ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/6 стр. 5-6
  • Тајност во името на Господ

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тајност во името на Господ
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Опасностите од религиозната тајност
  • Зошто сета таа тајност?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Содржина
    Разбудете се! 2018
  • Тајна која христијаните не смеат да ја кријат!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Тајна што можеш да им ја кажеш на другите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/6 стр. 5-6

Тајност во името на Господ

ВО МАРТ 1995 година, при еден напад со отровен гас во токиската подземна железница (Јапонија) беа убиени 12 луѓе, заболеа илјадници други и тоа помогна да се открие една тајна. Една религиозна секта позната како Аум Шинри Кјо (Врховна вистина), тајно имаше изградено арсенал со гасот сарин за да го употреби во тежнеењето по мистериозни цели.

Еден месец подоцна, експлозија на бомба разнесе една федерална зграда во Оклахома Сити (САД) и испрати 167 лица во смрт. Се чини, доказите укажуваат дека нападот на некој начин бил поврзан со владиниот ќорсокак во врска со религиозниот култ на Огранокот на Давидовците од Вејко (Тексас), точно две години пред тоа. Во тоа време умреа околу 80 членови на култот. Експлозијата на бомба исто така откри нешто што беше тајна за повеќето луѓе: Во Соединетите Држави сега дејствуваат десетици паравоени групи на милиции, од кои барем некои се осомничени дека тајно планираат антивладина акција.

Подоцна, како што завршуваше 1995 година, во едно пошумено подрачје близу Гренобл (Франција) беа пронајдени јагленисани тела на 16 лица. Тие беа членови на редот на Храмот на Сонцето, еден мал религиозен култ кој во октомври 1994 година беше на вестите во Швајцарија и Канада, кога 53-јца од неговите членови или извршија самоубиство или беа убиени. Но, дури и после оваа трагедија, сектата продолжи да функционира. До ден-денеска, нејзината мотивација и цели остануваат обвиткани во тајност.

Опасностите од религиозната тајност

Со оглед на ваквите случки, дали е некакво чудо тоа што многу луѓе внимателно ги држат на око религиозните групи? Секако, никој не би сакал да поддржува некоја тајна организација — религиозна или нерелигиозна — која ја злоупотребува неговата доверба и го предизвикува да тежнее кон цели со кои не се согласува. Сепак, што можат луѓето да сторат за да се избегне паѓањето во замката да се биде вклучен во тајни друштва од сомнителна природа?

Очигледно, секој кој размислува за членување во некое тајно друштво, ќе биде мудар ако ги утврди нејзините вистински цели. Треба да се чува од притисокот од пријателите или познаниците, а одлуките треба да се темелат не на емоции, туку на факти. Запомни, самиот поединец веројатно ќе биде тој — а не другите — кој ќе биде повикан да претрпи какви и да било последици.

Следењето на библиските начела е најсигурниот метод за избегнување на опасни групи чиишто мотиви се далеку од чесни (Исаија 30:21). Тоа подразбира да се задржи политичка неутралност, да се покажува љубов спрема другите, па дури и спрема непријателите, избегнувајќи ги „делата на телото“, како и да се негуваат плодовите на Божјиот дух. Над сѐ, вистинските христијани не смеат да бидат дел од светот, исто како што и Исус не бил дел, а овој правец не допушта да се учествува во световни тајни друштва (Галатјаните 5:19—23; Јован 17:14, 16; 18:36; Римјаните 12:17—21; Јаков 4:4).

Јеховините сведоци се ревносни проучувачи на Библијата кои сериозно ја сфаќаат својата вера и се трудат отворено да живеат според неа. Ширум светот, тие се добро познати како религиозна група која ‚бара мир и се стреми кон него‘ (1. Петрово 3:11). Нивната книга Jehovah’s Witnesses​—⁠Proclaimers of God’s Kingdom (Јеховините сведоци — објавители на Божјето Царство) исправно забележува: „Јеховините сведоци во никој поглед не се тајно друштво. Нивните верувања темелени на Библијата се потполно објаснети во публикациите кои му стојат на располагање секому. Освен тоа, вложуваат посебен напор да ја поканат јавноста да присуствува на состаноците за самата да види и чуе што се случува“.

Вистинската религија во никој случај не практикува таинственост. Обожавателите на вистинскиот Бог се поучени да не го кријат својот идентитет или да не ја прикриваат својата цел како Јеховини сведоци. Раните ученици на Исус го исполниле Ерусалим со своето учење. Тие биле познати во поглед на своите верувања и активност. Истото важи и за Јеховините сведоци денес. Разбирливо е што, кога диктаторските режими погрешно ја ограничуваат слободата на обожавањето, христијаните мораат претпазливо и храбро да продолжат со својата активност, слушајќи го ‚повеќе Бога отколку луѓето‘ — ситуација која им е наметната поради нивното храбро јавно сведочење (Дела 5:27—29; 8:1; 12:1—14; Матеј 10:16, 26, 27).

Ако некогаш ти поминало низ умот дека Јеховините сведоци би можеле да бидат некаков таен култ или секта, тоа веројатно било затоа што ти си знаел премалку за нив. Сигурно, таква била ситуацијата со мнозина во првиот век.

Дела, поглавје 28, ни кажува за еден состанок што го имал апостол Павле во Рим со „првенците јудејски“. Тие му рекле: „Ние сакаме да чуеме од тебе лично што мислиш ти за тоа; зашто познато ни е дека на тоа учење насекаде се противречи“ (Дела 28:16—22). Во одговор, Павле ‚со докази им го изложувал учењето за Царството Божјо‘ и ‚едни се убедиле‘ (Дела 28:23, 24). Секако дека било за нивна трајна корист да ги дознаат вистинските факти во врска со вистинското христијанство.

Поради тоа што се посветиле на отворената и јавна служба за Бог, Јеховините сведоци со задоволство ќе му ги откријат очигледните факти за нивната активност и верувања на секого кој се интересира да ги дознае фактите. Зошто не испиташ самиот и на тој начин да бидеш исправно информиран во поглед на нивната вера?

[Слика на страница 6]

Јеховините сведоци со задоволство откриваат кои се тие и што прават

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели