрекорен, всушност, е совршен. Бидејќи сме оштетени од гревот и од несовршенството, можеби сме склони да мислиме дека личиме на книга на која ѝ фалат страници или на поткршена школка. Дали и ти понекогаш се чувствуваш така? Тогаш, утешно е да знаеш дека Јехова не очекува да бидеме совршени во апсолутна смисла. Тој никогаш не очекува од нас да правиме повеќе отколку што можемеa (Пс. 103:14; Јак. 3:2). Сепак, очекува да бидеме беспрекорни. Според тоа, дали има разлика меѓу совршенството и беспрекорноста? Да. Да наведеме пример: Еден младич сака една девојка и ќе ја земе за жена. Би било неразумно да си мисли дека таа е совршена. Сепак, мудро е да очекува таа да го сака со сето срце, односно да има нежни чувства само кон него. И Јехова очекува од нас нешто слично — тој е „Бог кој бара да му се покажува оддаденост само нему“ (2. Мој. 20:5). Тој не очекува од нас да бидеме совршени, туку да го сакаме со сето срце и да му служиме само нему.

7, 8. а) Каков пример дал Исус во врска со беспрекорноста? б) Што е во суштина беспрекорноста во библиска смисла на зборот?

7 Можеби ова нѐ потсетува на одговорот што го дал Исус кога го прашале која е најважната заповед. (Прочитај Марко 12:28-30.) Но, Исус не дал одговор само со збор туку и живеел според тоа што го кажал. Тој бил најдобриот пример за тоа што значи да се сака Јехова со сиот ум, срце, душа и сила. Исус покажал дека беспрекорноста не се гледа само од она што некој го кажува туку, пред сѐ, се гледа од неговите убави постапки кои извираат од чисти мотиви. Ако сакаме да бидеме беспрекорни, треба да одиме по неговите стапки (1. Пет. 2:21).

8 Според тоа, суштината на нашата беспрекорност во библиска смисла на зборот е следнава: со сето срце да сме ѝ оддадени на една Личност на небото, Јехова Бог, и на Неговата јасна волја и намера. Остануваме беспрекорни кога од ден на ден се трудиме пред сѐ да му угодиме на Јехова Бог. Нам ни е важно она што нему му е важно. Да разгледаме три причини зошто ова е од толку големо значење.

1. Нашата беспрекорност и Божјето право да владее

9. Каква е врската помеѓу нашата беспрекорност и Јеховиното право да владее?

9 Јеховиното право да владее не зависи од нашата беспрекорност. Неговото владеење е праведно и вечно, и тој владее над сѐ. Ова никогаш нема да се промени, сеедно што ќе каже или ќе направи кое и да било живо суштество. Меѓутоа, Божјето владеење било оцрнето на небото и на Земјата. Затоа, пред сите разумни суштества треба да се докаже дека тој има право да владее, и дека тоа го прави најдобро, праведно и со љубов. Како Јеховини сведоци, многу сакаме да зборуваме со сите што се спремни да слушаат за тоа дека Бог има право да владее над сѐ. Но, како можеме лично да го покажеме својот став во врска со ова прашање? Од што се гледа дека сме го избрале Јехова за наш Севишен Владетел? Од нашата беспрекорност.

10. Какво обвинение изнел Сатана во врска со човековата беспрекорност, и како би сакал да му одговориш?

10 Размисли зошто е важно ти лично да бидеш беспрекорен. Сатана во суштина тврдел дека ниту еден човек нема да застане на Божја страна по ова прашање, односно дека никој нема да му служи на Јехова од несебична љубов. Пред еден голем собир од духовни суштества, Ѓаволот му рекол на Јехова: „Кожа за кожа! Човекот ќе даде сѐ што има за својата душа“ (Јов 2:4). Забележи дека со оваа клевета Сатана не го оцрнил само праведникот Јов, бидејќи го кажал ова како да важи за секој човек. Затоа Библијата го нарекува ‚обвинител на нашите браќа‘ (Отк. 12:10). Тој му се подбива на Јехова тврдејќи дека христијаните — вклучувајќи те и тебе — нема да останат верни. Сатана тврди дека ќе го изневериш Јехова за да си ја спасиш сопствената кожа. Какви чувства предизвикуваат кај тебе ваквите обвиненија? Зарем нема да ја искористиш секоја можност за да докажеш дека Сатана е лажливец? Ако останеш беспрекорен, ќе го сториш токму тоа.

11, 12. а) Кои примери покажуваат како нашите одлуки во секојдневните работи се поврзани со нашата лична беспрекорност? б) Зошто е чест да бидеме беспрекорни?

11 Значи, многу е важно да докажеш дека си беспрекорен со своето секојдневно однесување и со одлуките што ги донесуваш. Размисли уште еднаш за трите ситуации што беа спомнати во почетокот. Како можат тие три лица да докажат дека се беспрекорни? Детето што го исмеваат соучениците е на големо искушение да им се развика, но во мислите му доаѓа советот: „Не одмаздувајте се, сакани, туку дајте му место на Божјиот гнев, зашто е напишано: ‚Одмаздата е моја, јас ќе вратам, вели Јехова‘“ (Рим. 12:19). Затоа се трга настрана. Сопругот што истражува на Интернет би можел да ѕирне на порнографската страница, но се сеќава на начелото кое го содржат зборовите на Јов: „Склучив сојуз со своите очи, па како би можел тогаш да гледам по девица?“ (Јов 31:1). Слично на Јов, овој човек одбива да им дозволи на своите очи да гледаат неморални слики, и го отфрла таквиот материјал како да е отров. Жената што е во групата каде што би можела да се изложи на штетно оговарање се потсетува на советот: „Секој од нас нека му угодува на својот ближен во она што е добро за изградување“ (Рим. 15:2). Озборувањата што ќе ги чуе би можела да ги пренесе на некој друг, но со тоа нема да изгради никого. Нема да ја прикаже во добро светло својата христијанска сестра, а и нема да му угоди на својот небесен Татко. Затоа си го чува јазикот под контрола и ја менува темата.

12 Во сите три ситуации, христијанинот донесува одлука со која всушност вели: ‚Јехова е мојот Владетел. Затоа ќе постапам како што сака тој‘. Дали и ти гледаш така на работите кога донесуваш одлуки, сеедно дали се големи или мали? Ако да, тогаш навистина си им послушен на срдечните зборови запишани во Изреки 27:11: „Биди мудар, сине мој, и израдувај ми го срцето, за да можам да му одговорам на оној што ми се подбива“. Колкава чест имаме да го израдуваме Божјето срце! Зарем не се согласуваш дека вреди да вложиме труд за да останеме беспрекорни?

2. Јехова ни суди на темел на беспрекорноста

13. Како зборовите на Јов и на Давид ни покажуваат дека Јехова ни суди на темел на нашата беспрекорност?

13 Гледаме дека со беспрекорноста ние, всушност, го поддржуваме Јеховиното неприкосновено право да владее. Според тоа, таа е темел на кој Бог може да ни суди. Јов многу добро ја сфаќал оваа вистина. (Прочитај Јов 31:6.) Тој знаел дека Бог ги мери сите луѓе на „точна вага“, користејќи го своето совршено мерило за правда за да утврди дали живееме беспрекорно. Нешто слично кажал и Давид: „Јехова ќе им изрече пресуда на народите. О, суди ми, Јехова, според мојата праведност и според мојата беспрекорност... Праведниот Бог ги испитува срцето и бубрезите“ (Пс. 7:8, 9). Знаеме дека Бог со својот поглед може да продре до најскриениот дел од нашата личност, до симболичното ‚срце и бубрези‘. Но, не треба да заборавиме што бара тој кај нас. Како што рекол Давид, Јехова ни суди на темел на нашата беспрекорност.

14. Зошто никогаш не треба да заклучиме дека не можеме да останеме беспрекорни затоа што сме несовршени и грешни?

14 Јехова Бог ги испитува милијардите човечки срца денес (1. Лет. 28:9). Што мислиш, колку често гледа дека некој е беспрекорен како христијанин? За жал, многу ретко! Од друга страна, не треба да заклучиме дека ние имаме премногу слабости за да бидеме беспрекорни. Напротив, имаме добра причина да веруваме, исто како Давид и Јов, дека Јехова гледа колку се трудиме да бидеме беспрекорни, иако сме несовршени. Не заборавај, совршенството не е гаранција дека некој ќе остане беспрекорен. Само тројца совршени луѓе живееле на оваа Земја, а двајца, Адам и Ева, не останале беспрекорни. Сепак, многу милиони несовршени луѓе успеале во ова. И ти можеш да останеш беспрекорен.

3. Беспрекорноста е основа за нашата надеж

15. Како Давид покажал дека беспрекорноста е основа за нашата надеж за иднината?

15 Бидејќи беспрекорноста е темелот на кој Јехова ни суди, таа е основа и за нашата надеж за иднината. Давид знаел дека ова е вистина. (Прочитај Псалм 41:12.) Нему многу му значела надежта дека засекогаш ќе биде во Божјата милост. Исто како вистинските христијани денес, Давид се надевал дека ќе живее засекогаш и ќе продолжи сѐ повеќе да се зближува со Јехова Бог додека му служи. Давид знаел дека неговата беспрекорност е од пресудна важност ако сака да му се исполни таа надеж. Слично, додека ја чуваме својата беспрекорност, Јехова ни помага и нам, нѐ поучува, нѐ води и нѐ благословува.

16, 17. а) Зошто си решен секогаш да бидеш беспрекорен? б) Кои прашања ќе ги разгледаме во следната статија?

16 Надежта е основа и на нашата среќа денес. Може да ни ја даде радоста што ни е потребна за да излеземе на крај со проблемите. Може да ги чува и нашите мисли. Сети се, Библијата ја споредува надежта со шлем (1. Сол. 5:8). Исто како што шлемот ја штити главата на војникот во битка, надежта го заштитува нашиот ум од негативното, песимистичко размислување кое Сатана го шири во овој стар свет кој е на умирање. Животот навистина нема многу смисла доколку немаме надеж. Треба искрено да се преиспитаме, и притоа внимателно да размислиме за нашата лична беспрекорност, како и за надежта што е поврзана со неа. Немој да заборавиш дека, кога остануваш беспрекорен, ти го поддржуваш Јеховиното право да владее и ја чуваш својата скапоцена надеж за иднината. Затоа, остани секогаш беспрекорен!

17 Со оглед на тоа што беспрекорноста е толку важна, добро е да разгледаме уште некои прашања. Како можеме да ја градиме? Како ќе успееме да ја зачуваме? И што може да стори некој ако извесно време не постапувал беспрекорно? Овие прашања ќе ги разгледаме во следната статија.

[Фуснота]

a Исус рекол: „Според тоа, бидете совршени, како што е совршен вашиот небесен Татко“ (Мат. 5:48). Тој очигледно бил свесен дека дури и несовршените луѓе можат да имаат цело срце, односно да бидат совршени во релативна смисла. Можеме да ја послушаме заповедта великодушно да ги сакаме другите, и на тој начин да му угодиме на Бог. Меѓутоа, Јехова е совршен во апсолутна смисла. Кога се однесува на него, зборот „беспрекорност“ значи и совршенство (Пс. 18:30).

Како би одговорил?

• Што е беспрекорност?

• Каква е врската помеѓу беспрекорноста и Јеховиното право да владее?

• Во која смисла беспрекорноста е основа за нашата надеж?

[Слики на страница 5]

Секој ден нашата беспрекорност е ставена на испит

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели