ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 15/5 стр. 3-4
  • Веруваш ли во реинкарнација?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Веруваш ли во реинкарнација?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Сличен материјал
  • Дали учењето за реинкарнација се темели на Библијата?
    Одговор на библиски прашања
  • Треба ли да веруваш во реинкарнација?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Веруваш ли дека си живеел и претходно?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Идејата навлегува во источните религии
    Што ни се случува кога ќе умреме?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 15/5 стр. 3-4

Веруваш ли во реинкарнација?

„СЕ СЕЌАВАШ ли на девојчето од соседите во кое беше заљубен кога растеше овде во Индија?“ — му напишал Мукундбаи на својот син, студент во Соединетите Држави. „Ќе се мажи за неколку седмици. Мислев дека треба да знаеш.“

Зошто таткото ја споделил оваа вест со својот син? Впрочем, Мукундбаи пред многу години јасно и гласно ја окончал таа тинејџерска романса. Освен тоа, синот веќе шест години се наоѓал во Соединетите Држави, тежнеејќи по повисоко образование. За тоа време немал контакт со девојката, а Мукундбаи го знаел тоа.

Тогаш, зошто таа грижа? Таа била покажана затоа што Мукундбаи верувал во реинкарнација, односно повторно раѓање.a Ако по некоја случајност привлечноста во детството помеѓу двајцата се должела на тоа дека биле партнери во претходните животи, би било сурово да бидат држани одделено сега кога се на возраст за мажење и женење. Мукундбаи само сакал да го направи својот син свесен за ситуацијата пред девојката да стане сопруга на некој друг во овој живот.

Разгледај уште еден случај. Едно четиригодишно девојче имало повеќе агониски престои во една болница во Мумбај (Индија). Неговиот проблем бил дефектен залисток во срцето. Неговите имашливи родители не можеле да поднесат да гледаат како детето им страда. Но, резонирале: „Мораме да го прифатиме тоа. Таа сигурно сторила нешто во својот претходен живот за да го заслужи ова“.

Верувањето во реинкарнација игра важна улога во животот на милиони луѓе во хиндуизмот, будизмот, џаинизмот, сикизмот и во другите религии што потекнуваат од Индија. Доживувањата во животот — од вљубување па до силно страдање — се сметаат за последици од делата извршени во некој претходен живот или животи.

Мнозина во западните земји исто така се фасцинирани од доктрината за реинкарнација. Американската артистка Ширли Мек Лејн јавно изјавува дека верува во неа. Писателката Лорел Фелан од Ванкувер (Британска Колумбија, Канада), тврди дека има сеќавања на 50 минати животи. Во една Галупова анкета водена во 1994 година за CNN/USA Today, преку 270 од 1.016 возрасни лица изјавиле дека веруваат во реинкарнација. Верувањето во реинкарнација е дел и од движењето њу ејџ. Но, кој доказ го поддржува ова верување?

„Сеќавањата на некој претходен живот!“ — велат лицата кои веруваат во реинкарнација. Според тоа, кога на тригодишната Ратана од Банкок почнале да ѝ се јавуваат „сеќавања за нејзиниот минат живот како религиозна жена која умрела во своите 60-ти години“, повеќето набљудувачи го прифатиле нејзиниот случај како важечки доказ за реинкарнација.

Меѓутоа, изобилува скептицизмот. Можни се и други објаснувања за сеќавањата што им се припишуваат на претходните животи.b Во својата книга Hinduism: Its Meaning for the Liberation of the Spirit, хинду филозофот Никилананда вели дека ‚искуствата после смртта не можат да бидат докажани преку разумот‘. Сепак, тој тврди дека „доктрината за повторно раѓање повеќе е веројатна отколку неверојатна“.

Но, дали Библијата го поддржува ова учење? И каква надеж за умрените нуди инспирираната Реч Божја?

[Фусноти]

a „Реинкарнација“, вели The New Encyclopædia Britannica, значи „повторно раѓање на душата во едно или повеќе последователни постоења, кои можат да бидат човечки, животински или, пак, во некои случаи, растителни.“ Се користи и изразот „повторно раѓање“ за да се опише овој феномен, но зборот „реинкарнација“ е општо прифатен. Повеќе речници на индиските јазици ги користат овие зборови наизменично.

b Види ги страниците 5—7 во изданието на Разбудете се! од 8 јуни 1994 (англ.).

[Слики на страница 4]

Дали таа е казнета поради гревови направени во некој претходен живот?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели