ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 15/7 стр. 3
  • Како гледаш на гревот?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како гледаш на гревот?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Сличен материјал
  • Кога повеќе нема да има грев
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Грев — што се променило?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Како гледаш на гревот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Свет без грев — како?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 15/7 стр. 3

Како гледаш на гревот?

„ВО ТЕБЕ нема никаков грев, во тебе нема никаква беда; ти си резервоар на семоќна сила.“ Оваа изјава ја дал славниот хинду филозоф Вивекананда кога објаснувал еден пасус од една хинду света книга, Багавад Гита. Наведувајќи ја Ведантата, тој тврди: „Најголема грешка е да се рече дека си слаб, дека си грешник“.a

Сепак, дали е вистина дека во човекот нема грев? И што наследува човекот при раѓањето, ако и воопшто наследува нешто? Само „физичките обележја се одредуваат преку наследството“ — вели Никилананда, еден хинду мислител. Другите карактеристики на лицето се одредени преку неговите „постапки во претходните животи“. Според Вивекананда, „ти си творец на својата судбина“. Хиндуизмот не учи ништо за наследениот грев.

Сфаќањето за наследен грев го нема и кај зороастријанците, шинтоистите, конфучијанците и будистите. Дури и во јудео⁠-​христијанските религии, кои традиционално учат за доктрината за наследен грев, ставот спрема гревот се менува. Денес, сѐ повеќе и повеќе луѓе не мислат за себе дека се грешни.

„Современата свест не охрабрува на морален прекор; особено не на самопрекор“ — вели теологот Корнелиј Плантинга Јуниор. Црквите на христијанскиот свет сносат дел од вината за тривијализирање на гревот. „Немој да одиш в црква ако сакаш да слушаш за гревот“ — вели капеланот од Универзитетот Дјук. А според Плантинга, некои цркви главно зборуваат за гревот само во смисла на социјални прашања.

Како што е познато, денешните социјални неволји се многубројни. Насилството, криминалот, етничките кавги, злоупотребата на дрога, нечесноста, угнетувањето и насилството врз децата земаат замав. Всушност, XX-тиот век е наречен еден од најкрвавите векови што човештвото некогаш ги знаело. Додај ги кон ова и болката и страдањето кои се последица од болеста, староста и смртта. Кој не копнее по ослободување од енормните проблеми што постојат во денешниов свет?

Тогаш, какво е твоето гледиште за гревот? Дали гревот е наследен? Дали некогаш ќе доживееме слобода од болка и страдање? За овие прашања ќе дискутира следнава статија.

[Фуснота]

a Филозофијата на Ведантата се темели на Упанишадите, кои се појавуваат на крајот од хинду списите — Веди.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели