ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 15/10 стр. 5-7
  • Вистинска среќа — кој е клучот?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Вистинска среќа — кој е клучот?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Духовноста води до среќа
  • Нашата способност да избираме
  • Побожна мудрост и послушност — клучот
  • Како да бидеме среќни
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Вистинска среќа во служењето на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Среќни се оние што му служат на „среќниот Бог“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Каде може да се најде вистинска среќа?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 15/10 стр. 5-7

Вистинска среќа — кој е клучот?

ЛУЃЕТО требало да бидат среќни. Зошто можеме да бидеме сигурни во тоа? Па, размисли за човековиот почеток.

Јехова Бог ја создал првата човечка двојка со способност да ужива во среќа. Адам и Ева биле ставени во еден рај, една градина на задоволство наречена Едем. Создателот им ги обезбедил сите неопходни физички работи за живот. Градината имала „секакви дрвја, убави за гледање и добри за јадење“ (1. Мојсеева 2:9). Адам и Ева биле здрави, силни и убави — тие биле совршени и навистина среќни.

Но, кој бил клучот за нивната среќа? Дали тоа бил нивниот рајски дом или можеби нивната физичка совршеност? Овие подароци од Бог придонеле за нивното уживање во животот. Но, нивната среќа не зависела од таквите опипливи работи. Градината Едем била нешто повеќе отколку само еден убав парк. Таа била светилиште, место за обожавање на Бог. Клучот за нивната вечна среќа била нивната способност да воспостават со Создателот еден однос полн со љубов и да го одржуваат. За да бидат среќни, тие најнапред морале да бидат духовни. (Спореди Матеј 5:3, НС.)

Духовноста води до среќа

На почетокот, Адам имал еден духовен однос со Бог. Тоа бил еден нежен однос полн со љубов, како односот на еден син со таткото (Лука 3:38). Во Едемската градина, Адам и Ева имале идеални околности кои им допуштиле да ја задоволат својата желба да обожаваат. Преку нивната спремна послушност кон Јехова, полна со љубов, тие би му донеле чест и слава на Бог далеку над она што можела да го стори животинската творба. Тие можеле интелигентно да го фалат Бог за неговите прекрасни особини и можеле да ја поддржуваат неговата сувереност. Исто така, можеле и понатаму да ја примаат Јеховината нежна грижа полна со љубов.

Ваквото заедништво со Создателот и послушноста на неговите закони им донело вистинска среќа на нашите прародители (Лука 11:28). Од Адам и Ева не се очекувало да живеат многу години и да учат од грешките сѐ додека не го откријат клучот за среќа. Тие биле среќни уште од моментот кога биле создадени. Среќни ги направило тоа што биле во мир со Бог и што биле подложни на неговиот авторитет.

Меѓутоа, таа среќа завршила во моментот кога не го послушале Бог. Со тоа што се побуниле, Адам и Ева го прекинале својот духовен однос со Јехова. Тие повеќе не биле Божји пријатели (1. Мојсеева 3:17—19). Изгледа дека, уште од денот кога биле истерани од градината, Јехова прекинал секаква комуникација со нив. Тие ја изгубиле својата совршеност, изгледот да живеат засекогаш, како и нивниот дом-градина (1. Мојсеева 3:23). Но, што е уште поважно, бидејќи го изгубиле нивниот однос со Бог, тие го изгубиле и клучот за среќа.

Нашата способност да избираме

Пред да умрат, Адам и Ева им ги пренеле на своите потомци своите човечки карактеристики, својата вродена совест и потенцијалот за духовност. Човечката фамилија не била деградирана до ниво на животните. Ние можеме да се помириме со Создателот (2. Коринтјаните 5:18). Како интелигентни суштества, луѓето и понатаму ја имаат способноста да избираат дали ќе го слушаат или нема да го слушаат Бог. Ова било илустрирано многу векови подоцна кога Јехова ѝ дал на новооформената нација Израел да избере живот или смрт. Преку својот говорник Мојсеј, Бог рекол: „Јас денес ти предложив живот и добро, смрт и зло“ (5. Мојсеева 30:15—18).

Дури и сега, илјадници години откако бил изгубен првобитниот Рај, ние луѓето сѐ уште сме способни да правиме исправен избор. Имаме совест која функционира и основна способност да ги слушаме Божјите закони. Библијата зборува за „човекот што сме однатре“ и за „внатрешен“ човек (2. Коринтјаните 4:16, НС; Римјаните 7:22). Овие изрази се однесуваат на вродениот потенцијал што сите го имаме — да ја одразуваме Божјата личност, да размислуваме како него и да бидеме духовни.

Во врска со нашата морална природа и совеста, апостол Павле напишал: „Незнабошците, немајќи Закон, сами од себе вршат сѐ по законот; тогаш тие, иако немаат Закон, сами во себеси се закон; поради тоа што делото на Законот е напишано во нивните срца, та затоа се управуваат според Законот, бидејќи нивната совест им сведочи за тоа, и нивните мисли помеѓу себе се обвинуваат или оправдуваат“ (Римјаните 2:14, 15).

Побожна мудрост и послушност — клучот

Но, некој би можел да праша: ‚Ако сите ние имаме природна склоност да го обожаваме Бог и како резултат на тоа да се радуваме на вистинска среќа, тогаш зошто е толку раширено луѓето да бидат несреќни?‘ Затоа што, за да биде среќен, секој од нас мора да ја развива духовноста. Иако првобитно создаден по Божја слика, човекот се отуѓил од својот Создател (Ефесјаните 4:17, 18). Значи, секој од нас мора да преземе одредени чекори за да воспостави и за да одржи еден духовен однос со Бог. Таквиот однос нема да се развие автоматски.

Исус изложил две важни начела за развивањето на духовноста. Едно начело е да стекнеш точно спознание за Бог, а другото е послушно да се подложиш на неговата волја (Јован 17:3, НС). Цитирајќи ја Божјата Реч, Исус рекол: „Напишано е — ‚Не само од леб ќе живее човекот, а и од секој збор што излегува од устата на Бога‘ “ (Матеј 4:4). Во една друга прилика, Исус навел: „Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној, Кој Ме пратил и да го извршам Неговото дело“ (Јован 4:34). Не мора да трошиме многу децении во потрага по среќа учејќи се од грешките. Искуството не е клуч за среќа. Наместо тоа, само побожната мудрост и послушноста кон нашиот Создател може да доведе до вистинска радост во животот (Псалм 18:7, 8; Проповедник 12:13).

Јасно е дека среќата што произлегува од практикувањето побожна мудрост и од поседувањето една добра положба пред Бог, не ни е недостижна (Дела 17:26, 27). Спознанието за Јехова и за неговата намера му е достапно на секого. Со милијарди примероци на многу јазици, Библијата и понатаму е најдистрибуираната книга во светот. Библијата може да ти помогне да станеш Божји пријател и да се радуваш на вистинска среќа, бидејќи Писмото ни кажува дека „среќен е народот чиј Бог е Јехова!“ (Псалм 144:15, НС).

[Рамка на страница 6]

Чекори кон среќата

1. Цени ја и негувај ја духовноста. Исус рекол: „Среќни се оние кои ја слушаат речта Божја и ја држат!“ (Лука 11:28, НС).

2. Увиди дека одобрението од Бог е поважно од богатството или од луксузот. Павле напишал: „А голема печалба е, навистина, да биде човек благочестив и задоволен со себеси . . . Кога имаме храна и облекло, со тоа да бидеме задоволни“ (1. Тимотеј 6:6—8).

3. Настојувај да ја негуваш и да се оѕвиваш на библиски школуваната совест (Римјаните 2:14, 15).

4. Донеси одлука да му бидеш послушен на Јехова Бог, со што ќе се квалификуваш да бидеш меѓу неговиот народ. Давид од дамнина напишал: „Среќен е народот чиј Бог е Јехова“ (Псалм 144:15, НС).

[Слика на страница 7]

„Среќни се оние кои се свесни за својата духовна потреба“ (Матеј 5:3, НС).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели