ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/6 стр. 3-4
  • Зошто сета таа тајност?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто сета таа тајност?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Кога тајноста сигнализира опасност
  • Што прават сега?
  • Содржина
    Разбудете се! 2018
  • Тајна што можеш да им ја кажеш на другите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Една интересна тајна
    Поучете ги своите деца
  • Тајна која христијаните не смеат да ја кријат!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/6 стр. 3-4

Зошто сета таа тајност?

„НИШТО не е толку тегобно колку тајната.“ Или така барем тврди една француска изрека. Дали ова би можело да објасни зошто се чувствуваме убаво кога знаеме некоја тајна, но понекогаш фрустрирано кога не можеме да зборуваме за неа? Сепак, низ вековите, многу луѓе радо ја прифаќале тајноста, меѓусебно поврзувајќи се во тајни групи, следејќи некоја заедничка цел.

Меѓу најраните од овие тајни друштва биле култовите на мистерија што се наоѓале во Египет, Грција и Рим. Подоцна, некои од овие групи застраниле од својата религиозна позадина и попримиле политички, економски или социјални призвуци. На пример, кога во средновековна Европа биле оформени еснафите, нивните членови прибегнале кон тајност првенствено поради економска самозаштита.

Според Encyclopædia Britannica, тајните групи во денешно време честопати биле формирани поради прилично чесни причини, можеби поради „општествени и добронамерни цели“ и „за да спроведуваат добротворни и образовни програми“. Некои братски организации, младински клубови, друштвени клубови и други групи исто така се тајни, или барем полутајни. Општо земено, овие групи се безопасни, а нивните членови тајноста едноставно ја сметаат за возбудлива. Тајните ритуали на примање во членство имаат силна емоционална привлечност и ги јакнат врските на другарство и единство. Членовите стекнуваат чувство на припадност, како и смисла на извесна цел. Тајните друштва од овој вид обично не претставуваат никаква закана за нечленовите. Надворешните лица не се обесправени поради тоа што не ги знаат тајните.

Кога тајноста сигнализира опасност

Сите тајни групи не се тајни до истиот степен. Но, оние кои имаат „тајни во тајните“, како што се изразува Encyclopædia Britannica, претставуваат една посебна опасност. Таа објаснува дека „преку користењето посебни имиња, тешки искушенија или откровенија“, членовите од врвните рангови успеваат да „се одвојат“, со што ги стимулираат „пониските рангови на напорот кој е потребен за да ги достигнат возвишените степени“. Опасноста што им е својствена на таквите групи е очигледна. Оние од пониските ешалони може да се потполно несвесни за вистинските цели на организацијата поради тоа што сѐ уште не напреднале до тој степен на откровение. Лесно е да се биде вклучен во некоја група чии цели и методи на нивно постигнување само делумно ги препознаваш и, всушност, можеби не ти ги ни објасниле потполно. Но, лицето кое е воведено во една таква група, подоцна може да утврди дека е тешко да се ослободи; така да се рече, тоа е врзано со синџирите на тајноста.

Меѓутоа, тајноста сигнализира уште поголема опасност кога една група се стреми кон нелегални или криминални цели и затоа се обидува да го сокрие самото свое постоење. Или, пак, ако нејзиното постоење и главни цели се познати, таа може да се обидува да го задржи во тајност своето членство и своите краткорочни планови. Ова важи за високомотивираните терористички групи кои периодично го шокираат светот со своите терористички напади.

Да, тајноста може да биде опасна и за поединците и за општеството во целина. Помисли на тајните тинејџерски банди кои насилнички демнат невини жртви, криминалните здруженија како таинствената Мафија, групите на белата надмоќност како Кју Клукс Кланотa‚ а да не ги ни спомнуваме многуте терористички групи ширум светот кои продолжуваат да ги спречуваат напорите за постигнување светски мир и безбедност.

Што прават сега?

Во текот на 1950-тите години, како нуспродукт на Студената војна, во повеќе западноевропски земји беа организирани тајни групи за да служат како основа за движењата на отпорот, доколку Советите некогаш би се обиделе да ја освојат Западна Европа. На пример, според германското списание Focus, во текот на овој период во Австрија биле формирани „79 тајни складишта на оружје“. Не сите европски земји беа дури и свесни за овие групи. Во раните 1990-ти, едно списание реалистично извести: „Сѐ уште е непознато колку од овие организации се живи денес и што можеби правеле во последно време“.

Да, навистина. Кој може навистина да знае колку тајни групи би можеле токму во овој момент да претставуваат поголема закана отколку што може да си замисли кој и да било од нас?

[Фуснота]

a Оваа група од САД зачува некои од религиозните елементи на поранешните тајни друштва со тоа што користеше запален крст како свој симбол. Во минатото, таа вршеше ноќни препади, нејзините членови беа облечени во наметки и бели платна и го излеваа својот гнев против црнците, католиците, Евреите, странците и синдикатите.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели