ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/9 стр. 30-31
  • Татко кој е спремен да прости

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Татко кој е спремен да прости
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Изгубен и најден
  • Лекции за нас
  • Загубениот син се вратил
    Исус — патот, вистината и животот
  • Приказната за загубениот син
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • ‚Јехова, Бог штедар и милостив‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Имитирај ја Јеховината милост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/9 стр. 30-31

Тие ја извршувале Јеховината волја

Татко кој е спремен да прости

ТАА е наречена најголемата новела која некогаш е напишана — и тоа со добра причина. Исусовата парабола за љубовта на таткото кон својот изгубен син е како прозорец низ кој добиваме величествен поглед за Божјето сочувство кон покајничките грешници.

Изгубен и најден

Еден човек имал два сина. Помладиот му рекол: ‚Го сакам моето наследство сега, наместо да чекам додека умреш‘. Таткото попуштил, веројатно давајќи му третина од сѐ што поседувал — законскиот дел за помладиот од двата сина (5. Мојсеева 21:17). Младичот брзо го собрал својот посед и отпатувал во една далечна земја каде што ги потрошил сите свои пари водејќи развратен живот (Лука 15:11—13).

Потоа, се појавил суров глад. Очајнички, младиот човек прифатил работа на свињар — ниска професија за еден Евреин (3. Мојсеева 11:7, 8). Храната била толку скудна што тој почнал да копнее по рокчињата што служеле како храна за свињите! На крај, младиот човек се вразумил. ‚Слугите на татко ми се подобро нахранети отколку јас!‘ си помислил. ‚Ќе се вратам дома, ќе ги исповедам моите гревови и ќе молам да станам еден од наемниците на татко ми‘a (Лука 15:14—19).

Младиот човек напорно пешачел кон дома. Без сомнение, неговиот изглед прилично се изменил. Сепак, татко му го препознал ‚кога бил уште далеку‘. Трогнат од сожалување, тој потрчал кон својот син, го прегрнал и ‚[нежно, НС] го целивал‘ (Лука 15:20).

Овој срдечен прием му олеснил на младиот човек да се растовари. „Татко“, рекол тој, „згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син! [Направи ме како еден од твоите наемници, НС].“ Таткото ги свикал своите робови. „Изнесете најубава промена и облечете го, и дајте му прстен на раката негова и обувки на нозете; па дотерајте и заколете угоено теле: да јадеме и да се веселиме, оти овој мој син мртов беше и оживе, изгубен беше и се најде“ (Лука 15:21—24).

Била започната грижливо подготвена гозба, вклучувајќи музика и танцување. Додека се враќал од полето, постариот син слушнал врева. Кога дознал дека неговиот брат си дошол дома и дека тоа било причина за прославата, се налутил. ‚Ти робував многу години и никогаш не ти бев непослушен, сепак никогаш не ми даде ни едно јаре да се радувам со моите пријатели‘, му се пожалил на својот татко. ‚Но сега, веднаш штом се враќа твојот син кој попусто го потроши твоето богатство, подготвуваш гозба за него.‘ ‚Синко‘, нежно одговорил неговиот татко, ‚ти си секогаш со мене и сѐ мое е твое; но требаше да се зарадуваме и развеселиме, оти овој твој брат беше мртов и оживе, изгубен беше и се најде‘ (Лука 15:25—32).

Лекции за нас

Таткото во Исусовата парабола го претставува нашиот милостив Бог, Јехова. Како изгубениот син, некои луѓе за извесно време ја напуштаат сигурноста на Божјето домаќинство, но подоцна се враќаат. Како Јехова гледа на таквите? Оние кои се враќаат кај Јехова со искрено покајание можат да бидат уверени дека „Он не се гневи до крај, ниту вечно се лути“ (Псалм 102:9). Во параболата, таткото потрчал за да го пречека назад својот син. На сличен начин, Јехова не само што е спремен туку е и желен да им прости на покајничките грешници. Тој е „спремен да прости“ и тоа го прави „во голема мера“ (Псалм 86:5, НС; Исаија 55:7, НС; Захарија 1:3).

Во Исусовата парабола, искрената љубов на таткото му олеснила на синот да собере храброст за да се врати. Но размисли: Што би се случило доколку таткото се откажел од момчето или во излив на лутина му кажел никогаш да не се врати? Таквиот став веројатно постојано би го отуѓувал момчето. (Спореди 2. Коринтјаните 2:6, 7.)

Тогаш, во извесна смисла, таткото го поставил темелот за враќањето на својот син во времето кога тој си заминал. Денес христијанските старешини понекогаш мораат да отстранат од собранието некои непокајнички грешници (1. Коринтјаните 5:11, 13). Правејќи го тоа, тие можат да почнат да го пробиваат патот за враќање на грешникот на тој начин што со љубов ќе ги истакнат чекорите што може тој да ги преземе за идно повторно примање. Сеќавањето на таквата искрена молба подоцна поттикнало многу духовно изгубени поединци да се покаат и ги навело да се вратат во Божјето домаќинство (2. Тимотеј 4:2).

Таткото покажал сочувство и тогаш кога се вратил неговиот син. Не траело долго за да го осети искреното каење на момчето. Тогаш, наместо да инсистира да го извлече секој детаљ од престапите на својот син, тој се зафатил со тоа да го пречека и изразил големо задоволство додека го правел тоа. Христијаните можат да го имитираат овој пример. Тие треба да се радуваат што некој изгубен е најден (Лука 15:10).

Однесувањето на таткото не нѐ остава во сомнение дека тој долго го очекувал враќањето на својот своеволен син. Се разбира, тоа е само сенка за копнеењето што го има Јехова за сите оние кои го напуштиле неговото домаќинство. Тој „не сака да изгинат некои туку сите да се обрнат кон покајание“ (2. Петрово 3:9). Затоа, оние кои се каат за своите гревови можат да бидат уверени дека ќе бидат благословени со „времиња за освежување од лицето Господово“ (Дела 3:20).

[Фуснота]

a Додека на еден роб се гледало како да е дел од домаќинството, изнајмениот слуга бил дневен мануелен работник кој можел да биде отпуштен во секое време. Младиот човек резонирал дека тој би бил спремен да го прифати дури и најниското место во домаќинството на својот татко.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели